Давај му слободно Оброците во зависност од возраста ги препишав од книшката на моево ние имаме 5 години и скоро 8 месеци па јаде по неколку пати на ден и + јас кога јадам, нели неизбежно е и тогаш да ги нахраниш особено кога ќе ја направат таа мила фацка Најправилно е како што пишав ама кој ке се придржува кога се тооолку мили
Јас моето маченце го хранам со тоа ние што јадеме. Секој ден млеко ЗАДОЛЖИТЕЛНО пие и тоа многу. Рибчиња му давам, таква храна што има повеќе витамини и сега какви обрашчиња ги направи се поправи а какво беше јадното ко мојава шака хахах. Буце е сега
Главно му даваме храна за кучиња, но знам да му фрлам морковче, лепче итн. Е сега, сакав да прашам дали некој знае и може да ми каже дали Chappie е добра и квалитетна храна. На многу места прочитав дека е ефтина и не е препорачлива за кучиња, ама ајде и тука да слушнам мислење од вас.
Сакам да ве прашам нешто. Кученцето на комшиите има околу 7-8 месеци и сега во летниов период неќе да јаде, не е болно ,барем не изгледа така, ама за разлика од пред 2-3 месеци помалку јаде .Прашањето ми беше дали некој знае што треба да му даваат да јаде сега овој период? Инаку кученцето е мешано со пекинезер,мал раст.
кучето го хранам со паштети млеко пресно кисело супи од копани нормално со месо мачорчето со мачешка храна-баш вака личи моето мачорче мн.е сладок
Не сум сигурна, ама мислам дека му е од топлово време. И кучето на една моја другарка исто не сака да јаде, баш од кога почнаа пеколниве денови. Претпоставувам дека е од тоа.
Јас на мојава крајот не можам да и го најдам! Вчера јадеше сирење. Сирење бе! Купивме цела канта овчо сирење, па ајде да го пробаме. Не гледа како јадеме, се ѕвери, рипка по нас, и ајде викам да и дадам едно парче колку да види дека не е тоа за нејзе. Го изеде парчето, па уште едно, па уште едно... Сестра ми зимоска ајвар ја ранеше. Коски не сака, сирење сака. Дулче, нашево кутре обожава чапи. Не знам тато од каде ги купи претходните, ама еве веќе ги потрошивме, а вреќата е од 3kg. За тоа дека биле штетни прв пат слушам, ние еве колку време ја раниме со тоа, ништо не и е. На етикетата пишува дека во составот има протеини, масти, јаглени хидрати и такви важни состојки. Брзо ја заситуваат, а она сака така да си грицка од нив. На пример тазе лепче не јаде, туку суво го јаде. Ќе го фати меѓу шепи и си грицка. Остри заби.
Јас прочитав дека содржи многу конзерванси и затоа го сакаат. Не знам, од толку зборување некако ми е страв да му купам таква.
Aбе куче се јаде, па и сиренце си сакаат инаку сака мојата грицки, па и купувам купечки грицки од OTTO мислам се вика, како коска бисвити специјални, 70тина денари се 15 има внатре, си ги јаде супер и се. од педигрее исто така нешто за грицки и зимаме, и обични крекери секакви јаде. смее и човечка бисквита, нив највеќе ги сака, дневно 2 и даваме, смее ја прашав доберман и урми многу јаде, значи и урми и даваме чат пат A кога ќе украде од маса чоколадца и наполитанки, може да се радува, знам дека не смее да јадат колачиња чоколади бомбони, ама во невнимание знае да украде чат пат, фала богу не е слепо после сето тоа благо што го има изедено
Леле остај тоа со благото..Секој ден жива се јадам од тоа да не ми фати шеќерна болест,па да не ослепе,да не умре...Пу-пу-пу..Не дај боже..Ама неможам бре човече коа ќе го напраи тоа наивно фациче,не можеш а да не му дадеш да си касне благичко..Па еден живот му е бе па башка и не живеат долго..Е има се да му давам,дозволувам..Додека си е жив...После нема враќање...
Имам 6 годишен мачор и го хранам со конзерви мачешка храна , сува храна не го најадува -.- само јаде и јаде Морав да редактирам - омилена храна на мојов мачор му се пиперки
Папагалчето ми јаде витамински трошкички. Не знам што и како се, баба ми му ги купува. Понекогаш знае да му свари јајце, или му става морковче, марулче и тоа си каска. Мачките јадат или конзервирана храна за мачки - тоа поретко, или оние сувине што се како крекерчиња. А исто така и со манџички со лепче од ручекот, ковчиња и мевце од пилешко и слично...
Двете кучиња и мачката кој ги чуваме во викендицата јадат се. А папагалчето го хранам со просо збогатено со витамини.
Во последно време на мојата мачка и купувам од оние храните во конзерва. Сувата храна изгледа почна да и се здосадува, па сега воопшто не може да ја смисли. Одбива да ја јаде, па заради тоа малку ослабе. Пробав да и го сменам вкусот, различни да купувам но ништо. Добро е, сега си јаде од конзервираната храна, а понекогаш и давам и млеко.
Со сува храна односно со Ројал Канин .Покрај тоа два пати во неделата и варам или пржам јајце ,или и спремам ориз со морков и пилешко .Посластици несака многу многу освен оние што се од пресувана кожа да си ги грицка како занимација .а да и јаболко и банана исто така јаде.
Кучето мое се јаде- Салама, виршли, ориз, макарони, месо, леб .. најмногу коски.. А иначе му купувам посебна храна од продавниците за животни.
Читам некои тука...како се што вие јадете им давате и на кучињата? Не мислите дека тоа е премногу нездрава и зачинета храна за нив? Готвено специјално за него може, ама остаток од ручекот никако не треба да се дава! Јас моето го хранам со сува храна, Ројал Канин. Повремено и давам јогуртче, овошје, зеленчук, пилешко варено, риба, јајце, Педигри бисквитки, ама се како ужинка. Оброците и се само дехидрат.