Страмота јас и да ми даваат не земам а не да појдам да земам така шанса нема јас дома ќе се претура не ми текнува да посегнам да земам ако не сум го купила јас ако го купил пример свекор ми свекрва ми некој и ако си пие не земам ќе си купам друго
Најубаво сами со децата. Секогаш сме оделе со друшво ( блиски другари, сестри и слично). Секогаш некому нешто не му се погодува. Е сега убаво е детето да има другарче но може и таму да најде. НАјмногу сакам да отидеме сами. Мој одмор мој ред кај дома одвај се гледаме па и на одмор да трпам секого и да не се гледам со мм зошто нели мажите пијат пиво жените со децата ( а кога секој е сам мажите се поинакви сосема). Еднаш бевме со пријатели на викенд, нивното дете беше толку немирно што моето јадеше карање па и ќотек, беснеење, цел парфем ми истроши си прскаше и други бесалоци и реков никогаш веќе.
Секоја година си одев со родителите и со нивни пријатели. Откако започнав врска си одиме заедно со дечко ми и најчесто сами. Според мене поубаво од сами нема - кај сакаш си одиш, кога сакаш, си јадеш што сакаш, си излегуваш кога сакаш. Засега ова е моето мислење можеби зашто сме заедно скоро 3 години, па уште сакаме да си се посветиме на самите себе. Не би ми било проблем да сме на одмор во друштво, ама не би сакала да правам работи за на другите да не им биде здодевно. Би се согласила да одам на заеднички одмор со пар кој е во нормална врска и има слични размислувања како нас. Летово бевме сами со дечко ми, а сами ќе одиме и оваа зима. За другото лето не знам. Најверојатно сами
Сами сакавме со едни пријатели пошто единствено со нив во потполност се сложуваме за апсолутно се и место и за јадење исто јадиме и за шетање сакаме да шетаме ама за жал ради финансиите неможат да дојдат со нас .. Други пријатели сто пати ни рекоа не прашуваа и директно и индиректно каде со кого дали сакаме со нив да одбивмее но категорички ги одбивме овде кога ќе одиме на кафе неможиш да се договориш каде ќе го пијаш кафето а не пак на одмор да заминиш на море заедно...:/ :/ Оваа година мислевме дека ќе патуваме со пријатели но како и секоја година ќе одиме САМИ јас сопругот и бебчето Поубо од сами нема
Сами најубаво, дефинитивно. Не сакам на одмор да се замарам и ограничувам во било што, а не секој одговара за заедно на одмор. Сум била со друштво и сум се осеќала многу непријатно, да не можеш да се договориш за основни работи, секој нешто посебно сака и бара, затоа сами најдобро, а на одмор секогаш запознаваме нови пријатели и никогаш не е досадно.
Порано соло трип ми беше најубава опцијаи најчесто така одев. Сега веќе со жената и децата. Ама сами, без никакви други роднини пријатели. Зошто сигурно за нешто ќе се изнервираш со нив и ќжнема да ти биде убаво
Порано секогаш сме оделе само 3 другарки и феноменално сме си поминувале .Секоја година истиот состав . А сега само со мм и синко ,без друштво .На два пати одевме така и се за некоја ситница(најчесто за хигиената во апартманите ) ќе се потскаравме и реков веќе сами одење дефинитивно
Читав дека за да оди малолетно дете со некој што не му е родител треба полномошно, е сега, тоа полномошно е на македонски, ако одиш некаде каде што имате плус лет конекција, како ќе докажеш дека детето е со тебе и имаш полномошно, документ одобрение од родител, тоа на македонски никаде не важи освен кај нас да излезеш од државава или јас јас сум нешто грешка? Не треба да е на англиски за секаде да важи?