со никоја мислам дека тие би сакале да се заменат со било кој од нас за да имаат еден само еден ден убаво поминат без папараци а мислам дека иако имаат пари неможат да го доживеат она што си го живееме ние .....
Кога ја видов темата, ми паднаа над 500 познати личности со кои би сакала да се заменам. Но кога ќе размислам подобро, не. Можеби познатите се секоја Сабота на забава, но и тие се луѓе како нас, и тие имаат чувства. Потоа, тие живеат живот кога се оценувани за секој нивен чекор и секоја грешка, кои се следени од страна на папараци со автомобили, а дури се и жртви на измислени приказни кои само им го оцрнуваат образот. Така да, вака ми е најубаво.
Со никој. Преферирам да бидам личност со која многу од славниве би се замениле. Или да се стремам кон тоа.
Со ниту една. Само животот би сакала да го променам барем малку во материјална смисла бидејки ми недостигаат финансии..
Со ниедна.Да,тие имаат пари и можат да си дозволат скоро се што сакаат(искрено им завидувам). Но едноставно не сакам да го имам тој начин на живот,без спокој,да не можеш на мира на улица да излезеш.Постојано да бидеш под надзор ,медиумите да пишуваат за тебе,да излегуваат трачеви и невистини,да немаш слобода,секоја постапка да биде оценувана и критикувана од цел свет. Исцрпувачки е,не го сакам тоа. Можеби и позади маската се крие нешто неубаво,лошо.... Но ај да не останам покуса,само за неколку часа би се заменила со онаа Perrie од литл микс.Дека е верена со Zayn,не за друго.Ама само на неколку часа,макс. 1 ден.