Почнав со 64, со повраќање стигнав до 60, па еве сега во 18 неделна почнав да ги враќам, сега сум 63кг
so ubavo vaka koa ke slusnam kako nekoi trudnici uspeale voopsto da ne se popravat jas startuvav so 64, sega sum 31 nedela i sum 78 :/ veke ja nadminav normalnata granica za popravanje vo bremenosta, a kaj mi se 8mi i 9ti mesec. voopsto ne vnimavav na ishranata ali sega veke pocnav da si stavam nekoi granici vo jadenjeto, da ne se opustam tolku pa ke vidime rezultati, se nadevam ke ostanam na ovie kg kako i da e najbitno e bebushkite da ni se zivi i zdravi pa nie ke slabeeme posle a kolku kg se gubat na poragaj otprilika? kaj sekoja e razlicno ili...?
Девојче само 2кг се имаш поправено? Браво,браво. А те читкам си јадеш, си полниш меше. Јас 29 недела, се имам 14кг поправено. И јас си јадев. Сега внимавам повеќе. Се надевам дека нема да се поправам уште. Имам 79 а се надевав дека нема да стигнам до 80 Ај нема врска. За слабеење ќе ослабам, здрава храна и вежбање,тоа ми е животен стил ама стрии Се надевам нема да ми излезат на стомакот
captivating - Не знам дали ова ќе те утеши ама, сестра ми остана бремена со 55 кг. Секојдневно по два пати примаше Фраксипарин низ текот на ЦЕЛА бременост. Се поправи 35 кг во тие 9 месеци (а е ниска) имашше целулит (иако претходно никогаш немаше) и стрии ДА СЕ ЧУДИШ колку многу. Откако се породи немаше ни С од стрии ни Ц од целулит.
мила јас на почетокот на бременоста немав никаков апетит буквално можев со две прачиња леб да го поминам цел ден а многу бев гладна- (неможев да јадам ) а плус тоа некаде од 8-9 недела до 14-15 недела повраќавав на сабајле навечер не стално ама вадев се што имав... сега ми се отвори апетитот и си каснувам без благо неможам... мојот организам е таков што колку и да јадам за мене ништо не се фаќа и сите ми се чудат.. имам брз метаболизам и доста се движев инаку сум 173 висока... најмногу у животот сум била 61 кг и без проблем ги имам слегнато... но јас сакам да качам некое килце,, и сега здравје боже до крајот на бременоста ќе видиме.. се надевам до нормалната граница.. но е што е тоа е ... бремени сме.. јади колку ти душа сака за кг ич не бери гајле кога ќе стануваш на сред ноќ да друмкаш тогаш ќе ги симнеш
Со 60 И никогаш во животот не бев мрднала од 55кг нагоре, ама месец време пред да забременам се поправив 5 кг Не знам дали има врска клмифенот што го пиев ама многу се поправив Веќе сум влезена во 12 недела и се мерив сабајлево и сум 61 кг... Апетит си имам нормален како и пред да останам бремена, ама очекувам да се здебелам многу! Како и да е, само бебушот да биде добар а на килограмите ќе поработиме после пораѓај (дотогаш имам уште мнооогу)
јухууу 61 кг сум сега машала машала значи стартував со 56.. кога ме мереа во 18 недела бев 58 .. дали за три недели сум качила 3 кила ( а јас си се лагам цело време 58 )
Јас најдов една апликација на интернет. Си ја симнав за теблетот. Спојлер (не ми текнува како се вика а немам батерија да видам сега, кога ќе видам ќе ви пишам) Пишуваш почетна тежина,висина и недела на бременост и сегашна тежина и ти речуна BIM и ти кажува информации во врска со тежината за таа недела. Мене ми рече дека за оваа недела треба да се поправам барем уште пола кг. што значи таман сум си
баш да ја најдеш и да пишеш мене сега ме мерија во Аџибадем Систина караванот шо им е за бесплатен преглед... 61 кг.. значи вагата не ме лажела