1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со училишна матура повеќе нема упис на факултетите

Дискусија во 'Образование' започната од Dream-Girl, 23 август 2019.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Вие што бевте без матури има над 200 студенти со 100 поени, реално е тоа?
    Со матурата имаше селекција, некој биланс.
    Сега ни биланс ни бутур.
     
    На Billy Idol, Hellobeautiful, ElenaOfRivendell и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Што збориш бе? :D Сериозно ова? А се испотепаа да докажат колку не е мерило матурата. Оф мори мајко (facepalm)
     
    На marija305 и Glowy им се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Приемен ќе беше најдобра опција да се стави кај што има многу пријавени со по 100 поени. Моја добра другарка со 96 поени капацитет невиден беше одбиена од медицински и срце ме боли за неа.
     
    На FightaminC, cresa-jagoda, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Е жалосно е. Допрва ќе се видат последиците.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Па не е мерило, баш, да.
    Ама, пак без матура е мерило?
    Оф мајко. (facepalm)
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Најсериозно, отвори конечен ранг на факултетиве и ќе видиш.
    Матура не е најдобро мерило, ама барем е некакво.
    Секаде ќе беше најдобра опција. Жал ми е за другарка ти.
     
    На ElenaOfRivendell и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Бар се чистеа оние 'на мама и тато'. А вака? Се запишале кај што сакаат, нема место за паметни луѓе како примерот на Кимберли и кога ќе сфатат дека факултет не е правилниот избор за нив, ќе се откажат и ќе одат во фирмата на мама и тато. Овие другите секако остануваат со прст у уста. Штета што ми избришаа многу мислења во темата за матура да им ги шлакнев сега тука.
     
    На ElenaOfRivendell, Glowy и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Какви неписмени се запишале кога видов што цела година не се појавија врскаџии да ти е страв на лекар да идеш сама ќе си се лечам
     
    На Hellobeautiful, ElenaOfRivendell, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Гледај Реално на работите со тоа што тие 100 поени не настанале во оваа учебна година тие си биле и во изминативе 3 години кога не се знаело дека ќе има пандемија и поради тие причини некој професор да подувал успех. Со матурата едниствено нешто што се постигнување не добиваше секој еднакви можности за да се запиши на факултет и да постигни резултат со матурата која беше за некого мајка за некого маќеа.
     
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    @Jana06
    Баш тоа. Жално е што некои кои со една 4ка нема да ги примаат, а некои со 5ки на стара слава се запишаа.
    Факсот е комплицирана работа, енос ќе го видат тоа.
    Само што некои со желба и капацитет нема да се примени, а некои неамбициозни со сите 5ки ќе се отпишат прв семестар и така.
    @Luciferka
    И со матура имаше ученици со 100 поени, ама оваа година е хаос.
    Не е меродавна матурата, да.
    Ама пак имаше некаков ред за разлика од сега.
     
    На Jana06, eliesaab и tinka-mace им се допаѓа ова.
  11. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Жал ми е за другарка ти.
    Инаку, кој стигна се запиша на медицина годинава, поготово во Штип. :x
    Страшно. Страшно.:x
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Ако гледаме реално, кога полагавме матура (зборам за мојата генерација бидејќи знам со сигурност) сите се запишаа кај што сакаа. Не остана некој со добри поени без посакуваниот факултет заради врскаџии. Тие што беа свесни дека не се за факултет си завршија школска матура. А ептен порано кога имаше само приемни, на факултет идеа само тие што учеа, другите не се брукаа да одат на приемни на среќа.
    И немој да збориш за матура ако не си го осетила стресот на спремање и полагање, потење во сред јуни пенкалото ти се лизга од рака што од пот, што од страв, а брзаш да завршиш зашто цела скрипта е тестот. Вие си ги ладевте сега во јуни.
     
    На Pixi5, злоба, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Сметаш дека реални се петките на толку многу матуранти?
    Секој што имаше некоја желба за факултет, а уписот му зависеше многу од матура, се спремаше за истата.
    Матурантите кои се надеваа на препис, кога добија слаби резултати на матура немаа можности, не дека матурата им беше маќеа.
     
    На Kimberly11, Pixi5, злоба и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    На ништо не личеше 200 души со 100 поени на општа медицина, да не се повторувам себе си, пишував во друга тема. Ете немаше матура, океј, ама приемен требаше да има бар. Не влегоа деца со 96 поени. Немаа ниту шанса. Катастрофа.
     
    На cresa-jagoda, wings12, petrova89 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Ко за фалење да е муабетов "секој се запиша кај што сака". Језа дури ме фаќа. Треба да биде "секој се запиша кај што МОЖЕ", односно да се спроведат приемни испити ама буквално на секој факултет и смер.
     
    На cresa-jagoda, Angie1432, wings12 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Златна во право си, на ништо не личи ова ама верувај пола и повеќе ќе сфатат дека се зацапале во нешто од кое појма си немаат. Си прават Бајрам на мозокот дека за неколку години правец во болница во Германија.:rofl: Да, ама ако сакаат да го чистат вц, а не доктори да ми изиграваат.
    Тешко на пациентите во Германија ако стигнале на тоа дереџе од кај нас студенти да ги лечат, се разбира чест на исклучоци.:)
     
    На Angie1432, wings12, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    GirlRose не знам дали си озбилна
    Да секој треба да се запише каде што сака, потоа дали ќе ја искористи таа шанса што му е дадена е веќе друг муабет, сега ќе се направи распределбата кој учи кој не.
     
  18. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Не, не може човек што немал допирна точка со информатика, медицина, јазици да се запише на таков факултет пошо се фатил у тесно на крај на 4та и бирал факс на еци пеци пец. Фаќаш место на некој што стварно има желба да учи на тие факултети. Затоа најдобро е приемен испит, ама слабо дека ќе го видиме тој филм.
     
    На cresa-jagoda, Snow-Star, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Не треба да се запише секој каде сака, требало за тоа да мисли кога учел/не учел во средно. Затоа е и средното.
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace, Hellobeautiful и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Распределбата кој учи кој не, се прави со приемен испит (делумно со матура), а не со можност за студирање.

    Ако одиме со тоа каде што сака, јас сакам на Харвард да студирам, нека ми дадат шанса, па на мене нека е дали ќе ја искористам. (facepalm)
     
    На cresa-jagoda, wings12, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.