1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со училишна матура повеќе нема упис на факултетите

Дискусија во 'Образование' започната од Dream-Girl, 23 август 2019.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.135
    Допаѓања:
    124.933
    Пол:
    Женски
    Не е фер бидејќи известија во 5 до 12.Требаше порано да кажат.Сега матурантите кукаат.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miki52615

    Miki52615 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Ne e toa tocno. Zakonot ne e od vcera ne e nov od poodamna e doneset od pred 1 godina e a i sekretarot na drzavna komisija i klasniot rakovoditel nas ne izvesto za toj zakon i deka e mozno da nema upis
     
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.135
    Допаѓања:
    124.933
    Пол:
    Женски
    Имаше реакции на револтирани матуранти,а и не е добро кога не се известени 100 посто.
     
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.453
    Допаѓања:
    165.547
    Пол:
    Женски
    Ти аплицираш и ќе влезиш во државна.
    Тој ќе аплицира и нема да влези, приватна ќе е ако успеј да влези и таму оти нема државен.

    Твое право како ученик со положена матура не е ускратено, напротив. Не знам од кај ви иди та себичност да не смеј некој да запиши факултет. Правата на тие кои немаат државна до сега беа посекако многу пониски од тие со државна, шо е најфер шо можи да е. Ова сега е глупо. Мислам сфаќам увреџени ученици кои учеле државна и се ситат на ова. Поентата ми е, ако не ви се учи - не учете, не туку се фрустрирајте.

    Некој ученик Икс вика: "Јас не одам на факултет". По 10-15 години сака да оди на факс ама му велат: "А ти немаш државна матура, да си мислеше навреме или сега плати одредена сума пари". И постари луѓе кога се запишуваат немаат толкави привилегии како тие кои сега запишуваат и тие кои имаат државна матура. Значи ние кои имаме државна посекако имаме upper hand и нема смисла да се фатиме на то дека без матура нема факултет со мизерен gatekeeping attitude.

    Подобро од приемен нема.
    Ти, во овој даден момент имаш доволно предзнаење за избраниот факултет?
    - Да (влегваш)
    - Не (не влегваш)
     
    На Someonespecial, christinnn, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Немам искуство со никакво полагање матура, среќа или не, моја генерација не полагавме ништо.

    Ама читајќи ве вака и јас не се согласувам со законов. Па еве лично јас се разучив откако се запишав на факултет. И пред тоа, во средно бев одлична, ама не со сите петки. Многу забушавав во средно, ќе си бидам искрена. Шетањето ми беше поинтересно.

    Е сега, како мине времето, сѐ повеќе и повеќе учам и тоа ми е нормално, ако сум веќе возрасна. Во тинејџерските години младите не можат секогаш да проценат добро и да одлучат што ќе прават во иднина. Визијата во тие години не е многу јасна и е малку сурово на малолетник да му се запечатува судбината на овој начин.

    Се согласувам да има помали шанси или некакви ограничувања при упис, ама да не може никогаш да продолжи да се образува понатаму, ми е малку сурово.
     
    На Someonespecial, GirlRose, annii и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Keiner

    Keiner Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Не ја поддржувам одлукава во никој случај...Прво за да се донесе ваква одлука треба да бидат известени учениците на време, и положената државна матура не значи успех во никој случај.Јас пред 2 години кога полагав државна матура толку бев нервозна бидејќи не бев сигурна дали ќе стигнам да научам се за да положам...се нервирав конци кинев додека учев, кога отидов да полагам немаше некој што не препишуваше и на крај сите скоро положија..Единствено криво ми беше што губев време барам нешто да научам додека тие што немаа допрено книга извадоа поголеми оцени од мене...Колку матуранти има годинава со завршна матура кој учат а нема да можат да влезат на факултет....Жално е оваа што ни се случува во државава. Кој какви одлуки сака такви и донесува,и кога сака па на сето тоа и не известуваат на време...Бедно....(facepalm)
     
    На cresa-jagoda, Peperutce1115 и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    А извини факултето бесплатен ли е како средното. Не и ти го плакаш и тој со училишна. Ако веке некој има желба да уче факултет зашо да му се ускрате тоа право. Ако не го бива на испити ке пага и години исто. Ама некој 18 годишен што има желба да се запише факс макар и биле лоши оценки од средно можеби утнал смер или слично сака да се покаже на факултет и си поставил насока во животот зошто да му се ускрати тоа право? И тој ке си плаќа факултет нема бесплатно да му е
     
  8. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    2.617
    Пол:
    Женски
    За УКИМ знам дека со училишна матура изминативе години се кажуваше дека нема да се примат, е сега тоа што ги примале од други причини е пропуст на универзитетите.
    И сметам оваа мерка дека е добра, не може некој да спрема матура со месеци однапред, а некој лабаво со училишна и после двајцата на ист факс. Така да, државна матура па упис на факс треба. Дури сум ЗА и за приемен испит.
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.453
    Допаѓања:
    165.547
    Пол:
    Женски
    Не. Средно па упис на факс треба. А, пред факс приемен. Тоа ти е најфер. Преку она дека некој со месеци за матура се спрема.

    Ова е апсолутно не фер ама пошто ќе претпоставам дека никој не прочита шо напишав нема да пишам трет пат. Ако ти се чита наврати се назад и прочитај.

    Еве и јас сум со матура ама не знам од каде толку фрустрирани и себични. Да осакатиш некој за на век ради привилегија и желба за супериорност. Факинг комплекс. Ама не знам зошто се изненадив од цела ова злоба, не знам.
     
    На Someonespecial, nextredstyle, zuto и 4 други им се допаѓа ова.
  10. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    2.617
    Пол:
    Женски
    Кој кого осакатува не ми е јасно? Мора да има селекција како во сите нормални држави!
    На факултет не треба и не смее да се запише секој! Високо образование треба да имаат само најдобрите ученици, а тие што се најдобри сигурно нема да одберат училишна матура, туку државна како сите ние што полагавме и се запишавме на факултет!
    А навикнати сте на "лепе очи" и билдање оцени со скроз одличен, па после други ви се криви што не можете државна матура да решите. Факт е дека има препишување и на државните матури, но не секаде. Исто така беше и со екстерното, но ти ако си научила и си добиеш 5ка со знаеше нема што да те интересира дали другиот препишал и добил 5. А исто така просекот од сите 4 години игра голема улога.
    MATURA (MATURE) - ТЕСТ НА ЗРЕЛОСТ
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.453
    Допаѓања:
    165.547
    Пол:
    Женски
    Преполагај.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    2.617
    Пол:
    Женски
    Драга моја, јас ги положив сите со 5ка и над 90 перцентили.
    Ама јас за разлика од тебе седев и учев,се информирав за се што ми беше потребно на факултет, не ми беше Цацко крив како на тебе.
    Има време ќе созрееш и ти, уште си во пубертет - некој порано,некој подоцна, некој никогаш :)
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.453
    Допаѓања:
    165.547
    Пол:
    Женски
    Реков јас не читаш шо пишам. :lol:
     
    На Purplelilac и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Толку исфрустрираност за некој што одлично поминал на MATURA (MATURE) - ТЕСТ НА ЗРЕЛОСТ (тестов покажувал кој колку е зрел а не кој колку учел 8-|), така малце чудничко. :D
    Кхм.. зрелост=фрустрираност?! :wasntme:
     
    На Someonespecial, nextredstyle и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.453
    Допаѓања:
    165.547
    Пол:
    Женски
    Прпл, ова ти е кога те форсираат од дома да учиш, а ти неќиш и бараш начин да се осеќаш посупериорно од соучениците и почнува да не ти е гајле дека уствари толку омраза држиш за други човечки суштества.

    Ама не се лутам на овие кои се фрустрирани и држат толку злоба во нив, искрено жал ми е. И јас имам мои фрустрации на одредени теми и најискрено сочувствувам зошто знам моите фрустрации колку пати ме оцрнале.

    Ама пак невини ученици страдаат ради неспособна држава и саможивни соученици.
     
    На Someonespecial, nextredstyle, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Miki52615

    Miki52615 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Nikoj ne siri omraza sto sto go podrzuvame zakonot na mon. Ali ubago kaza pogore eden clen nemoze nekoj da uci da se sprema drzavna matura a nekoj da si izlaga po cel den na kafe i da zeme ucilisna ili zavrsen ispit i na kraj na isti fakultet. A da ne zaboravime deka pravi konkurencija i za studentksi dom toj so ucilisna matura. ZAKONOT SI E DOBAR.
    P.S NEMAM NISTO PROTIV TIE SO UCILISNA AMA SO UCILISNA NE SE ZA FAKULTET. NEKA SI ZEMAT DRZAVNA I NEKA SI SE ZAPISAAT
     
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    И еве да претпоставиме сте се запишале на ист факултет. Ти влегуваш во прв уписен рок во државна квота, другиот на среќа фатил слободно место со кофинансирање. Ти почнуваш да забушаваш на факултет заради икс причини, а него баш му се погодила струката и вади на крај поголем просек од тебе. Што тогаш? Зошто да нема шанса да се проба барем?

    Дали мислиш дека нема вакви случаи во реалноста?
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Јас најискрено сум за ова да не се запишуваат тие со училишна матура,потребни се реформи во високото образование и добар чекор е ова.Немаме квалитетно образование и тоа е факт па вака можда ќе се крени малку свеста кај учениците и сите ќе си најдат свој пат,а не секој на факултет и зошто има невработени,зошто имаме лошо здравство и.т.н
    Не може секој да учи факултет тоа е тоа,а последните години диплома може да има секој
     
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Тамче се океј ама пример некој не ојдел англиски поради факто дека не му оде и граматиката му е крш а сака да се запише економски шо има врска англискио со економски факултет?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.135
    Допаѓања:
    124.933
    Пол:
    Женски
    Немојте да мислите дека и на приемните испити не се правеле местенки.Море,системот со врски е стар колку и човештвото.Отсекогаш секој гледал да му помогне на својот.
    Ако мислат дека училишната матура нема вредност,нека ја укинат,па да има само државна,ама државата да обезбеди услови за учениците да го научат Англискиот јазик на полесен начин.