1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со танцување до витка става?

Дискусија во 'Фитнес' започната од poizon, 10 март 2011.

  1. poizon

    poizon Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Девојки,што мислите,дали со редовно и активно играње може да се постигне витка и убава става ?
     
  2. Moka5

    Moka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Со играње до витка става ?

    Да, бидејќи на тој начин ги употребуваш сите мускули од телото и согоруваш повеќе калории. Јас веќе подолго време практикувам играње, кога се враќам дома го пуштам системот до даска и не престанувам се додека не се уморам. Можам да се пофалам дека загубив 5 кг и сега се чувствувам посигурна во себе :) :) Топло ти препорорачувам без разлика дали ќе играш сама или со дугарките :) :)
     
    На mileystar и LovelyGirl245 им се допаѓа ова.
  3. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Со танцување до витка става ?

    Ако е точно ова, јас сигурно ќе станам костурче 8) :lol:
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    43.489
    Со танцување до витка става ?

    Богами - да!

    Мислам дека да можам, секој ден ќе танцувам по два часа, препотувајќи се. Плус тоа, со музиката си го чистам душичето, а телото ми вели благодарам. Не пропуштам кога сум сама дома, да тргнам теписи, местам плеј листа, облекувам шорц ала Кајли Миног, и играм до бесвест. :P
    Дефинитивно помага, пред се за координација, витост и најважно од се, го забрзува метаболизмот, не усреќува (омилените песни прават чувство дека само вие сте на подиумот) и е истовремено и вежбање и задоволство.
    Обожавам да танцувам и тврдам дека е најдобар начин да го исчистите телото од стрес и маснотии!
     
    На mileystar и WhiteButterFly5 им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Со танцување до витка става ?

    Танцот е најубавото а сепак најтешкото нештo. Спорт и уметност во едно.

    Тренирав повеќе години модерен балет и можам да тврдам дека благодарение на тоа сеуште имам стегнати мускули на телово, дали на стомакот, нозете или пак рацете.
    Танцот исто така не учи на грациозно движење така да на грбавењето можете комотно да му дадете збогум :)
    Рамнотежата е исто така битна во танцот, и при разните вежби токму таа може да се одржи само доколку се вклучат сите мускули на телото а со тоа се тренира и правилното дишење со гради а не со стомак.

    Плус што се празните душевно, емоциите ги изразувате со танцот, со разните движења, пози итн.

    Едноставно танцот е навистина одличен за постигнување на прекрасно, складно и стегнато тело, кое плус е колку испразнето од негативна енергија, толку и душевно наполнето до максимум. Секогаш би гласала за ваков начин на вежбање, или ако сакате да кажете - слабеење ;)

    Go for it!
     
    На MarchelineAmaru, Dejana.M, wolf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Со танцување до витка става ?

    Може, и те како. Еве ме мене за пример :P :D

    Шала на страна, танцувањето е добар начин за обликување на телото и за одржување на линијата. Е сега друго е ако ти очекуваш да ослабнеш со танцување, за тоа е потребно повеќе труд и повеќе внимание со исхраната.
    Од мала одев на ритам плус, ама престанав кога потпораснав. Некаде пред три години почнав да одам активно на модерен балет, пропратено со часови аеробик два пати во неделата. Поубаво чувство после часовите не сум имала, некако олеснето, испразнето и здраво.
    Како што кажаа погоре, многу е корисно за самото држење на телото, за правилно движење и развивање. А и забавано е.
    Барем јас, како што сум антиспортски тип (ептен анти-спортски, јас и топка незамислива работа) ова ми доаѓа ем како вежба, ем како рекреација. :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Со танцување до витка става ?

    Све танцувачки сме се собрале на форумов :)

    Инаку за тоа дали се слабее, пред се зависи одтипот на танц што ќе се избере.
    Ако идеш 2-3 пати неделно да играш танго, валцер, или латино танци, сигурно дека нема да има некаков ефект врз твојата линија.

    Но затоа пак постои зумба која пред се е наменета за тие кои сакаат да симнат некој килограм. И хип хоп исто. Во овие два танци има повеќе физичка активност и така се согоруваат калории па и се слабее.

    Но независно од тоа како ќе вијае на линијата, танцувањето е задоволство за душата. Нема да згрешите ако почнете да танцувате. Едноставно станува нешто што ти се пика под кожа и не те држи на место кога ќе слушнеш песна на која знаеш да танцуваш. Мераци :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.210
    Допаѓања:
    106.806
    Пол:
    Женски
    Со танцување до витка става ?

    И тоа како може да се ослаби со овие типови на танци. не се баш едноставни како што изгледаат, цело тело ти е активно и сите мускули!!!!!! А за латино танците, изгледај едно ча ча или фламенко па и танго аргентинско да видиш дали нема да се препотиш додека изиграш.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Со танцување до витка става ?

    Нена веќе подолго време идам на часови по танц, и за оние кои професионално се занимаваат со тоа можеби и се слабее, но за нас кои чисто рекреативно сакаме да танцуваме нема шанси. Ако 2-3 пати во неделата танцуваме по 1 или 2 часа танго аргентино, диско хасл, ча ча ча или др. латино танци, тешко дека ќе симнеме некое кило. Нема многу физичка активност па со тоа и нема нема некое влијание врз линијата.
    Додека пак, бев на само еден час зумба и таму навистина има многу скокање, многу чекори и многу е брзо, па се изморив за 5 мин :lol:
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.210
    Допаѓања:
    106.806
    Пол:
    Женски
    Со танцување до витка става ?

    Јас мислев за она активното танцување. :lol: А за зумбата знам зашто имамдома двд па и јас вежбам ( тешко на тие под мене :lol: :lol: )
     
    На Gargamel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Со танцување до витка става ?

    Еве по нешто за дел од танците кои можеби ве интересираат вас кои сакате да го обликувате телото со помош на танц :lol:

    Зумба – мешавина од латино –американски танци. Зумбата е спој на брзи и спори секвенци, и за еден час танцување зумба можете да согорите од 500 – 800 калории. Доколку имате проблеми со колената избегнувајте ги скоковите кои се составен дел од зумбата.

    Јога денс – претставува медитација по пат на движења. За време на целиот час, телото прави јога вежби и ги придвижува сите 206 коски во телото. Позитивно кај оваа јога вежба е и тоа што се раздвижува рбетот, се поттикнува крвотокот, се зајакнува способноста за координација и концантрација. Со еден час јога денс, можете да потрошите околу 400 калории.

    Хип –хоп – танц кој содржи многу забава. Почнал да се развива во текот на 1970-тите, и се проширува низ целиот свет. Кога танцувате хип –хоп го движите и размрдувате целото тело.

    Салса – вид на танц со потекло од Куба, а името го добил од шпанскиот збор SALSA што значи СОС, што сугерира дека е спој од различни влијанија и танци. Не се согоруваат толку многу калории како претходно споменатите танци, па со брзо танцување ке стопите отприлика 200 – 400 калории. Салсата го подобрува држењето на телото, а бидејки има доста мрдање со задникот, сметам дека е одлична вежба за тој дел од телото. 

    Стомачен танц – движењата при овој танц помагаат при зголемување на протокот на синовијалната течност во зглобовите што помага во ублажување на болките во рамениците. Стомачениот танц ги користи и ги зајакнува мускулите на стомакот, карлицата , вратот...

    Џез денс – модерна техника која корените ги влече од класичниот балет, се базира на балетска техника која е надополнета со слободни танцувачки чекори. Овој вид танц го исправува нерпавилното држење на телото, а за еден час согорувате 300 калории.
     
    На MarchelineAmaru и Caramelle им се допаѓа ова.
  12. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    548
    Со танцување до витка става ?

    Почнувам од вечерваа ;) :D самоо може да постирате некој песнии на кој бии вежбале :angel:
     
  13. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Со танцување до витка става ?

    Јас веке некое време одам на фитнес каде што се вежба преку танцување и можам да кажам дека навистина има резултати посебно за целулитот.
    http://www.youtube.com/watch?v=auB7tfLm ... re=related еве ви песна,има и чекори се надевам ке ви послужат:)
    А јас заминав да вежбам самбаааа.....Ве сакам :*
     
    На maja57 и vlubena им се допаѓа ова.
  14. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Со танцување до витка става ?

    Може да помогне доколку имате добра линија за задржување на истата. Ако некој има вишок килограми не би требало да очекува некое чудо, дека по кратко време ќе дојде до витка линија
     
  15. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Со танцување до витка става ?

    Абе тоа така е .Ама сепак е добро и за кардио вежби и за обликување на телото
     
  16. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Со танцување до витка става ?

    Мислам дека со танцувањето може да се постигнат добри резултати..Посебно со хип-хоп :D
     
  17. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.451
    Со танцување до витка става ?

    Веќе 2 месеци одам на зумба, 2 пати неделно, и еднаш на пилатес...
    Позитивни промени, физички и психички, чуствувам од зумбава...танцување, енергично, саат време само со пауза за вода, па кршиш тело, кршиш снага :D , се потиш, се смееш :D ..... се бањкаш домче и си како бајче... :rofl: ново дете...
    Шала на страна, дава резултати, и тоа видливи за краткичко време...
    тек на душичката колку ми е убаво откако ќе исплешам........тууууууууууууууууу :rofl:
     
    На Gargamel и interesna им се допаѓа ова.
  18. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Со танцување до витка става ?

    Јас одев 5 години на играорна и имавме проби 2 пати неделно по 2 часа, а кога се спремавме за настап или за турнеја имавме секој ден по 2 часа и да ви кажам прекрасно се чувствував кога ќе завршевме со пробите. 2 часа играш,скокаш, се вртиш и какви се не движења правиш, на крајот жива вода испотени, ама со еден куп калории согорени :D Влегуваш како еден човек, а после проба излегуваш како сосема друг, нов човек, е сега малце испотен и мирислив :P ама пак, задоволен, полн со енергија и со чувство на леснина, За некое време се забележуваат резултати - постегнато тело, особено стегнати мускули на нозете и стомакот. Иако веќе 3 години не одам, мускуливе сеуште ми се добри ( но, сепак, многу пешачам - постојано сум на нозе, вежбам и на лето возам велосипед и трчам).Поздрав :hai:
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Со танцување до витка става ?

    Еве видете и Бијонсе се бори против дебелината со танц .
    Убава иницијатива и размрдувачка песна, лет'с мув аур бадис ;)
    Има полесен начин за зацврстување? Мислам дека сепак нема, ем лесно, ем весело, ем размдрано и разгирано :D
    Ево http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 0%BA%D0%B0
     
  20. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    411
    ^^^освен Бијонсе во ист кош може да се стават на прво место Џенифер Лопез потоа и Шакира...прекрасно танцуваат и во своите спотови ги покажуваат своите танцувачки способности.
    Танцот како што некој спомна ги раздрумува сите мускули од телото и се рабира дека со напорно танцување се достигнува виктка става.Јас го обожавам танцот и во слободно време практикувам да денсам на некоја музика со ритам :)