Со друштвото . Веќе трета година одиме заедно , а моите ако ме земат . Сепак сакам да им дадам слобода , нека се одморат малце од мене-заслужија
Со мамичка и татичко Мала сум била не ме пуштаат,а и да не го знам градот и немам со кој да одам. Другарките ова лето не идат на одмор од финансиски причини ,а богами и јас од истите. Може до велешко езеро кидеме некој ден и да пак со мама и тато.
Оваа година за прв пат со дечко, до сега се беше лумпување со другарки. Искрено, појма немам како ќе излезе Сакав да ве прашам вас кои сте биле сами со дечко, каде излегувавте?! Мислам јасно е дека ќе има вечери и кафиња, ама сте оделе ли во дискотеки и на журки сами? Чудно е или не Јас впрочем од секој одмор очекувам само забава до сабајле и толку, па ова сега ќе биде ново и се надевам добро ќе си поминам.
Обично одам со моите. Во последниве години брат ми забушава и на половина одмор знае да отиде некаде со друштво, ама важно заедно сме тргнале. Годинава најверојатно ќе одам на викенд во Струга со уште три другарки.
види Богати сите парови на форумов.. мислам, грото со дечковци на одмор оф топик сум знам само гласно размислував (куцав)
Лани само со една другарка во Дојран.Преубаво си поминавме 10 дена.Запознавме другарки таму одма,Кумановки беа.Можете да замислите колку ни беа интересни.Многу го сакам тој дијалект Ова лето со 5 другарки, Градиште во приколка,10 дена
Летово со дечко ми и друштво (заедно сите) и со родителите. Наредна година ќе се сведе на тоа да одам на одмор без моите, и не можам да опишам колку ќе ми недостигаат. Глупава матура, уписи и резултати.
Сега со дечко и уште еден пар, пред тоа со девојќи и обавезно секоја година си одам со родителите и си минеме убаво, убави моменти се тие