1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со кого на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Anely, 22 јуни 2011.

  1. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Летово ако не најдам друштво и неможеме да земем сите другарки во исто време одмор одам сама па што сака нека биде.
     
  2. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Со другарките. :)
     
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Одмор

    Пријателите. Дечко немам.
     
  4. Lavica.4

    Lavica.4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    8
    Одмор

    Лани бев со дечко и другарки суппер поминав али сеа ќе одам со дечко и незнам како ќе биде....
     
  5. pinkberry

    pinkberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    564
    Одмор

    имам едно прашање до вас,дали туристичките агенции водат малолетни деца на одмор доколку не одат нивните родители со нив?
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.540
    Пол:
    Женски
    Со друштво никад не сум била на одмор, секогаш сум одела со моите, фамилијарно, а и со дечко сеуште не сум била на одмор иако сме планирале.
     
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.029
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Со сопругот
     
  9. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Женски
    Сум била со друштво, со друг пар, со роднини, но најубаво ми е сами со сопругот и дечињата. Си одиш кај сака и кога сакаш. На никој не си му товар. Никој не ти планира кој ден на која плажа да одиш. Да јадеш гиро или пица. Поубаво од сами нема. Секој ден овде ги гледам нив па јас мислам дека одморот е одмор.
     
    На Someday, orevka и Вереничка им се допаѓа ова.
  10. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Со сопругот и никој друг не ни треба..:D
     
    На Someday и lilo им се допаѓа ова.
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.974
    Пол:
    Женски
    Со вереникот бев на одмор иако во групата исто така имаше и уште еден пар со кој се познаваме и со кој случајно се погодивме заедно па повремено се дружевме и излегувавме. Искрено поубаво ми е некако кога сум само со партнерот, ми се случувало сто пати подобро да си поминам на пример со нови луѓе кои ќе ги запознаам таму кога сум преку агенција одколку кога сум одела со мое друштво.
     
    На Someday, lilo и Snow white им се допаѓа ова.
  12. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Е баш со таквите луѓе што ќе ги запознаеш не само поубо што ќе си поминиш туку вистински се запознаваш без лице без ништо и стануваш пријател дури и за до крајот на животот со некои ( познавам куп случаеви такви шо и ден денес се пријатели со одење идење дружење а се запознале на одмор)
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.974
    Пол:
    Женски
    Баш така, јас имам неколку вакви пријатели кои сум ги запознавала во текот на одморите од изминатите години а сеуште одржуваме контакти, искрено топ луѓе се, кога и да излеземе си поминуваме убаво. Пријателството ни е баш искрено а сето тоа можеби баш се должи на тоа што немаме којзнае какви заеднички нешта па средбите најчесто се сведуваат на зезање, забава, смешки, без дискусии на некои незнам какви сериозни теми.
     
    На Snow white му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Претежно луѓето со кои секојдневно се дружиш и ги сметаш за блиски први ти го копаат гробот незнам дали мене така ми се случува или и на други ама некои што воопшто не ги познавам повеќе ми се нашле во било каква ситуација отколку овие лажниве пријатели не дека немам вистински пријатели ама повеќето само лице прават..
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.974
    Пол:
    Женски
    Баш така, се е точно и не ти се случува само на тебе, баш тие кои добро ги познаваш попрво би те зезнале во прва прилика. Ми се случувало да бидам предадена од личности кои сум ги сметала за многу блиски и кои сум ги познавала со години. А некои вака стекнати пријатели како тие од одмор сто пати по фер испаднале во одредени моменти. Ете еден пример од одмор, парот кој го познаваме и се дружиме тука во Ск. тргна до продавница, ни требаа некои ситници и за да не одиме специјално бидејќи си имаше десетина мин. одење ги замоливме да ни ги купат а типката веднаш изреагира демек неможеле да влечкаат кеси, тешко им било а стануваше збор за нецело кило. Ок заминаа, по пет минути други луѓе од вилата тргнаа кон продавница и самите без воопшто ние и да им речеме се понудија да ни земат нешто ако треба. Иако станува збор за обична ситница сакам да кажам како некој кој го познаваш два дена попрво би ти завршил работа.
     
    На Snow white му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Да, те познаваат те гледаат секој ден му се стрвара и љубомора и завист сепак секоја чест на исклучоците оти има и такви шо ниту се љубоморни ниту ништо и ќе ти се најдат имам и такви пријатели шо се гордеам шо ги имам и да ти кажам искрено само со таа една пријателка си имам одење идење а со другиве ги баталив скроз еднаш ме викаа не појдов се најави и реков не сум дома и толку контакот и на фб не и текнува и лике да мавни а не да пишат а другава и да не сум дома ќе седни со свекрвами ќе пија кафе и нема да напрај никаков проблем на врата се имаме начекано и велам морам да одам оди ќе пијаме кафе со свекрвати ако е дома ако не ќе си одам.. а другиве одма ќе ти натопорат муцки
     
    На lilo и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  17. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Женски
    Ве читам двете и ме потсетивте на една случка. Прв братучед од мојот сопруг и неговата тогаш свршеница а сегашна сопруга беа на одмор со мене, сопругот и нашето тогаш 2 годишно дете. Јас за детето му имав секогаш млеко, сок..... И некако брзо ми се трошеа а детето толку не пиеше. Јас тоа го коментирав како онака небитно ама чудно е ова што се случува, демек сега купив, кога се потроши. Сопругот ми вели детето го испи јас не ставив во кафе и сл. А тие двајцата си чутеа.
    Еден ден до фрижидерчето ги оставив сокот и млекото и нешто си припремав во другата просторија. Кога отидов да ги ставам во фрижидерче и да одиме на плажа, братучетката- невеста ја начекав како пие од тетрапакот млеко дирекно. Ми се крена косата но јас збор не и реков. Не ми беше за млекото или за 2,3,5,10 шишиња туку зошто така да ми прави. Краде од моето дете и не признава. Па на внуче треба да му дадеш а не да му земеш.
    Таа и ден денес е таква и сите ја знаат во фамилијата никој не ја сака.
    Јас се изнервирав и се покајав што отидов со нив на одмор.
    Нареден пат исто бевме со друг пар но да не навлегувам во детали, тие толку многу се караа што јас наместо да уживам цело време давав совети и ја дружев женската особа а мојот сопруг машката. Па јас и сопругот не се видовме цел одмор. Затоа поубаво од сами нема 8):sun:
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    Ние цел живот сами. Но, се случило да се здружиме со друг пар на одмор. Во принцип, ако оди брачен пар со друштво, треба да имаат доза на независност. Ако на пример ние сме станале порано и тргнале на доручек, не мора да ги чекаме и останатите, и обратно. Може да се чуеме, каде сте на плажа, да испиеме кафе или да појдеме на вечера заедно, но не мора да сме залепени. Ако сме во различни хотели, пак добро. Секој си има различни потреби, можности, желби. Ќе се договориме некаде да седнеме, завршуваме и секој на своето.Исто така, никако не би сакала да делам тоалет со уште некој. Засебен тоалет е многу важна работа, барем за мене.
     
    На lilo и Tamatam им се допаѓа ова.
  19. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски

    Да, најубаво сами застрамота сега пример ептен ако и се пиело можела или да купи или да те праша стварно неубаво од нејзина страна поубо од сами нема ние сами ќе си одиме. Излегуваш кога сакаш се враќаш кога сакаш и башка то јадиш шо сакаш ние имаме пријатели децата ептен му се стврни буквално местам маса на гости ко ќе идат и во рок од 2 минути ама нема ништо на маса и да треба да појдиш на одмор неможиш да купиш ништо оти одма барааат а незнајш дали родителите имаат пари да им купат а реално еднаш два пати три пати ќе му купиш ама неможиш секој ден да им земаш и за тебе и за нив.. Вака најубаво сами
     
    На lilo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    Гадното е, што пие директно од млекото од кое на детето му се дава. Па, земи си свое пакување и плукај во него, ако сакаш, ама да пиеш од тоа на детето???? Ужасно, па уште се кријат.
     
    На Dust и lilo им се допаѓа ова.