1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со училишна матура повеќе нема упис на факултетите

Дискусија во 'Образование' започната од Dream-Girl, 23 август 2019.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Само неколку дена пред стартот на уписите, факултетите добија известување дека поради новиот закон за високо образование, овогодинешната генерација на студенти која што не полагала државна матура нема право на упис. Само студентите кои полагале државна матура ќе имаат право годинава да студираат.
    Во прилогот има повеќе информации и детали од револтирани матуранти и од факултетите кои дозволувале упис на студенти кои полагале училишна матура.


    Од моја лична перспектива ова е во ред, да се запишуваат само студенти кои полагале државна матура, но од друга страна не е коректно тоа што буквално 5 до 12 идните бруцоши се известени за ова. Можеби доколку имало порано известување, уште пред да бираме каков тип на матура и кои предмети ќе ги полагаме, одлуката ќе беше на место.
    Што мислите вие во врска со оваа измена, дали ја поддржувате новата одлука на МОН која е дел од новиот закон за високо образование? :)
     
    На Svetoslava, WarriorMind, Shalitra и 4 други им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Не ја поддржувам оваа одлука, бидејќи државната матура не е репер колку навистина некој знае и вреди. Се надевам дека сите сме свесни дека тој што е снаодлив без знаење, со препишување ја положува државната матура и тоа со висока оценка.

    Јас сум повеќе да постои приемен испит на секој факултет (ама без однапред дознаени прашања и со строги тестатори кои нема да дозволат препишување) отколку државна матура.
     
    На tamche995, Snowflake97, Keiner и 34 други им се допаѓа ова.
  3. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Машки
    после 5 години од матура се одлучувам да одам на факс, фала му на бога што имам положена државна матура, иначе и ја ќе го наебев како сите останати...
     
    На eliesaab, sj *O* и La.loca им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Слушнав на видеото дека претходни години што имаат полагано училишна матура/завршен испит тие ќе можат да се запишат, а овие што оваа година полагале не.
     
    На La.loca му/ѝ се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Не подржувам братучетками намерно не отиде државна бидејки не и одеше англиски не дека беше лош ученик.
     
    На Keiner и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    ДА СЕ УКИНЕ ДРЖАВНАТА МАТУРА!
     
    На Waverly Raven, angelche16, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.457
    Допаѓања:
    22.788
    Пол:
    Женски
    Повеќе сум за приемен испит на факултет, отколку државна матура.
    Само така би се направила селекција дали некој аплицирал на соодветно место, отколку стресирање за државна матура по неколку предмети.
    Не дека за приемен би се избегнал стрес, ама ќе се подготвуваш за она што сакаш да го студираш во иднина.
     
    На angelche16, sj *O*, Peperutce1115 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Ова е полошо.
     
    На RainbowButterfly и Srckata28 им се допаѓа ова.
  9. Coco - L

    Coco - L Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    Најдобро решение е да си има приемен испит на факултетите па така подобро ќе се види кој колку знае . А со полагањево на матура каде 99 посто се препишува и се прават нереални оцени е многу не фер и не е вистински показател за тоа кој колкаво знаење поседува.
    А и на матурава добиваш оценки за кои немаш ни увид ни ништо да видиш што си згрешил и дали е правилно оценето или не ( и ова ми е голема глупост ) . За некои предмети што знам многу добив помали оценки од некои што не учат ни малце . Затоа големо НЕ од мене за полагање на матура!
     
    На Shalitra, sj *O*, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    А зашо никаде не пишува освен на тај клип на јутуб?
     
  11. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Јас кога полагав државна,буквално тие што не чуваа не ,,тераа" да препишуваме :) Сите бевме на клупа со телефоните,ги сликавме тетратките и чекавме одговори да ни пратат(што не е за пофалба,но ученици како ученици секако ќе го одберевме полесниот пат за да положиме,плус што ни беше дозволено).
    Ученици кои имаа ЕДВАЈ двојка за да не паднат година положија со 4ки 5ки,после професорите им се дереа зошто си извадил 4-5 (facepalm).Така да,не сум за овој закон,бидејќи матурата апсолутно не е никакво мерило на знаењето(барем кај нас така беше) не можеш ти ученик што се трудел 4 години,бил одличен,да му го мериш знаењето со една оценка од матура,па и да не му дозволиш факултет ако не полагал државна,па уште да го известиш на една недела пред упис на факултет :)(n)
     
    На WarriorMind, sj *O*, RainbowButterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  12. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Ова не е ништо ново. И во мое време(читај пред Христа) мораше да полагаш државна матура ако сакаш да се упишеш на факс. Сите останати си полагаа завршен испит.
     
    На Coco - L, Feminka22 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    52.606
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам. Оценките на државната матура не се воопшто реални. Јас знам многу што препишуваа и добија нереални високи оценки кога полагав, а тие со вистинско знаење имаа изненадувачки ниски оценки. Значи таа матура на никој начин не покажува вистинско знаење.

    Сте спомнале за англиски. Мене што цел живот ми оди англиски и сум имала само 5ки и по некоја 4ка чат пат на матура англиски извадов едвај 3ка. Како и јас не знам, се чудев. Не бев ни единствена.

    Се согласувам и јас со тоа дека треба да има приемни испити на секој факултет наместо матура. Барем ќе учиш нешто што навистина ќе ти треба и ќе се покажиш дали стварно те "бива" за тој факултет, а не вака некој што препишувал да има предност пред некој кој има вистинско знаење.
     
    На sj *O*, Peperutce1115, Coco - L и 4 други им се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Ова не ми е многу верно ке изгубат многу студенти секако а и ке немаат профит бидејки повеке пари збираат од оние со училишна матура како што имам слушнато. Ке и фалат студенти 100 студенти не е мал број како што гледав на телевизија
     
    На Coco - L му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vaterpro

    vaterpro Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    Колку лошо е поставен законот,катастрофа,ај што е донесен после полагањето на матура за оваа година,па и уште училишната матура не важела само за завршените матуранти во 2018/2019, а другите што полагале пред 2018 можи да се запишат.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Нека се укине дур завршам четврта :inlove:
     
    На sj *O*, WildMk, marija305 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Чул те господ 8)(y)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Иако ја полагав државна матура,сепак е многу лошо што вака во 5 за 12 ги известуваат оние кои полагале училишна матура.Според мене е најдобро да има приемен испит,бидејќи државната матура не е никаков показател за тоа кој колку знае бидејќи некаде се препишува на велико,а некаде не како што и би требало да е во секое училиште.
     
  19. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Аааа, ќе си учите!
    И матура, и приемни.
    А од тогаш до сега, се што научив - заборавив.
    Добро не се, ме нема отепано струја, знам 2+1 колку се и улица да поминам, гледаш лево па десно...

    Ама ако бе, научете како да се снаоѓате и дружете се таму, а потоа кој за што ќе го биде - кој како ќе се снајде, секој сам со своето, на своја страна од светот.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    5.289
    Пол:
    Женски
    И јас викам подобро е приемни од државна матура, ама бидејќи не е тоа темата ќе префрлам на соодветната. Да, се согласувам,бидејќи крај краева, сите ќе одевме училишна/завршна и ќе си одевме на факс,ама сепак сметам дека требало порано да известат, не е фер вака, требало да кажат пред полагањето..
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.