Со помош на оваа табела која ги прикажува сите денови во една година, можете да видите колку луѓе го делат истиот ден на раѓање со вас. Табелата не е изразена во бројки, но со помош на боите може да се спореди во кои денови има најмногу родендени. Па така, според бојата на квадратчињата најмалку родендени има на 25 декември и на 29 февруари. Од друга страна најмногу родендени има во втората половина на месец септември, а за ова нормално има и точно определена причина. Спојлер Научниците велат дека не е никаква случајност што на 23 септември многу луѓе го слават својот роденден, односно дека на тој ден се раѓаат најмногу бебиња. Овој датум се поврзува со денот на прославување на Новата година, односно датумот на кој се најчесто зачнати децата, доколку се земе предвид дека просечната бременост трае 265 дена.
Јас додека не дојдов на факултет познавав само двајца родени во септември. Кога дојдов на факс 50% со тие шо се знам се родени во септември. Си го обожавам месецот. Ептен ми е чудна табелата