Почнав со 53, првите неколку недели спуштив до кај 50, сега сум нецели 56 на 22 недели плус некој ден.
Со 71 кг.(од секогаш сум си имала толку +-1 до 2 кг, со оглед на тоа дека сум 175цм. висока), поправена сум 5-6 кг. до сега, а тек на пола сум, до крај како ќе биде, ќе видиме.
Јас ја почнав со 69 сега еве 24+3 сум плус 10кила (иако не ми се приметува само во стомакот) се надевам дека до крај ќе качам уште 2-3кила и доволно е
Јас со 62 а висока сум 160, качив 1 кило и некни се мерам пак 62 а четврти сум. Па ќе видиме натаму ама од киселините и не јадам многу.
Со 59, сега сум 30+4 и сум 11 понекогаш 12 кг+ ама јас како што се знам себеси не ми бегаат 18+ до крај, 78 сигурно ќе имам на пораѓај, ако не и повеќе. Не можам да се контролирам во јадење ми се јаде многу.
и јас сум 12 кога сум најадена а 11 сабајле кога ќе станам, а еве 32ра терам. Дури се карам себеси ко мало детенце се мавам по раката ако сакам да земам нешто да каснам. Мислам и да не јадам пак ќе накачувам на килажа такво чувство имАм
Со колку кг почна ти? Не замарај се, јас пробав така да се пазам во второ тромесечие навечер јадев зеленчук, варен компир, јајца, банана, овесни снегулки, ама џабе пак накачуваш 1кг секоја недела и сега не се замарам искрено, посебно тука кога дојдов во Швајцарија само благо јадам, чоколади ова она и само му викам на маж ми да не купува ќе се направам уште толкава. Денес за десерт свеки тиква вари убајни. Не се пазам поќе, исто ми е секоја недела килце.
Со 64 почетна, инаку вообичаено сум 62 ама тогаш знам качив 2 кила пред да останам трудна, а висока 180цм, сега сум 75, 76 али не се познава дали дека висока сум. Но сепак гардеробата не вика така, ништо не ми е точно, а таман се вселивме во нов стан walk in гардадобер си направив конечно сега знам кај ми се сите работи ама џабее, 3 пара хеланки само ме збираат и широки блузи, дири ни капутите и јакните не ми се точни Ти исто знам висока си, мислам прочитав некаде ако не грешам!? Само дајбоже да се вратиме во првобитна состојба, се ми е полесно кога сум слаба, дури чудно ми е што сум волку тешка, а стомак немам голем, се ми е во бутови и карлично проширена сум и градиве ми се наголемија
Започнуваме со 54 кг, 165 висока, за сега 18н 4д плус едно кило, ама верувам после 20 недела брзо ќе оди бројкава нагоре. Не би сакала повеќе од 15кг да качам ама желби и реалност не идат заедно.
Почнав со 72,5 Моментално 84,5 кг 36 недела Висока 168 цм Си почнав здебелена и стрвна си сум, тоа е со беба ќе слабеам хаха