1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со што ги xраните вашите миленици??

Дискусија во 'Дом' започната од Alesii, 27 февруари 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    кучето јаде се ..ама најчесто го хранам со коски,месо и храна за кучиња...
     
  2. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Храна за кучиња, леб со паштета, салама, некои манџи што останале од нас после ручек, скоро се шо јадеме ние и она :D (женско е моето милениче :lol: )
     
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    До 12 месеци ти е во ред,ама над 12 имаш повторно 2 оброка на ден,оавен ако не го држиш кучето на диета. ;)
    Апсолутно така.
    Ќе речете,уличните кучиња јадат од контењер,и мислите дека тоа е во ред?,,Живееле долго,ништо не им било иако јаделе од кантите за отпадоци,,.Верувајте не е така.
    Квалитетната храна се исплати,инвестирајте во вашето милениче денес,за да утре ви е мирна главата.
    За да имате здрав миленик,подобро хранете го квалитетно него со остатоците.
    Пред јас да го земам моето кутре,знаете само колку малку влакна имаше,колку жолто крзно,колку малку енергија,жолти запчиња?
    Откако јас почнав да го хранам,и крзно се смени,и забчињата се изчистија,и се остало. Е сега,не викам не,вистина не е во храната се,има некои што прерано умреле или заболеле а се добро чувани и негувани,ама исто како што ако знаеш дека благо,газирани пијалоци,брза храна,можат да бидат штетни,и може да се добија дијабетес,прекумерна тежина,подуеност,зависност,така е и со храната за милениците.
    Сепак,дијабетесот се појавува и без да претераме понекогаш со благо,може од стрес,од многу причини,ама во глобала од преголемо количество на шеќер,нели?
    Се надевам ќе ме разберете.
    Инаку ај да си кажам и јас.
    Јас го хранам,уствари сите миленици до сега што сум ги имала,мачки и еве сега куче,со дехидрат,сува храна според возраста.
    Зошто моето е малечко,го хранам со храна наметена за мали кучиња,папи значи или џуниор,би требало да има ознака на паковката за храна.Го хранам со ројал канин,која е доста јака и една од најквалитетните храни,може е поскапа,ама се исплати.
    Ќе постнам слики,да ја видите разликата и во крзно и белината,за само две месеци како ново куче да имам.
    И не им давајте бе млеко на кутрите души,(ова за мачињата и кучињата).
    Моето, еднаш баба ми му даде, го испи цело и имаше пролив.
    Исто и сиреше,може јогурт во мали количини или кисело млеко.
     
  4. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Имам еден мачор и само виршли и сардини јаде. :lol:
     
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Уште првиот ден кога го земав мојот убавец, претерано многу внимавам околу неговата исхрана а богами и голем дел од буџетот за тоа одвојувам.
    Пораснавме со Пурина Про План, папи формула од лосос, уште кога го земав му купив вреќа беше 13-14кг и ни траеше месец ипол, скоро два. Презадоволна сум од храната, точно дека е многу солена цената со оглед на тоа што 4000ден ме кошташе вреќата, ама е многу квалитетна. Повеќе ми се исплати да му давам квалитетна храна со сите потребни витамини, одошто некоја со среден квалитет и дополнително да му купувам витамини и слични додатоци во исхраната.

    Подоцна го хранев со Ројал Канин медиум формула и иако храната е квалитетна, не ја обожава толку па мора да сменам. Пробував земајќи рефус различни храни, па во дилема сум што да пробаме следно.

    Наутро му давам од дехидратот, потопен во супа, јогурт, а понекогаш и сув измешан со мевце за да му мириса и да си го изеде со сласт.

    Поручек знам да му дадам месо, дали пилешко, телешко, понекогаш мисиркино специјално за него купено, измешано со леб, супа со зеленчук за да ги има сите потребни витамини. Многу често татко ми дека сака риболов, му лови рибички па со оглед на тоа дека е хаска он си ги обожава. Му ги вариме посебно за него, и си ги јаде варени. Често му и давам ориз, варен измешан со туна. Му давам и сардина конзерва . За влакното му давам варено јајце еднаш неделно.

    Од овошје сака и јаде, зеленчук не сака многу.. Често му купувам грицки за кучиња, има едни што многу ги јаде. Знам да му земам и конзерви за кучиња, ама гледам да избегнувам дека не се воопшто добри, имаат само 2-3% месо.

    Знам да му дадам кога ние имаме нешто за јадење, доколку не е многу зачинето. Сирење исто си сака, па понекогаш му давам.
    Инаку благо млеко никако не му давам, само кисело. Благи работи исто не доаѓаат во обзир, за негово добро..

    За вечера, дека трипати сеуште му давам дневно да јаде, зависи кога како. Знам да му дадам и леб и салама, или паштета иако и тоа не е многу хранливо.
    Нормално свежа вода секогаш на лагер и тоа е тоа.
     
  6. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Па со се, ама најмногу си сака домашни манџички со ориз, риба, мелено месо, пилешко, телешко. Салами, виршли и такви други работи не сака многу, и храна од конзерва не обожава многу ама ја јаде.
     
  7. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Ние уште се раниме со ројал канинот за бебенца,иако имаме цели 9 месеци.
    Сеуште крцкаме од оние најмалите крокети.
    Некогаш му давам кисело млеко или јогурт,никогаш не му мешам со крокетите,зошто не ги сака така.
    Коски телешки,има барем еднаш неделно,пилешки не му давам никако.
    Јајце,исто два пати неделно,само белката му ја давам.
    Благо,му е строго забрането иако е луд по чоколадни колачиња.
    Сирење,му давам многу ретко.
    Од овошје и зеленчук јаде,краставица,домат,јаболко,грозје јаде,ама не му давам,сам си каснува од дворот имаме грозје и кога ќе падне некое сам си го зима(периодов).
    И тоа е тоа.Не му мешам многу,повеќе е на сува храна,зошто е комплетна и е доста калорична.
    И секако,свежа вода постојано,му давав ладна кога беше потопло,сега има посебна за него.
     
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Грицки со млака водичка,колку да му се растопат,грицки со јогурт,лебче со јогурт,лебче со вода,варен компир испасиран со кисело млеко понекогаш,лебче со манџа некоја (да речеме еднаш неделно,дека несмееме зачинето),грицки со лебче и кисело млеко.... :)
    И штом ги помириса грицкиве,рипа накај нив,ептен ги сака,за разлика од претходната моја лепотица. :D :D
     
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Мислиш на дехигрирана храна?
    [​IMG]
     
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Најдобронамерен совет леб, паштети, виршли и остатоци од вашата храна никако на милениците. Лебот е полн со скроб, а желудочните киселини, на кучињата особено, не се носат баш најдобро во преработката на истите, па давајќи тазе леб не го храните вашиот миленик туку само му го полните и оптеретувате желудникот. Друга работа е квасецот кој им предизвикува киселини и хаос на цревата. Ако веќе сакате или морате да давате леб, препечете го, на хартија за печење 15-20 минути во рерна и доаѓа како двопек, на овој начин колку толку се избегнуваат несаканите дејствија.
    Паштетите и другите месести преработки не ги препорачува заради тоа што се преполни со зачини, сол и разни други адитиви кои исто така ужасно влијаат врз функционирањето на дигестивниот трак а потоа и врз целиот организам, може фатално да се одразат на крзното, слухот и видот на миленикот. Ако веќе сакате да му давате ужинки и посластици подобро земете пилешки џигер окулу 80-90 ден. килограм, кратко обарен е одлично да се дава, многу е здрав а е милион пати подобро отколку било какви паштети, салами, виршли...

    Јас моите кучиња ги хранам со дехидрант + домашно готвена (специјално за нив) храна. Моментално јадат поефтин дехидрант но затоа на неделна база им балансирам со готвење, па така во нивните манџи има пилешки/телешки џигер, батаци, говетско, ретко свинско, риба, ориз, палента, морков, пипер, патлиџан, магдонос, цвекло ... Буквално се што е дозволено да јадат и нормално што мојот џеб може да си дозволи.
    Воопшто не верувам во дехидрантите, но ги давам зошто морам, чувам три големи кучиња и само со готвена не е финансиски изводливо, па затоа на овој начин се трудам да примаат се што им е потребно за да имам здрави и среќни миленичиња.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    Cо месо :D .Tоа сакаат,значи колбаси,шунки,рипчиња,кокошки абре леб во уста не се става.A едно од мачињата јаде и благо,конкуренција ми е дома :P
     
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Смеам ли да му давам на кученцето овошје? Или и фруктозата пречи?
     
  13. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Смееш,но секако зависи што.Грозје никако не му давај,може лубеница,јаболко, или било што друго.
     
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Скоро се јаде...ама најмногу паштети и секако месо обожава :D
     
  15. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    149
    Моите мачиња скоро се јадеа, највеќе салама, лепче, леќа...И од нивната храна..
     
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Кога имав куче го ранев со кучешка храна и месо, ама тоа беше кога беше околу 2/3 месеци.
    После тоа јадеше се.
    Ама сепак куче е, и мора да му се даде коска.
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Со што ги храните кучињата? Додавате зеленчук во нив?
    Јас како што ми кажувале тука и таму, знам дека Ројал канинот е здрава, но се држам цврсто за домашната храна што можеме да им ја направиме на нашите кучиња. :)
    Што мислите вие?
     
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Храна за кучиња

    Јас на моето куче која храна да му ја давам (повеќе домашно) му додавам лушпи од јајце бидеќи содржат многу витамини.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Тоа што јадеме ние и он јаде. :D Ама најчесто кучешка храна.
     
  20. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    1.582
    Пол:
    Женски
    На почетокот и дававме педигре,ама некако не ја сакаше и сега се си јаде..тоа што јадеме ние и таа исто :D