Сакам да се запишам на некој спорт или било каква физичка активност која ќе ми помогне да ги намалам килограмите не сум многу добра во групни спортови така да за одбојка, кошарка - не. Се мислев нешто во стилот на јога, карате и итн. Совет? Исто така на кое место во Скопје може да се практикува таа физичка активност (клуб и сл.) ?
Конкретно за јогата, нека ме поправи некој ако грешам но, мислам дека е повеќе за зацврстување и флексибилност отколку за слабеење. Со секаков тип на физичка активност + контролирана исхрана можеш да ослабнеш.
Со трчање! Таман сега убаво е времето, мислам дека најдобар спорт за слабеење е. Ако немаш кондиција мачно е на почеток (ама со секој спорт е така) , ама потоа ќе навикниш.
Девојки, верувале или не, со зумбата се согоруваат многу калории и се одржува кондиција. Го предлагам за забавен начин на согорување масти, доколку има девојки што мразат вежбање како мене.
Имам одено на фитнес, пилатес, теретана, зумба, танцови, на што ли не. Секое од нив си има своја предност, но за слабеење само ТРЧАЊЕ ! Трчањето е незаменливо. Кој трчал - ослабел ! Освен еден другар, кој брзо пешачи (ама стварно брзо!) и тој ослаби. Јас вежбам јога со години наназад и мене дури и стомачни ми се оцртаа од наједноставните вежби. А, пред тоа одев во теретана немав никакви стомачни. Иначе кај мене, јогата е начин на живот, со вегетаријанска, здрава храна, па со тоа само по себе се слабее. Сите пријатели кои вежбаат јога, но и се хранат здраво, се слаби.
По колку пати неделно треба да трчам и по колку време за да ослабнам? И дали додека трчате повремено и пешачите. Например трчање 2 минути пешачење 1 минута или слично?
Доколку немаш кондиција подобро ти е да почнеш со пешачење, брзо пешачење, да комбинираш со повремено трчање па потоа да продолжиш со целносно трчање. Од тебе зависи.
Се слабее и со возење велосипед и трчање по скали . Јас две недели вежбав возење велосипед 2часа дневно, трчање по 320 скалила во 1час . За викендите ги исфрлав овие вежби, само правев по 250стомачни и 300 скока со јаже. Се исушив од вежбање. Сега не ни пешачам и веднаш сум качила 5-6килца над нормалата. Во Мај ќе се цркнувам од вежби. Инаку, и исхраната има влијание во килажата. Треба да јадеш помалку месо, мајонез, леб и разноразни бургери , чипсови и торти. Таквата исхрана треба да ја замениш со овошје и зеленчук. Но, не треба и со нив да се претерува. Ако јадеш само еден вид зеленчук (пр. краставици) желудникот ќе ти се расипе т.е. ќе добиеш нагон на повраќање. Не велам да ги исфрлиш овие погорните намирници од исхраната туку да не ги употребуваш често. Среќно !
И јас сум поборник на трчањето, најминимални пропорции имав во летото кога трчав скоро секој ден. Само пазете колената, зглобовите, каде трчате,на каква површина мислам, правилно дишење и убави патики . Многу битни работи што тогаш не ги знаев, и мислам дека делумно се одговорни за крцкањето што го имам во колената. А да, и возење велосипед, ама седиштето да ви биде некаде над колкот, да вртите со исправено колено. Мислам дека некои 15км секој ден би направиле огромна разлика. И јас не знаев како правилно се вози, и тоа има улога што ми крцкаат колената, возев еден месец со многу ниско седиште и мајко моја.
Баш напротив, протеините се неопходни за да се изградат мускули. Стек, риба, млеко, соја, јаткасти плодови, печурки...
Не ме разбра.. Мислев на црвеното месо (свинско, телешко). Ги јадам оревите, лешниците, сојата и печурките, а останатото не, но сепак доволно е.Нема јас веројатно како вегетаријанец да јадам месо (па и за да ослабнам. ноу веј). А ако не вежба доволно нема да има мускули безразлика колку месо ќе изеде. Така само ќе се здебели. Ѝ треба рамнотежа. Доволно вода, правилна исхрана и вежби.
И јас сум вегетаријанец, и точно ја знам важноста на протеините затоа што вежбам. Ако не вежба нема да има мускули, точно е тоа, но ако вежба а не ги храни правилно мускулите повторно нема да има мускули. Тесно поврзани се правилната исхрана, вежбањето и убавото тело.
Јас трчав секој ден. Спојлер (Иначе не јадам месо, и тоа немаше никаква врска со мускулите, ниту кај мене, ниту кај машки другари кои сакаат мускули)
Како што рекоа погоре,само трчање.Прво почни да пешачиш,па се повеќе забрзувај темпо и километража.Трчај и по скали,ќе ти се затегне задникот.Вози велосипед. А кога ќе стане ептен жешко,ако имаш можност,пливање му е мајката.Рацете ти се затегнуваат максимално,исто и другите делови.Башка е огромно уживање Се разбира не можеш да очекуваш слабеење само со активноста,ти треба и регулација на исхраната.Повеќе вода,овошје и зеленчук,помалку слатки и торти и завршена работа.
a ako trcam ili vozam tocak 3-4pati nedelno za kolku vreme bi imala efekt? normalno i so pravilna ishrana?
Фала на сите! Инсталорав апликација на телефонот за трчање и од утре почнувам! Баш времето убаво се погоди... : D
А како може ние да ти кажеме за колку дена ќе имаш резултат?! Искрено многу ме нервираат вакви прашања бидејќи се безсмислени. Секое тело, организам и метаболизам итн се различни. Ако вежбаш редовно и внимаваш правилно да се храниш, а тоа подразбира редовно јадење, а не гладување, секако дека ќе имаш видливи резултати ете за 1 месец на пример.
pa jas razbiram deka sekoj organizam e razlicen, ako te nerviraat ondak ne mi vrakjaj fala na sovetot inace
^^ значи никој не може да ти одговори на прашањето и целата поента на мојот одговор беше дека никој не знае за колку време ти би имала резултати....јас ни за себе незнам. Ти ако вистински се погрижиш за вежбање и средена исхрана сигурно ќе имаш резултати. И немој да бидеш безобразна пошто одговорот мој беше у позитивна смисла. Не реков дека ти лично ме нервираш, туку општо ваквиот тип на прашања...не е дека ме нервираат туку едноставно немаат конкретен одговор.