1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со што ги xраните вашите миленици??

Дискусија во 'Дом' започната од Alesii, 27 февруари 2012.

  1. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Насловот кажува се...со што ги храните вие вашите миленици...јас моето кутре го хранам со се(сеа освен благо и храна со сол и да со сува храна,бидејки не ја јаде)
    Најчесто му правам леб со салама , јајце ,јогурт ,овесни и лен :D
    со каква ги храните вие??? :)
     
  2. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Јас моето ѕверче го ранам со ориз варен ,макарони мешано со мевце-паштета,виршли,саламче,пилешко и др..
    А иначе јаде наполитанки,витанова-барс со јагода..не можам да дојдам на ред од него..сега јаде јаболка( ги обожава ),проја..палента..и се друго што е убаво..Абе стока права е :* :* :* :* :*
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јаде се што јадам јас.
    Дури и кисели јаболки! Ако ме види мене дека нешто јадам, ќе ми се бутне во уста со муцката за да касне, макар и нешто да не и е по вкус. Многу сака пилешко, и купуваме батаци, па ги вариме и и ги сервираме со лепче, а некогаш и ориз. Обожава ориз! Некогаш и купуваме џигерчиња од оние во конзерва, или пак виршли. Ама виршлите ептен ретко и ги погодувам, затоа што не сака премногу зачинети, го осеќа мирисот и не ги јаде. Леб ретко јаде, ама пржени лепчиња со јајце многу сака.
    И чат пат понекогаш и даваме бисквити. Знам дека не смее какао да јаде, ама еднаш и дадов две мали бисквитчиња со какао и ептен ги бендиса. Можеби затоа што и беше нов вкусот.
    Во глобала, многу е размазена во однос на храната. Ама наша грешка е што од мала така ја научивме - да јаде од убаво поубаво.
     
    На BlackSwan5 и Alesii им се допаѓа ова.
  4. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Најчесто со кучешка храна..не сува,туку тие ко гулаши шо се во конзерва.Разгалена е и не сака сува храна..па затоа татко ми се дешава навечер и да и готви.Јајца,колбавчиња,леб и паштета (сув леб не јаде).Зимно време е ко топче..зошто повеќе се готви дома за разлика од лето,кога живееме на салати.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Моево дебело никад ненајадено самојатче наутро јаде сува храна, една рака полна зрнца.
    Во текот на денот знаеме да му дадеме нешто ако јадеме и ние иако тоа е од стрвност да проба.
    Стандард мајка ми штом дојде од работа и таа го носи лебчето обавезно тој јаде леб му крши залчиња, тоа е стандардна процедура, јаде лебче суво и нема гајле, дури и си има омилени лебчиња, класичниот обичен бел леб не го сака, пекарскиве му се поомилени. И оно знае што е убаво :D
    А навечер јаде или ориз и џигерчиња кои татко ми ги готви на неколку месеци и ги смрзнува потоа во пластични, па цел фрижидер ни е пластични со јадење за Рики, евентуално храна која ние сме ја јаделе но не секоја храна, многу зависи што сме јаделе иако ние не јадеме многу солено и зачинето така да знаеме тоа да му го направиме, му даваме конзерви со туна зашто се здрави или кучешка конзервирана готова храна. Секогаш во голем сад му го ставаме јадењето, дробиме лебче, доставаме топла вода и правиме како манџичка. Некогаш доставаме и пивски квасец лажица до две. Омилено домашно му е сарма :D
    Избегнуваме свинско и мрсно месо, никако коски пилешки, салами не му даваме зошто еден период му купувавме саламчиња за него па се исфрли, а благо многу малку во случај да јадеме па пола залче да му скршнеме но тоа е преретко.
    Инаку овошје обожава се јаде, со нагласок на лубеница летно време, јаде мандарини, банани, јаболко, а зеленчук не обожава многу.
    Како и да е гледаме да јаде различна храна, не го навикнуваме на една и да е што по здрава и затоа е буце, но и го шетаме многу 2-3 пати на ден и тоа убави шетњи, па колку јаде толку и си троши :)
     
    На ceca-1, BlackSwan5, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  6. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    каде има најдобра храна за кучиња, и која цена се движат тие што се 10 кг?
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Кучето ми е многу прибирливо кога се работи за храна,се метнало на сопственикот :) .Кога му дадеме нешто што останало од ручек,ретко што сака да јаде.Така да јас си го хранам најмногу со месо.
    Мачката ми е исто прибирлива.Само салами,колбаси,месо јаде.Исто и паштета и сирење многу обожава.Ама битно,што и да јадам јас мора да мјаука.Еднаш пиев топло чоколадо и овоа почна да ми се доближува до чашата и ми текна да му ставам малку во чиниичката.И овоа го испи а обично млеко не пие.Само со чоколадо внатре :) .И земав му направив топло чоколадо и на него и татко ми кога виде се шекна.Вика,таа кесичка толку за нас стасувала а јас и на мачката давам :lol: .

    А порано едно маче што чував,се јадеше.Ама буквално се.Кикиритките па посебно му се допаѓаа,кога земеше да си ги ропка со забчињата.Исто и еднаш шопска салата му дадовме и јадеше,не ми се веруваше ејј :lol: .А не како ова сегашното маче,само фини јадења.
     
    На BoaVista и Alesii им се допаѓа ова.
  8. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Мачето мое е премногу пребирливо.. супа му давам водичката ќе ја испие, мевцето ќе го изеде а тестенината останува.. и само домашни супи јади.
    обожава колбаси, кренвишли, салами , кашкавали, пилешко, рипчијна.. ама свинско месо не јади :D чудно маче е..
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Мојот мачор е ептен привилигиран и прибирлив кога станува збор за храна. Сегогаш дома имаме сува храна за мачки, која ја јаде најчесто како десерт, никако како главно јадење. Му купуваме и од конзервираната храна, ја јаде, омилена му е таа од дивеч, ама честопати се случувало да се засити од конзервирана храна и недела до две да не сака да ја помириса. Јаде и салами, виршли, кашкавал. Никогаш не јаде чајна, ниту пак сушено месо, а и риба не сака многу. Омилено јадење му е печено пиле, па кога печеме пиле цел ден дежура пред релната. Исто така обожава да јаде и макарони, пире, мусака, џигерчиња и ориз. Лебче не сака никако, го познава дури и ако му е помешано со нешто.
    Кучето исто така е прибирливо, ама не до толку како мачорот. Конзервираната храна не ја сака многу, ама затоа пак сувата храна ја обожава. На кучето обично му даваме од она што јадеме ние, многу често им купуваме стекчиња и батаци, па им ги вариме. Како само слатко крши коски, од милина да го гледаш.
     
    На Alesii, BlackSwan5 и rossonerka им се допаѓа ова.
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Мојава прасица се замишља дека е принцеза, па пребира поише од човек.
    Сува храна никако не јаде, само ќе ја помириса, на лево круг и не ја јаде па макар и три дена гладувала.
    Онаа во конзерви ја џвакаше и преџвакуваше по 10 пати додека да проголта, и само по неколку залци ќе каснеше и толку.
    Ориз јаде, ама и него не му има некој мерак, го јаде ради реда, ако е само ориз со морков варен, али ако е варен со коски или џигери, е тогаш и е по ќеиф.

    А бидејќи мора обилно да ја храниме, би банкротирале кога секој ден одделен оброк од 700-800 грама со месо би се готвел за неа, ја храниме со сува храна комбинирана со остатокот од ручекот.
    Дали месо, манџа, компири, супа сеедно ќе и помешаме со сувата храна и јаде. Кога нема ручек дома во нејзината сува храна обавезно се додава неколку парчиња салама, ситно сецкани и поголемо парче сирење изгмечено.

    Салама обожава, поготово овие на Пертуна, абе цело црево за 20 секунди ќе го снема, виршли такоџе, сирење уффф оргазми и предизвикува. Невиден мерак и кога ќе и дадеш од тоа што јадеш, а за тоа време седи и упорно во очи те гледа. Стрвла невидена е, јадев маслинки, и и дадов, намерно мислејќи дека нема да ја изеде, ја изеде па дури и уште бара.
    Исто обожава и тестенини, поготово шпагети, со малце сирење, и ја лиже чинијата.
    Кога готвиме во кујна седи пред фрижидер и ако нешто падне на плочите, се става у улога на правосмукалка и собира, а ако нешто има доле а не видела кога паднало, не го јаде за жива глава, или доколку не и покажеш и насочиш да го изеде.

    Во главно поише сака домашна готвена храна, отколку купечка, додуша купечката не ја ни јаде, протестира со глад, па мора да ја залажуваме.
     
    На BlackSwan5 и Alesii им се допаѓа ова.
  11. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    храната има ли големо влијание врз крзното на кучето, зошто не го хранам со специјала храна за кучиња па ме интересира да не, не влијае позитивно врз него и крзното а се сеуште не му е сменето...?
     
  12. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Со храна за кучиа му давам и домашно а ко че немам ништо му правам млеко со леб и го јаде многу :D :D
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dalika1

    dalika1 Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    7
    Со готова,сува храна ја купувам од ветеринарната
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    180
    моево куче све јаде само кучешка храна не :lol: ако треба леп и ајвар или луто ке јаде али тоа не :rofl:
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Во специјална храна за кучиња ја има во сите поголеми маркети и тоа во повеке вида.коски,месо ако остане манџи тоа.....
     
  16. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Јас моето кукле си го хранам најчесто со храна за кучиња и леб и салама. Ама многу е разгалена и прибирлива, прави инает и ако не и се допаѓа храната може и цел ден за инает да не јаде. Знае и таа дека тоа што е поскапо е поубаво. :D Ама толку е мила што ми е жал да и викам или и јас да и се инаетам. :|
    Многу сака сув леб што крцка, исто и коски и секаков вид на месо, многу јаде зеленчук и овошје, смоки, соленки, редовно си пие и млеко и речиси се што јадеме и ние. Само благо не и давам, бидејќи знам дека е штетно. :)
     
  17. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Дечко ми доби на подарок пред 2 недели кученце мало старо е само 1.5 месец. (незнам која раса е но ни кажаа дека мало по раст ќе било, спомнаа нешто минка но незнам дали е тоа раса не се разбирам од кучиња :tmi: )

    Го храниме со млеко, кучешка храна му купивме (јуниор некоја), му давале и ориз да јаде ама не го јаде, правевме скара па му давав јас ќебапчиња, како топче стана :rofl: , а многу е стрвно. Незнам дали е исправно уште е мало а му даваме се. :)
     
  18. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    ^ Рано е уште за месо, т.е. можеш ама некоја полесна храна пр бело месо или риба :) да,да мн сакаат риба, исклучиво исчистена од коски. За млеко и не сум баш сигурна, моево пролив фаќа (давај му јогурт или кисело млеко), коски давај му чат-пат,штетно е за стомачето. Ако можеш гледај да го научиш претежно на сува храна, royal canin e најдобра ама и најскаопа :!: Кога ќе потпорасне почнете и со скара,ќебапчиња ама гледај да не јаде мн свинско.
    Едит: до 3 месеци 4 оброци на ден
    од 3 до 6 месеци 3 оброци на ден
    од 6 до 12 месеци 2 оброка на ден
    над 12 месеци 1 оброк на ден.
     
    На Alesii и ana-banana им се допаѓа ова.
  19. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Xрана за кучиња (и сува и од конзерви),леб,манџи и се што јадам јас.Се што ќе пикнам во уста мора и он.Некогаш си мислам и камења да јадам и он ќе јаде. :D
    Ама сега ми помага и во диетата,заедно со мене си јаде диетални бисквити 8)
     
  20. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Мојов принц :$ уште малку ќе напуни три годинки ,ама сепак му давам 2 пати да јаде на ден..Мислам дека му е малку еднаш..И башка кога некој од дома јаде,си прима тезги и од нив..Ама ич не му се познава..Пак е слаб..му викам ех како не бев ја ко тебе,цел ден да јадам,а да не се познава на мене...(ко демек он нешто разбира) :rofl: