За хип хоп танц што би препорачале, Брејк а лег или Прима данца? Ако има некој информации кое е подобро студио за танц нека пише, тука а може и лп. Неможам да се одлучам
како долгогодишна балерина (танчерка на све и свашта), ако сакаш хип хоп би ти го препорачала Брејк а Лег... Иначе (без да правам никаква реклама) најдобро студио за било каков тип на танц е „БАХ“ ГОРДА сум што сум дел од нив долго време
Немам слушнато за тоа Иначе прашувам бидејќи на пример брејк а лег како што сум слушала се први во натпреварувања, а прима данца после нив(мислам) ама затоа овие повеќе ги гледам на јавни настапи, на пример на М2 играа и слично..
Да, со танцувањето се согоруваат големо количество калории, и сметам дека играњето е доста ефикасно. Се користат сите мускули и се испотуваш максимално (барем у моите случаи)
Девојки супер е играјнево баш сега сабајлево ве прочитав и се мотивирав да играм играв скоро 1 час и стварно енергијата си ја трошиш и супер е за телото сега почесто ќе играм
од искуство играњето на музика со брз ритам може многу да помогне во слабеењето бидејки калории се тршат како луди а и + тоа е и забавно и времето не го осекате кога поминало
Помага, ама не мислете дека ќе станете манекенки. Танцувам околу 10 години (мак,фолклор)-кој видел,знае колку е напорно,, и вежбам сигурно 6 саати секој втор ден . Телото ми е оформено во глобала.. ама оние финеси ,мускулчиња и.т.н ,само со танцување не .. си има техники и вежби за се
Порано имавме група со другарките и постојано праевме кореографии на одредени песни (најчесто рнб - поради ритамот), и да тогаш бев послаба и постегната. Потоа пораснавме и имавме други обврски, па пропадна нашата група... Но сеуште ме држат мускулите и затегнатоста (не колку тогаш, но сепак..) Сега, мноооогу сакам да ја научам кореографијата од Single Ladies Прејака ми е! Ама треба простор и време и пријателки.
Играм веќе еден месец,ослабев 3 килограми!Самба само и готово е ,се чувствувам како да сум друго девојче!
Подобар начин според мене не постои за топење маснотии. Ем се забавуваш , ем си слабееш си го работиш секој мускул од телото. Не мора во студио за танци да се оди, ами пушти си дома некоја дива песна и денсај ! Штета моја шо ми цркна компјутерот инаку знам да си го практикувам ова во мојата соба.
Играм хоп хоп од малечка. Хип хоп и речиси секаков поттип на хип хоп. Започнав со братучетките, кај нив, кај нас дома.. со кореографии, потоа со најдобрите другарки во основно, а како што растев потоа удрив на фристајл и денес слободно можам да кажам дека имам усовршено уникатен, сопствен стил. Запознав помалку и повеќе познати танчери и кореографи од светски рамки и од добро познати филмови со танцување. Не можам без играњето, тоа е дефинитивно моја вечна љубов. Луѓето ми се чудеа како успевав да ја оддржувам фигурата без спортски тренинг, фитнес, аеробик и сл.
дефинитивно да барем по мене резултатите се секогаш видливи практикувам танцување често,и сум слабичка,а сакам да се здебелам
Igram Zumba vo prima danza i se osekjam superrrr ,se zabavuvam i se "topam" [mod-kirilica:1ki9s2ue][/mod-kirilica:1ki9s2ue]
дефенитивно само со танцување јас кога танцував ниту грам масни наслаги немав сега пак треба да почнам ама никако бре пуста мрѕа ама кај и да е морам ама ова зумба е ЗАКОН
Со танцување до витка става - дефинитивно! И ќе си се забавуваш и ќе си оформиш колку-толку витка става. Баш фино, дома ќе си пуштиш музика, и комплетно ќе си се опуштиш...ма прекраснотии! Во продолжение, една интересна зумба кореографија. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 9YvCuLzFHc
Ептен се согласувам ем играш, ем вежбаш, а и подобро е, сите мускули од телото се активни и немет потреба од посебни вежби за рачиња, ноџиња вака се комплет а посебно е стомачен танц Подобро е, само треба време и упорност за да има ефект
девојки потполно се согласувам со тоа дека со денсање можи до витка става еве јас века повеке години го практикувам тоа и многу сум задоволна со моето тело ем витки ем се забавуваме