Колку што читав ваква тема не забележав, доколку има слободно избришете ја. Пошто сум покрупна гинекологот ми рече дека морам да ослабам пред да останам бремена, Затоа сакав да знам вие со колку килограми ја стартувавте вашата бременост и дали би имало проблеми доколку сте покрупни. Ќе чекам ваши мислења
Јас ја стартував во 57 кила (7 вишок за мојата висина од 1.60) ама првите 3 месеци ослабнав неколку кила бидејќи се ми беше гадно, освен овошје и зеленчук. Сега мислам дека сум во 4 месец околу 55 или 56, ама не сум се измерила.
Jas so 63 kg a zavrsiv so 84 kg ,a ginekologot garantira deka ke se popravis? Jas 20kg se popraviv sega se gledam 5-6 dali sum + od tie 63 golemi se saansite I tie da gi simnam za mesec-dva Moze ti ic nema da se popravis gledaj si rabota
И јас сум покрупна, стартувам со 87 кг. Докторката рече дека максимум што смеам да се поправам е 13 кг, се што е над тоа ќе биде ризик. Секогаш задржувам вода, отекувам ако балон, имам триста проблеми со тироидната и така натаму, ама немам замастување кај јајниците и матката, па веројатно не ми прави проблеми. Ова се нејзини зборови, но сепак е поризично.
Јас имам проблем со тироидата веќе 10 години, пред 2 години екстремно се здебелив пак од нејзе се направив 95 кг. Знаев дека сум предебела и си почнав диета, а ми ја нормализираа и тироидната и ослабев до 82. Кога бев на преглед гинекологот ми рече дека морам да ослабам до 65, Сега сум пак на диета и имам ослабено за 1 месец 4 кг т.е. 78 ама се потешко и потешко ми оди слабеењето, се чуствувам поизморена, ме наболува главата итн. Јас мислам да стартувам со 70 ако не се многу затоа побарав и од вас мислење а и не знам во што сметаат килограмите во бременоста, освен што е потешко со повеќе кг
Јас сум каде-каде потешка од тебе. И не само тоа, јас со се од диети, преку вежбање, до комплетна промена на начинот на исхрана на кој сеуште се придржувам, успеав да симнам само 10 кг. И се застана. Мускулите ми се бомбона, цврста сум многу, ама ете, несака. Би било супер да стартуваш со пониска килажа, ама ако е возможно... Кај мене не беше сега, докторот кој ми ја следи тироидната ми вика дека веројатноста да се средам после пороѓај е огромна. Па сега, што даде Господ, тоа.
Јас бев слабичка кога забременив 56 кг а висока сум 175, сега сум поправена 14 кг имам вкупно 70 веќе 2 недели не мрдам од таа тежина а јадам како прасе зависи многу од организам до организам некои се поправаат некои воопшто не
Не знам баш точно со колку килограми останав во `друго стање` 60-62 некаде, а сега имам 75. Се на се се здебелив нормално,и тоа само стомаче имам,така да нема да е проблем враќањето на линијата после породувањето
Јас останав бремена со некаде 53 кг, висока сум 176. На последниот преглед кога се мерев бев 70 кг значи сум бајаги поправена и до крајот на бременоста незнам колку ќе стигнам
Јас со 64 ја стартував мојата бременост, се поправив 14 кг, стигнав до 78 и сега сум сеуште 70, треба да се вратам на старата, значи со -8 кг се вратив од болница после пораѓај..морам да вежбам сега инаку не се губат сами килограмите
Имам уште 2 месеци од УН диетата, па ќе видам колку ќе ослабам до крај но зема шанса да дојдам до 65, да завршам со неа па после ќе видам. На другарка моја братучетка останала бремена со 90 кг, па немала проблем Но мене ми е страв, оти си мислам дека се мене нешто ќе ме снајде Цела среќа што немам залојана матка или полицистични јајници, ми останува да ја средам тироидната и да ослабам
Јас останав бремена со 84кг.Висока сум 171.Др ми рече дека нормално е да се здебелам до 10кг.Сега сум 9 месец и имам на мене 101 кг.Додека да се породам ке ставам уште 1-2 .Знам многу се Но што е тука е после пораѓај се фрлам на диета хехехехх .... Воопшто немам тешкотии освен што многу потам.Не ми смета килажата миту во одење ама баш во ништо.Пијам многу вода,јадам многу благо а последните месеци му се фрлив и на лебот.Но во цела бременост незнам дали испив 2л сок.Ама баш никаков Тоа ми беше совет од др на почетокот и само тој успеав да го испочитувам хехехех .Кој знае колку ке имав качено ако пиев сок .Инаку склона сум на дебелеење и убаво поминав во оваа бременост хехеххе Се тешам со тоа што некои имаат качено и повеке па затоа хехехехех
Уф Маченце4 колку не си во право. Теши се и до утре, ама твоево е премногу. Најтрагично е што не ја сфаќаш тежината на ситуацијата, дека твојата килажа може да му наштети на бебето. А верувам дека ако си пиела сокови немало штета да направат покрај такво јадење.
Мојата моментална килажа ме испровоцира да напишам. Првата бременост со 57 кг,на пораѓај отидов со 69 кг. Втората ја започнав со 55,а на пораѓај отидов со 63 кг. Абе манекенка бев тогаш. А мојата моментална килажа е таа со која отидов на вториот пороѓај.Абе равенки изнапишав со една непозната.
Ostanav bremena so 64 /65 kg visoka sum 165 sega sum 33 nedela i sum 73kg....po moe e mnogu a site mi velat ne si ni blisku do mnogu hahha...imam uste malku do krajot kako i da e ke dojdam do 78/79 kg.....sto ke bide posle toa neka bide najvazna mie e sega cuckata moja....
во првата стартав со 55 завршив со 93 сега во втората стартам со 68 и до сега еве крај на 4-ти поправена сум само 1кг јеееее
првата бременост ја почнав со 46кг.,а ја заврсив со 61кгр.ми требасе повеке од една година за да се вратам приблизно на првобитната килаза.оваа бременост ја поцнав со 47кгр. четврти месец сум и сега имам 51 кгр.како ке терам до крај не можам да предвидам.немам некој голем апетит,така да се надевам дека ке ја заврсам со помалку кгр.од претходната оти сум ниска и секое кило отповеке итекако ми се познава и смета.
Бидејќи неможам да редактирам, морам да се самоцитирам... Немам 87 туку 80 кг, којзнае кај ми бил паметот вчера кога сум пишувала, и висока сум 1 82. Појава и пол! Тато е висок 2 02, така да ќе биде ова некое бебе од метар! Нејсе, да не гњавам, докторката ми рече дека заради висината, тежината не ми претставува сериозен проблем. Башка бев спортист повеќе од 10 години, и мускулатурата и скелетот ми се навикнати на малтретирање, тренирав спорт за кој треба кондиција и пол. Ми рече дека ако не се потрудам да се поправам макс до 93 кг, ќе си имам мака. Затоа, се придржувам на точно одреден режим на исхрана според моја крвна слика, крвна група и физичка состојба. Сите што имате проблем како мојот, ви препорачувам разговор со нутриционист, решава многу проблеми! Ако ништо друго, си стојам на симнатата килажа, можеби не симнувам драстично, ама не ни качувам воопшто.