Стартував со 52кг,а за цела бременост се здебелив само 6кг кои одма после тоа ѓи симнав...му благодарам на генетиката
Стартував со 62 кг. Добра ми беше килажата, таман. Во бременоста се здебелив сигурно едно 20 кг. Престанав и да се мерам од што ќе паднев во депресија. Испод 80 кг немав, ако не и повеќе. Сега имам 70. Откако сум породена, скоро месец дена веќе, не ставив благо( чоколади, колачи)в уста, леб избегнувам и очекувам да се вратам брзо во нормала. Повеќе пијам течности, јадам лесна храна, овошје. Едвај чекам уште некоја недела за да ме види матичната па да почнам со некои лесни вежби дома. Со првото, пред скоро 4 години стартував со 59, значи не многу голема разлика од сега,и исто во бременоста качив + 20 кг.
Првиот пат стартував со 64 и качив над 30 кг, вториот пат со 58 и качив 12, сега пак со 59 и ќе видиме како ќе оди.
So prvoto pocnav od 58 stignav nad 75.. za 1 god si dojdiv na starata kilaza. Sega pocnav od 64 pa ke videme
Pocnav so 67-70kg ne sum sigurna kolku zatoa sto taka si menuvav, ama celo vreme bev od 67-70kg, a kacev 71 se potresuvav i ne jadev mnogu otidov do 100ka, vekje i ne se merev poslednata nedela... Sega imam 82 kg i poleka simnuvam..
Почнав со 80 па дојдов до над 100-ка, мачно ми беше последните недели да се мерам оти знаев -претерано е ! Полека се симнуваат сега.Не спроведувам диети, само вежбам..правам стомачни за да го приберам стомакот малку
Почнав со 64, до 8ми месец качив 8 кила, во 8ми и 9ти мислам дека качував по едно кило неделно. Една недела пред пораѓај имав 80 и веќе не се мерев. Сега, после една година имам 69, и многу ми пречат овие +5 килограми.
Во првата бременост стартував со 57.7 кг. но по еден месец бев ослабена и имав 57кг. ди крајот на бременоста се поправив 12-13кг. и имав околу70кг. Попораѓајот одма имав симнато 10кг. а од тогаш до сега варирав од 57кг-59кг. сега кога останав бремена имав 59,9 кг. и до сега (16 недела) имам 61,4 кг. што значи во овие 4 месеци сум се поправила 1,5кг. ке видиме како ке оди навака
Ау неее, првите месеци црева истурив од повраќање, јадев само корка од леб и тоа после полноќното повраќање. Месо не можев да смислам до крајот на бременоста. Мислев дека ќе можам да внимавам ама не успеав. Исто и со доењето, многу пиев сокови првите месеци кога почнав да дојам, овошје јадев преку цел ден. Дури сега се враќам во нормала. Ама ќе ги симнам тие 5 кг па што сака нека е. Кога ја гледам @zalosna каква линија има со три и едно на пат, мене срам ме фаќа
Јас останав бремена со 57 кг а завршив со 78. Знам дека е многу али ме тераше да јадам нон стоп. Помина 10 дена како се породив и сега сум 71.Нешто слабо се губат килограмите
Останав со 53кг, стигнав до 62кг. Со второво останав со 54кг и сега 10 недела сум -1кг но ова е фаза на гадење и нејадење.
54 otprilika ,a stasav do 70 ama bev pravo svince i zelka samo jadev ruski salati krastavicki kiseli mojata devojcica i sega e zelkarka samo salata saka da jadi So dieta i vezbi si ja vrativ tezinata sega imam 57 kg
Со првото стартував со 57, а се породив со 75. Со второво стартував со 55, сега сум 65 (27 полни недели). До пораѓај имам уште 3 месеци :/ Висока сум 175.
Jas pocnav so 82 visoka sum 160 bremena 10 nedeli I sega imam 85 kila I sum ka bure mozam da zamislam ponatamu kakava ce bidam balon naduen