Според оваа страница јас сум едно 10кг вишок. Не знам баш дали е точно. А и ми праќа нешто да се симне автоматски без да покаже што. Јас онаа што ја користам мора да ја симнеш ама сигурна е, од Google Play Store, без пари е и се вика Sure Baby Weight Gain Calculator
Јас ја користам оваа , и од сега сум ок според неа. Но ке проверам и твојата,само кога проверуваш внимај да смениш pounds/kg , можеби затоа ти излегува така. Тоа што се симнува и на мене е така , не беше на почеток , не знам што им стана.
Добро бе жени, пресметував по милион пати. Јас ја почнав бременоста со 63 (со 65 ама на почеток ослабев од мн повраќање) сега имам околу 80, барем мислам. WOW сега кога гледам напишано колкава е разликата сваќам дека е всушност околу 17кг Ама на мене не се познава така бе. Затоа и нему ја мислев многу. Градите ми се зголемија многу, стомакот ми расте, сега гледам почна и од страни малце претходно само на напред одеше. И оваа недела приматувам бутчињата и задникот има некоја разлика. Од каде дојдоа 17кг???? Не ми се верува. Не можам да си ја најдам дома вагата да се измерам сега па ќе се мерам утре. Лелеееее 17?И физички активна сум бре, и пазам на храната колку толку. А сите што ме виделе ми викаат не си голема, не се имаш поправено мн, во стомакот и градите ти е отидено се. И минатиот месец кај докторката се мерев, она ми рече супер си, таман ко што треба. Знам дека некои жени се поправаат повеќе,некои помалку ама ова мене ептен мн ми се гледа. А во нив не е ни израчунато дека наредниве два месеца ќе се поправам уште.
со 70,се надевам дека нема да бидам огромна до крај,со првото имав повеке срека стартував со 55 а се породив со 65
Јас со 82, се надевам нема да ја раситнам 100. Не сум многу крупна на изглед но сум набиена бидејки 6 години активно се бавев со спорт. А висока сум 1.72
Јас уште си стојам на +2 кг. Воопшто не се поправам, тие 2 кг се само во бебуш. Внимавам претерано многу, крвта ми е супер, бебуш си расте идеално. Нема потреба од многу кг, после треба да си одат од тука, а јас и така си ги имав многу повеќе од потребното. Фактички јас константно слабеам по малку, трошам од салцето, а се што внесувам си го користиме позитивно со буцка. Почнете да пишувате се што јадете во денот, ама не само главните оброци, туку и една банана, една грицка, една чаша сок, па ќе видите од каде ви се килограмите вишок. Нема подобар начин! Јас кога почнав со ова, приметив дека секој ден јадам чипс. Никогаш не сум јадела чипс а домашните секој ден, и кога приметив ми се слоши дека јас помини-замини, брцни раката во чинијата. Е неможе! Сега си имам дневник по денови, и ништо не ми промакнува!
јас стартував со 72 па изгубив две кила во првите три месеци од гадење а сега си ги вратив двете што значи пак сум си 72 (висока сум 174) али така имам предиспозиции за дебелеење и многу ме фаќа страв што како ќе биде понатаму претежно слушам јадиси што сакаш после се симињаат килограмите брзо али некако не ми се верува баш........ кој си имал претходно проблем со килажа знае што значи маката да се ослабне па бар и некое кило али шта је ту је гледам здраво да се хранам и да пијам многу вода па бебуле нека расте , само мама да не става наслаги без потреба
Не е секогаш вистина дека лесно ќе ги симнеш килограмите. Имај во предивид дека откако ќе се породиш автоматски губиш барем 5кг, и дека ако доиш бебето те цеди, дека ќе имаш моменти кога ќе забориавиш дали, кога и колку си јадела, дека ќе поминеш поголем дел од денот ненаспана, дека ќе шеткаш со бебето низ домот, еве да речеме дека ќе ослабеш и 10кг. Ама мораш да се пазиш. Не е само тоа што ќе се поправиш, може да испукаш, целулит да ти се појави.. Јас се надевам дека ќе ги изгубавм лесно (мајка ми после месец ослабела толку што носела алишта од пред бременост на стеснување, па се надавем и јас ќе го имам тој благослов ) Ама во случај да не е така, веќе имам план. Море дури и да нема потреба да слабеам, оддвај чекам да почнам да вежбам. I miss it
Болна темааааа...... многу болна Почнав со 63кг, а се пораѓав со 91,5кг Сега сум 78кг, и имам уште цели 15кг, за да бидам тоа што бев
ма баш ми е гајле колку ќе качам колку ми се јаде си јадам колку ми се пие си пијам.. немам воопшто проблем со кг.. колку се толку се.. мој си се
Незнам со точно колку ја започнав, дали со 67/8, или 66, ете ме на крај со 77/8 кг, значи имам ставено само 10-ина кг, еве нека бидат и 12. Баш онолку колку и што кажуваат самите лекари. Многу сум среќна, успеав на некој начин, со оглед на тоа што никако не смеев да качам многу на тежина , а ја стартував бременоста со вишок на кг . Браво за мене .
денеска се мерив 62 кг.. стартував со 56 дадејте и на душичката ваша да си касне шо си сака не се истезавајте многу