Хахах не е страшно и ние полничките и дебелки си сме згодни на свој начин а за меше па околу 5ти месец да речам така потврдо ми стана околу 15 16та нед сега сум 20та имам така трудничко меше не ми е салесто сега е тврдичко А за исхрана засега мн не се замарам си јадам што ми сака душичката, освен месо што не го јадам многу ми е одвратно сега ми мириса.. Имам цел над 100 да не поминам па ќе видиме
Првата бременост со 60кг ја почнав, на пораѓај бев со 72 кг, значи +12 кг. После тоа изгубив доста килограми без мака, доењето ме слабееше. Стигнав до кај 54-55 за прилично кратко време, помалку од година. Втората бременост ја почнав со 54кг. На пораѓај бев со 78кг, значи +24кг. Сега 2 и пол месеци по пораѓај сум 64-65кг. Сакам да стигнам до 56 тоа ми е идеалната тежина. Се убив од вежбање, трчање, некако бавно ми оди. На исхрана не пазам нешто особено ама не јадам многу.
Јас се надевав дека ќе повраќам, па ќе симнам некое кило, ама јок бре ниеднаш не повратив Само нека расте бебушка, ќе се слабее има време. @dipsidipsidipsi Ме вади малку тоа што сум висока, ама дебела сум си Јас сигурно ја поминувам 100, ајде нека е со лесно. Сега за сега и јас не пазам воопшто, ама убаво би било. 13 недела сум, дај Боже се да биде добро па и јас да сум на чалам со трудничко меше
Јас не сум баш висока 160и неш сум хехе ќе биде добро се ќе имаш меше колку и да си кг мешето си расти и се шири се стврднува
Висока сум 1.80 Започнав со 80кг. Сега сум 8 недела и се уште се немам мерено. Се надевам и ќе се трудам да не надмашам 100
Малку сум згрешила во проценката, ама се случува. Започнав со 78кг. Сега имам 76,2кг. Не знам дали е од тоа што многу повраќам или како, важно чудно ми е дека слабеам. Секако 100 не ми бега, вчера дознав дека сум бремена со близнаци
Не мора да значи дека ќе се поправиш многу со близначињата. Јас многу повраќав и ослабнав и паднав на 79 и до крај се поправив само 9 кила.
Со 65кг почнав во 38+0 се породив и имав 83кг.Недела и пол после пораѓај(царски) - 13кг. 10 месеци после пораѓај 65 сум си пак.
Почнав со 70кг, на пораѓај имав 101 (последните два месеци ми беше забрането движење и само лежев и јадев ),, од болница излегов со 91кг иако бебе беше 2.700 , сега сум 80, се трудам да ослабам, да си дојдам 70 пак. Мислам дека рекордот јас го држам (освен мајче мое, со мене 35кг + била)