Пу, пу сите со дечковци.. Ајј дај боже најубаво да си поминете. Ја прво со мама и тато сега со другарка ми преку школо. Ова лето бев за првпат и не можам да дочекам до наредниот. Запознавме едни скопјани и едни дечки од Гевгелија. Можете да замислите колку интересни ни беа.. xxdd.
Со дечкото сами, или со уште еден, евентуално два пара. Иако мислам дека поубаво ќе си поминеме сами, барем такво ни е искуството до сега
Ништо чудно и сама Буквално секоја од другарките има дечко и секој од нив е со ваква фаца кога слуша женско друштво на одмор
до лани одев на одмор со сестра ми, тетка ми, и на крајот со мама и тато , е сега оваа година планирам со дечко ми ако издрже нашата врска до летото ако не здравје пак ке измислам нешто
Паааа би тргнала само со дечко ми, само со другарките или сама period Во никој случај НИКОГАШ не би тргнала во парови, едните сакаат ваму, другите таму, едните се буделе за на плажа подоцна, едните сакале порано со изгрејсонцето... Се' би било ок кога нема да се сфаќаат работите толку трагично, ама повеќето парови се чудни, мислат дека се игра играта фластер со другиот пар и ако не сакаш да одиш/правиш нешто исто со нив, види богати - се лутат. Па задолжително следува некоја кавга, а ти треба да изиграваш медијатор помеѓу двајцата несреќници. Одмор во парови - no way. Лани со дечко ми тргнавме сами и сами се вративме, ма со никого ни здраво не кажавме за време на одморот, ете дотолку бевме асоцијални. I'm so proud. Со другарките стандард е фино, како со женско друштво, ред смеење, ред ситни закачки накај денот бр.7 кога веќе сите си одите на нерви една на друга, оти никогаш не сте поминале една недела гз и гаќи, ама се' се средува до денот 9, оти заедно со денот 10 треба да се најјаки денови од проводот. А со мама и тато последен пат бев на 16, и после долго време - на 24, магарица со родители на одмор и си поминав топ, многу подобро него очекувано, нашите алки за all inclusive беа сини, а мистериозно кога ќе ги свртиш наопаку бели, и види чудо - доволно за да влеземе во хотел со 5 ѕвездички на терасата и да дрпнеме малку доручек како да сме таму гости, а не во скромните 3 ѕвездички. Таа идеја секако не беше моја, јас сум каде каде повоспитана од татко ми, на пример.
Сум била во секакви комбинации - сама со муж ми (само еднаш), со муж ми и друштво - и парови и слободни, и само со парови. А, да, и со моите, и со неговите, на по некој ден Искрено, најкомплицирано беше кога бев сама со муж ми и децата, веројатно затоа што научени сме со друштво, и уште поважно - имаме различни желби, и различен биоритам, кои кога сме со друштво не доаѓаат до израз којзнае колку. Убаво ми е кога сме со парови - немам грижа на совест дека некому не му е убаво, или дека треба да дружам некој што е сам. Да подобјаснам, обично одиме кај нас во викендица, било на одмор или на викенд, па не можам никако да се ослободам од синдромот на домаќинка, и да водам сметка дали на сите им е убаво. Вака парови - кога сакаш заедно, кога сакаш сами, секој си функционира во рамки на парот, па кога се спојуваме, кога тераме башка, важно релаксирана сум. Особено ми е важно друштвото да му е погодено на муж ми, затоа што ич не е љубител на плажи, па ако сме сами му е досадно, и ме напнува дека веќе нема да идеме таму на одмор пошто е досадно и не знам што, а јас многу го сакам местото кај што идеме на одмор. Јас станувам рано, и одам со децата на плажа, па се враќам, ги легнувам, па сама одам да се испливам, па после пак одам со нив на плажа, и вечер кога ќе ги легнам кома сум, ми се спие во 10. Цел ден сум активна, ако немам што да правам си наоѓам некоја работа низ дома, на пример лани земав да кречам Тој спие до 11, не плива, и еднаш или ниеднаш оди на плажа, па навечер нормално не му се спие до 2. И кога сме со друштво можам слободно да си легнам во 10-11, а секогаш има некој што станува касно, и навечер не му се спие, па тепаат муабети или играат карти. И да, кога е на одмор не сака да кречи Со моите се среќаваме по ден-два обавезно, на примопредаја на децата, а сме биле и повеќе време заедно. Си има придобивки - ако сакаш да прошеташ без деца, ручек направен (иако ова не ми е некој проблем), ама различните животни навики се повеќе доаѓаат до израз, па повеќе од 2-3 дена некако станува напорно. За оваа година не знам како ќе биде, датите ги утврдивме, ама уште не знаеме со кого. Рано ќе одиме, и се надевам дека нема да останеме сами, се надевам ќе има некој остаток од стариот одмор.
Мене секое друштво за на одмор ми има различни придобивки. Сакам да сум со другарки - смеи, журки, шмекања и нови пријателства. Сакам да сум со дечко ми - романтики, пливање заедно, шетање за рака низ град, па дури и расправиите за ручекот и вечерата ги сакам. И исто како и Трендафилка, и ние сме тотално асоцијални. Со родителите ми се чини дур не умрам ќе ми биде интересно. Обично во оваа комбинација влегуваат и вујко ми со братучедите на моја возраст, па не смее да се пропушти фамилијарната фешта. Плус тоа обавезно се бира некоја дестинација на море, оди па кажи не да те видам. Летово не се знае за сигурно. Охридот не бега во никој случај - таму и ми е либето. А во случај тој да посака луфта со другарите, си се спогодивме - нека оди, но клучот од станот да ми припадне мене!
Последниве неколку години одам со дечко ми. Одиме сами, не сме оделе во парови, и не сум за таков одмор од причини што веќе ги наведе Трендафилка. Но, тоа не значи дека таму сме сами. Секогаш си наоѓаме друштво, шириме познанства Минатото лето истерав еден убав семеен одмор. Би одела и со мајка ми, татко ми и сестра ми - тоа ми е одмор во права смисла. Мама не се тргнува од кујна, па имаме послуга како во хотел А и убаво е да поминеме некое време заедно, и онака ретко се гледаме низ дома.
Јас немам одено на одмор со другарки. Моите не можеа да си дозволат, а потоа почнав да работам, па секое лето ми беше работно и немав кога да одам. Едино сум била со него и уште некој пар. Ама установивме дека ни е најубаво сами. Па сакале ваму, па нејќеле, па зашто, па како, пре замор, неголи одмор. Затоа годинава сами ќе си тераме меден месец негде. И едвај чекам.
Секоја година одам со моите на одмор Оваа година исто така.Прво со моите,па после со женско друштво накај Охридче