Вака не е фер.Ако е работата учениците да учат повеќе,тогаш подобро ќе биде да ја укинат училишната матура.Нека има само државна матура,ама да им се овозможи на учениците полесно да ги совладаат странските јазици.
Па овој закон отсекогаш постоеше и тие што сакаа да продолжат на факултет си полагаа државна матура, тие што не сакаа, завршен испит. Гледам барате приемни испити, а заборавате дека истите беа пред да воведат државна матура. И истата всушност ја воведоа пошто приемните беа ужас и се беше каша попара. За малверзации па да не правиме муабет. Прашајте некои од постарите генерации пред матура, ќе ви кажат најубаво како било. Плус со матурава (државна) можете скоро на сите факултети кои работат по Болоњски систем (читај: Европа) да се запишете. Секаде ви е призната.
Не знам тоа на кој факултет можело. На техничките во Скопје тврдам дека не може. Можда примале после најлошо рангираниот со државна матура за да ги пополнат квотите некаде, и тоа стрикно оние со кофинансирање (400 евра).
Можеше уште во прв уписен рок да се аплицира со завршен испит/училишна матура, па според поените ако имаш среќа можеш да се запишеш. Се гледаа вкупниот број поени, без разлика дали е полагано државна матура или завршен испит/училишна матура.
Не знам ако смениле нешто во последно време, ама јас кога се упишував на факултет државната матура имаше предност пред завршниот испит без разлика на поените. Тие со завршен најчесто и не можеа да се запишат во Скопје, па се запишуваа Штип, Тетово итн, итн. Арно си е направена државната матура. Можеш да ја положиш и со минимално знаење. Во наше време имаше се сеќавам некои глупи прашања за Баобаб дрво што вреѓаа интелегенција. Минимумот секој можеше да го исполни и да положи. Ако не може, и не е за факултетот, најискрено. Најлесниот испит е многу потежок од матурата.
Какви хаоси има во образовниот систем, ова не е ништо. Тестаторите МНОГУ прегледуваат низ прсти. Се диво и живо, сите што едвај ваѓале пролазна оцена положија матура со добри перцентили. Па тие што учеа повеќе испопаѓаа у колапс поради ова. Претпоставените не си ја вршат работата како што треба па од сам старт државната матура пропаѓа со нереални резултати. А со ова известување у 5 до 12 ништо ново. МОН кога објавиле во соодветно време резултати од уписи, стипендии, сместувања за студентски ?
Дали ова важи и за постарите генерации кои немаја државна матура воопшто? Брачедами заврши 2006 средно образование оваа година сакаше да се запиши на Славјанскиот факултет во Битола и конечно да си ја исполни желбата,има некој информација каков е статусот за постарите генерации?
Јас сум од постарите генерации ние немавме државна матура. Може некој да ми објасни што се полага државна матура и што се полага завршен испит? И што всушност треба да се пишува за проектна задача.
На кој ќе му се учи ќе оди државна,на кој не,нема. Единствено лошо во сето ова е што ги известија во пет за дванаесет. Мерката сама по себе не е лоша. Се живо примаат по факултетиве,посебно на УГД.Некој цели 4 години ќе се влече едвај за двојки и после магично ќе завршат факултет. Ако примаат и со завршна,зошто тогаш има државна?Кога секако ќе ги примаат. Никој не е будала да оди државна кога и со завршна ги примаат. Јас дома учив деноноќно за да положам државна,а некој така ќе си оди и полага два предмети и пак на факс ќе е примен. Државна матура е голем стрес. Завршна е воведена баш за ученици кои планираат да завршат со образованието кај средно. Сум за меркава,дефинитивно.
А не ти е криво кога ти си учела за државната матура за да ја положиш, а некој со препишување да положи, па дури и да земе повисоки оценки од твоите? Ама важно државна матура полагал, а не е важно на каков начин ја положил.
Па и на испити е исто. Може во 2те сесии да не го положиш па во третата да го земеш со 9/10. @Dream-Girl , баш сакав да видам што е променето во тежината на матурата од тогаш и сега па отворив Македонски и Англиски јазик (задолжителни) и не гледам никаква разлика од тогашните тестови што јас ги полагав и денешните. Дури и истите/слични прашања се вртат низ годините. Единствена разлика од тогаш е што сега имате плус уште еден екстерен предмет (стручен) за полагање, а ние имавме два интерни тогаш. Не знам и што толку жалби за англиски јазик, кај нас сите го бираа пред математика пошто беше доста полесен. Тогаш и за математика имаше кукање и жалење дека е претешка. Кога отидовме на факултет цел тој материјал го поминавме на првиот час. Матурата е мачкина кашлица спрема она што ве очекува на факултет.
Англиски е целосно изменет тестот од порано, нов тип вежби се, не ми беше тешко и тоа туку сама си утнав јас од невнимателност. Македонски беше најлесно од се што полагав. За биологија си зборев јас. Има една книга за 4та гимназиско што има прашања во неа и до 2017та прашањата на матура биле истите од неа. Многу било полесно да добиеш 5ка и со тоа да си успееш да си имаш супер поени за упис. Од 2017та навака уште ни кажуваат да учиме од таа книга, учевме од таа книга, а материјалот за полагање беше сосема од некаде којзнае кои книги што не ни беа кажани да учиме од нив, а од тие прашања немаше ниедно. Исто било и со третиот екстерен предмет и по другите предмети. Прва личност си што ја среќавам да го брани овој начин на оценување за кој е јавна тајна дека е многу нереален. Ама нема да е интересно сите исто мислење ако имаме за нешто.
Биологија беше катастрофа, англиски ако знаеш беше лесно, ама сепак имаше мн. двосмислени прашања на кои и перфектно да знаеш можеш да се збуниш, бидејќи не бараа знаење на граматика односно литература, буквално логика требаше, ама кога на прашање во кое од 4 понудени одговори, 2 можат да бидат точни, ни логика не помага.. Како и да е, не е реално, бидејќи и добрите ученици можат да кикснат од мн. причини, додека лошите можат мн. јако да препишат.. Ама сепак мислам дека ова ќе беше во ред ако известеа на време, така учениците ќе знаеа дали да полагаат државна или завршна соодветно со нивните намери за факултет.
Неможе некој англиски да бута у јуни што он за 2 месца ли ке го совлада англискио нема шо за 4 ка 5ка. А и самите ученици се фалат дека имало препишување