1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со кој член најмногу не се согласувате со мислењата?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ocicka2014, 20 февруари 2016.

  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.137
    Допаѓања:
    13.448
    Пол:
    Женски
    Со кој член од формумов нај не се сложувате со напишаните мислења? :)
     
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Lella, SomeoneSpecial, Theowndemon, Sanjicka007, Crimson, AnaKarenina, Idealista, Anakonda88, Bender Rodriguez, Eloves, Crna Dama, JollyGirl, Okcenzi, Sjdgo, Bokche, Ицолгудбејбе - среќа што сите овие ми се ставени на игнор листа.
     
    На Bitter-Sweet, theowndemon, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Понекогаш со на Лилит ама само понекогаш :D
    Други не ми текнуваат моментално.
     
    На Lady Phoenix и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Што знам, јас во некои теми не се сложувам со одредени личности, за да во други теми со истите нив се согласувам потполно.
    Освен со нежна ( човекот оток)
     
    На Nausicaa, anakonda88, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.333
    Допаѓања:
    164.008
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум се изненадувала зошто ме нема на позитивните листи, до негде се гордеам шо ме има на оваа листа :rofl:
    Патем со сите до одредено ниво толерирам како да кажам. Делумно се согласувам со милењата на @Artista ама не целосно, ете посвежо ми е тоа име и ми остави впечаток. Во глобала зависи од темата зошто нели, некои работи ги земаме лично и за различни работи имаме различен пристап и мислење кон работите па неможам да кажам ништо поконкретно.
    Луѓе на игнор не ставам, зошто ме јади љубопитност, а и како ќе дознаам дали со некој имаме исти гледишта за нешто друго ако неможам да видам шо друго постира? :lol:
     
    На Lady Phoenix и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    аееее Марк14 зш бе така?? еднаш се здчкавме ништо страшно :rofl:
    јас сум со пола форум искарана(многу летаа високо и јас само ги спуштам на земја) , дури една сакав да ја тужам ама не ми се исплакаше 8)
    но и стекнав и добри пријателки :D
     
    На biGirl, VladeMila, Outlook и 2 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Лилит, Бриџит, Миранда.
     
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    За моиве две и нешто години активност на форумов, Dr. Strangelove/ Петре Прличко е единствениот кој го имам ставено во листата за игнорирање. Страшно искомплексиран лик кој освен шовинизам и говор на омраза ништо друго и не остави зад себе..

    Инаку, ако со некоја членка сум се контрала во една тема тоа не значи дека нема да лајкувам нејзини мислења во друга тема.
     
    На Dust, Cinderfakinrella, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  9. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Со многу. Како и во секојдневниот живот. Најмногу во сеќавање ми останала Далерон.
     
    На Someonespecial, crazylady, Waka-waka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.321
    Допаѓања:
    28.942
    Пол:
    Женски
    Хм, не постои еден член со кој немам никаква допирна точка, со сите се согласувам за по нешто. Имам игнорирана членка, ама од друга причина.
    Исто како што и не постои член на форумов со кој се согласувам баш во сè. Не, секогаш има некоја тема каде што заземаме спротиставени ставови, и тоа е во ред, не може со сите во сè да се согласувам :)
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. VivienLeigh

    VivienLeigh Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    10.091
    Пол:
    Женски
    Со оној Хиндсајтер или не знам како беше потпишан... :^)
    А иначе, не сум сретнала ептен некој кој бил контра на моите мислења, шо знам :D
    А игнорирани се уште немам... :whew:
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.584
    Допаѓања:
    79.080
    Пол:
    Женски
    На carangigia и EvAngelos им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.532
    Пол:
    Женски
    На elimkd, Gosh, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Скоро е невозможно да се слагаш секогаш со секого на секоја тема.
    Нормално е да се случи некогаш некој буквално да те извади од кожа, а веќе во следна тема да посакаш истата таа особа да ја запознаеш во живо.
    Со оние кои сакам да бидам во контакт, сум остварила веќе некаков контакт, небитно дали сме станале пријатели на фб или сме се виделе во живо, или пак сме размениле некоја порака плус-минус.
    Ниту едно негативно мислење кон мене, небитно дали е став, критика или не знам уште што, не го земам здраво за готово. Едноставно знам дека позади овие монитори битисуваат живи суштества, а не ботови. Има денови кога не ни е се по ќејф, па разбирливо е некогаш да те дирне некој во нерв... Ама, сето тоа е пролазно!!
    Сите имаме свој животен пат, веројатно според него ги раководиме нашите мислења и ги споделуваме нашите искуства.
    Од првин мислев дека е со кој член најмногу се согласувате, а за такви имам доста. Секој член е посебен на свој начин...
    Никој диретктно не ме ниту повредил, ниту пак сум имала некоја жучна расправија. Така што, секој член си има право на свое мислење. И јас го почитувам буквално секое.
     
    Последна измена: 14 јули 2017
    На theowndemon и Dust им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.728
    Допаѓања:
    172.722
    Пол:
    Женски
    :drunk:
    Како ли може да постои ваква тема:rofl: абе очи ќе си ископаме ако се активира секојдневно:lol:

    Не може човек да се согласува со сите мислења на форумов..
    Сите сме различни и посебни, ако не се согласувам на една тема, не значи дека на друга нема да се согласам:?:
    А кој би собирал, одземал, множел и делел за да извади резултат - член со кого не се согласува:wasntme::D
     
    На Skorpija25, theowndemon, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Сега за сега не би можела да издвојам ниту еден член со кој сум имала некои големи несогласувања или расправии, сепак ова е само форум, не се познаваме лично и нормално е дека се излишни било какви караници или навреди само затоа што не делиме исто мислење со некого.
     
    На Cinderfakinrella и Natalyy123 им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.681
    Во целост со никого, ама парцијално со повеќе членки.
    Се пронаоѓам во постови (како јас да сум ги пишувала) па во нареден пост тотално различни гледишта.
     
    На biGirl, theowndemon, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Natalyy123

    Natalyy123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Понова сум на форумов, така да засега не ми се случило ептен да се здечкам со некој/а. Океј е да немаме исти мислења со сите, дури понекогаш повеќе ги ценам тие што идат контра на мене бидејќи ми се отвара друга гледна точка на работите. :D
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.078
    Пол:
    Машки
    Со една со некој ишкртан во нередослед букви ник нејм
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Има ли некој си кој се согласуваш работава...LOL
    -----
    Имаше една членка порано што ме колнеше зашто и контрирав за бајачки и пуздер се праевме, знам дека прв пат стаив на игнор некој, зашто ме пингаше константно по темине.
    И со Гордана знам многу се закачувавме порано, едноставно не можев да ја читам зашто преконфузно се изјаснуваше. Гледам веќе не е ни модератор ни активна.
    А во тема политика, знам дека се имавме искарано со пола, си се знаат кои си се.
    Признавам дека бев доста конфликтна особа. Али последава година бегам како ѓавол од лук:D Никој не ми смета, среќа читам само тоа што ме интересира и тие што сакам да ги читам на форумов.
     
    На Cinderfakinrella, theowndemon, Lella и 2 други им се допаѓа ова.