Со 56 кг почнав, нецела 12та сеуште иста килажа...ама рано е, склона сум на дебелеење, затоа внимавам здраво да се хранам
Уште малку и ќе помине повраќањето, ќе прејадеш, не се секирај ни за себе, ни за бебе. Тетка ми во бременоста намали 12 кг, а бебето се роди 4250 кг. Јас, првата бременост бев 44кг, се породив со 66, втората почнав со 46, до пороѓај стасав, исто до 66 кг.
И мене ова ми е второ дете, и со првото вака ослабев зашто повраќам, ама на породување отидов пак слаба многу малку качив, а се породив во 36 недела а бебето ми беше 2700гр
Секоја бременост си е различна и не се оптоварувај, бебето ќе прима колку треба. Знам дека препорачуваат Б6 и други витамини, помали, почести, здрави оброци. Дали си се консултирала со гинекологот што ти ја води бременоста? Тоа му е работа сепак, би требало да има повеќе искуство од нас.
Досега пиев фолна и б6 зашто повраќам ама од вчера почнав со фемибион 1 една на ден. Се консултирав ама нема што да се направи таков ми е организмот не може да престане во првото тримесечие.
Тоа е, ајде, издржи уште малку, пиј повеќе течности, земи чај од ѓумбир, камилица, повеќе протеини, пример пробај јогурт и банана, да те држи сита, така ќе ти е полесно на желудникот. Ако толку не се издржува, па нека ти даде и лек против повраќање. Моите совети се тие, ако има некоја друга членка со некој друг совет, искуство, нека ме надополни.