Почнав со 70, сега сум 81, а сум 26+5 бремена. Многу ми изгледаат 11кг до сега, иако блискиве ми велат дека не се познава дека биле толку Внимавам што јадам, здрава исхрана, ретко да поткаснам нешто "нездраво" , па можи затоа многу не се загрижувам
првата со 59 и се поправив скоро 23 кг , па дојдов до некои 65 и тука застанав со втората бременост , почнав со 65 качив 15 кг, и сега пак сум си 65, со желба да намалам бар уште 3-4 кг
Почнав со 56, 34+1 - а веќе имам 70кг До крај се надевам нема да додадам уште многу, а имам желба да се вратам на старите па и подоле ако може
Јас почнав со 64кг , денес полни 34 недели јас сум 72 кг , а во 30та,31ва бев 73 кг . Сега 1 кг минус . Дали е тоа нормално , некако се загрижувам . А доктор не сум прашала .
Ада и јас ослабев последнава недела и баш се мислев зошто.. Стартував со 55, до пред една недела бев 61 и сега сум 60кг (33 недела вчера влегов). А бебето си е ок со килажа, последниот преглед 30+5 беше 1700 грама.
@IvanaCS незнам зошто ,а се хранам убаво . Плус не трошам 80% од времето лежам . Баш чудно , изгледа од жешкото .
Исто.. јадам обемно и не ни станувам од кревет. Ама јас често одам во вц, мислам дека од магнезиумот.
@IvanaCS ти од скоро ли земаш магнезиум . Јас сум од почеток со 2 од 375 мг. Ама во последно време имам течна столица може од овошјето . Сега повеќе лубеница ,диња,праски,сливи...ќе прашам во петок на контрола дали е во ред ама мислам дека е нормално .
Цело време пијам магнезиум, ама последниве 10 дена ми го зголемија на 4х250. А читав дека магнезиумот предизвикува помека столица. Јас сум во среда, ќе ти пишам кога ќе завршам.
Почнав со 66 кг а сега сум ослабнета и тежам 64кг. Инаку сум 11+3 Доста се поправив периодов пред да забременам, и со првата и со втората бременост! Дури страв ме фати кога сфатив дека стартувам со голема тежина! Ама со мачнини сум и повратувам некогаш, па наместо нагоре килограмите одат надолу! Лекарот ми рече да не се грижам и да јадам овошје и зеленчук колку можам, па така и правам! Очекувам да се сторам во буцка кога ќе поминат мачнините!
Јас со првото со огромна килажа 77 кила т.е.кога бев најдњбела во мојот живот,останав трудна.Истото ми се случи и сегасамо сега бетер останав со 80 и стварно имам страв.Во првата бременост се поправив 10 кила кои после пораѓајот одма и ги снема,а родив и големо бебе скоро 4 кила,само лошото беше што јас бев здебелена уштепред да останам трудна...А за сега стварно незнам што да кажам..катастрофа.Кај огромна тежина па уште и само некои јадења непотребни ми се јадат ко за беља...а реков ќе внимавам..ама ете за џабе.Како почнав 6 та недела а јас само тостови,благо,чипсови,пици,сокови густи и све што не треба...да ја променам странава дур има време зш вака многу лошо
И јас исто почнав бременост со 80 кг и стасав до 95 кг. Бев многу голема и пред пораѓање имав многу отоци. После пораѓај по 10 дена си ги облеков фармерките што ги носев пред бременост, и стомакот многу брзо ми се прибра. Мене не ми пречеја килограмите се нормално си функционирав. Не јадев многу, 2 пати дневно и немав зголемен апетит ама пак си качив многу кг. Ама сигурно и бев мн отечена. Не грижи се после ќе слабееш, само внимавај на исхраната.
Да се сама цитирам не сум имала 58кг. се мерев пред да идам кај гинеколог 65,5кг. имав ,колку ќе качам до крај на бременост интересно ќе биде