1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со училишна матура повеќе нема упис на факултетите

Дискусија во 'Образование' започната од Dream-Girl, 23 август 2019.

  1. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Нема смисла до толку од МОН да се замараат да прават нови прашања секоја година.
    Тие прашања си вртат со години.
    И кај нас многу го бираа англискиот пред математика.
    Полагав биологија и јас државна матура. Прашањата беа извадоци од факултетски книги и скрипти по Клеточна биологија, Цигологија, Анатомија и морфологија на растенија. Ова го видов кога почнав на факултет и го учев тој материјал. До средно тоа што се учи не е ни 1% од тоа што ве чека на факултет.
    Ние кога полагавме никој не ни рече еве ви скрипти учете од тука ќе бидат прашањата. За нас постоеја само учебниците Биологија од прва до четврта средно.
     
    На Peperutce1115 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Не препишуваат сите на завршен испит.
    Били јазик не се учи за месец дена ;)
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зашо се бунат, сите препишуваат, внука ми ми кажуваше ученици што имале 2ки, на држвавната сите 5ки, ретко 4ки, им дига просек :D
     
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    @cresa-jagoda јас полагав годинава.Ми се паднаа тестатори кои не ни даваа ни да се завртиме,не пак да препишеме.
    Од друга страна,тестатори на завршна се од самото школо.Добри 80% се паѓаа професор што ти предавал.Мои блиски другарки препишаа на завршен се.
    Ниедна книга немаа прочитано,а добија 4ки.
    Како и да е,темава не е за завршна и државна.
    Идеално решение би било приемен,да.Ептен ќе е идеално ако е и во ред оценуван и направен.
    Се препишува СЕКАДЕ.И на државна и на завршна,секаде.
    Англиски се учи од прво одделение.На некој ќе му оди,на некој,не.И тоа е во ред.Некој ќе киксне од трема или што да е.И тоа е во ред.Јас учев предмет што го немав учено две години пошто не ми беше во програма ама МОРАВ да го полагам.
    Има ученици што одбираат завршна место државна поради некој предмет кој не и оди.И тоа е во ред,сосема разбирам.
    Но пола и повеќе одат завршна оти средно едвај завршиле,не знаат да читаат,а се залетани да се запишат факс.
    Ова го пишувам од мое лично видување.
    Исклучоци секако ќе има.
    Само не ја разбирам целта на државна матура,ако примаат и со завршна. :)
     
    На I.want.to.sleep, Peperutce1115, jolo и 2 други им се допаѓа ова.
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Државната матура носи повеќе поени, бидејќи се полагаат плус 2 предмети, па шансите за упис на факултет се многу, многу поголеми.
     
  6. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    И ако се препишува и сите го знаат тоа,тогаш шо е фората да не пореметуваат вака? Да им се плукнам у државната матура никаво фајде неаме од тоа.
     
    На Peperutce1115 и Mantub им се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Државната матура (за жал), мора да се полага бидејќи е според Болоња, односно се спроведува низ цела Европа..Ама би требало да се спроведува како што треба и кај нас, а не вака, катастрофа е...
     
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Ние се сме само не Европа
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    5.170
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам. Во Европа покрај државна матура идните студенти полагаат и приемен испит при што се прави селекција според нивни можности и интереси.

    А во врска со училишната матура и уписот на факултет, пред некоја година нас од старт ни беше кажано дека за упис на факултет е потребна државна матура. Но, исто имаше ситуации каде се запишуваа студенти со училишна на некои факултети со неисполнет капацитет.
     
    На Peperutce1115, ElenaOfRivendell и Billy Idol им се допаѓа ова.
  10. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Да, скроз се согласувам. Според мене затоа што државната матура мора да се полага баш поради болоњскиот систем би можело да се направи нов концепт со помалку предмети и приемен испит на сите факултети. Со тоа со положена матура секој ќе има доказ за завршено средно, а поените за на факултет да бидат од успехот од средно и плус примениот. За да се спречат евентуални малверзации и препишувања за приемниот (што секако ќе ги има) во подготовката на примените можат да се вклучат и ДИЦ и МОН.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Овоа е една голема мотивација за младите да бегат у Европа, а не да остануват
     
    На truffles и coldbaby им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.454
    Допаѓања:
    165.558
    Пол:
    Женски
    Ептен касно известување. Едно е помали шанси за упис, сосем друго е воопшто да не смеат да извршат упис. Ако сака државата поголема селекција на кој продолжува со високо образование нека врати приемни испити.
     
    На Peperutce1115, nextredstyle, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    2.617
    Пол:
    Женски
    Па ова не е ништо ново.
    И јас кога матурирав имаше некои кои одбраа да не полагаат државна матура туку тој некој завршен тест или така нешто се викаше. И демек немаа право да се запишат на факултет, па еве ги скоро и завршија некои што беа моја генерација.
     
  14. Filip12994

    Filip12994 Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    da ne znae nekoj ako si zavrsil lani ucilisna dali ke moze godinava da se zapises ?
     
  15. Coco - L

    Coco - L Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    Бев на уписи баш на факултет и доаѓаа доста со училишна матура што не се запознаени со работава дека не можат да аплицираат , а со веќе уплатени уплатници за упис . Колку само им беше некако незгодно на професорите да ги враќаат и да им кажуваат дека не може . А и колку само беа зачудени и не запознаени со ситуацијата . Се на се многу бедно и мизерно што им направија вака во последен момент . Срамота..
     
    На Macedonian girl, Amellie13, Peperutce1115 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Може
     
    На Filip12994 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Filip12994

    Filip12994 Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    utre na 29ti ke idam da se zapisam na finki i ke vidam so ke napraam
     
  18. Miki52615

    Miki52615 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    so ucilisna so 2 predmeti ili zavrsna isto 2 predmeta si zavrsuvaat kur gi boli a dodeka tie so drzavna si skubat kosa sto poprvo da zemat da ucat. Sega ke se najde nekoj ke kaze se prepisuva. Da se prepisuva ali ne sekade i ne sekogas nemozes da ojdes bez nisto da si naucil i a ocekuvas deka ke prepises moze da ti se padne strog i da ne prepises padnes taka da sekoj so drzavna matura ima uceno. Fala bogu im tekna na mon da donesat zakon za so ucilisna i zavrsen ispit da ne moze na fakultetite. A ima uste edno nesto treba da napravat bez matematika matura da nemoze upis na tehnickite fakulteti a ne polagaat filozofija i sekakvi gluposti pa se pisaat finki elektro masinski...
    P.S: NEMAM NISTO PROTIV TIE STO SE SO UCILISNA MATURA ILI ZAVRSEN ISPIT ALI DA SI SE RAZBEREME AKO SAKAAT FAKULTET NEKA SI ZEMAT DRZAVNA MATURA I NEKA IZVOLAT NA FAKS
     
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.454
    Допаѓања:
    165.558
    Пол:
    Женски
    Ново е.
    Можеше да извршиш упис на факултетот ама имаше многу помали шанси за влез на факултет, а државна квота скоро невозможно сем ако факултетот не беше прв избор на многу.
    Сега воопшто не можат да аплицираат. А, сите беа свесни за ниските шанси за влегвање во државна квота без матура, ама ете сепак сакале и можеле да си пробаат среќата шо е фер. Можи некој неќи сега да студира и не зема матура ама по 10 години ова ќе му е најголема непромислена грешка зошто неќел да загреј столче 1 сат. И да, еден сат учење, за тие кои вршите gatekeeping на државна матура како да е свето нешто. Еден сат учење и после одење во кафич и место да збораме за серии, дечковци и општо оговарање, зборавме колку ни е тешко дека имаме матура и без препишвање се вадат 4ки во најмала рака. Опуштете се дечки, нека е ова мотивација ако не се смени законов да си полагате државна. Како не врти државата - така играме, јбг.
     
  20. Miki52615

    Miki52615 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Vo pravo si za se osven za toa deka e fer da konkurira so ucilisna sto ima on da konkurira so nas sto sme ucele za drzavna matura i plus vlaga vo konkurencija i za studentski dom i za se. Sega e najfer koga gi presekoa da nemozat da apliciraat toa e vo pravo.