1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со што ги xраните вашите миленици??

Дискусија во 'Дом' започната од Alesii, 27 февруари 2012.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Исклучиво со месо,рибино или пилешко.Не е виновен мачорот за ваквото мени,туку тој што му го подготвил :D
     
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Им давам ориз, месо, риба... :)
     
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Кучето го ранев со коски, паштети, пире и некои други такви работи. Плус му купував специјална храна за кучиња, многу ја сакаше таа. И млеко му давав по 2 пати на ден додека беше мало. После тоа намали со млекото, пиеше само два-три пати неделно.
     
  4. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.472
    Пол:
    Женски
    Моево маченце за јадење е како швајцарски часовник, обавезно ме буди во 9 наутро и и давам сува храна за мачиња, а потоа јаде точно во 17 часот, е тогаш и даваме тоа што имало за ручек, си јаде се :) Навечер некогаш јаде некогаш не, а и да не забоварам многу сака да јаде варена тиква :D
     
  5. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ќе биде убаво кога би пишувале и која раса е миленичето, или барем дали се работи за мал или голем раст.
    Јас мачето (има 7 месеци) главно го хранам со whiskas junior сувата храна а понекогаш и таа како чорба која премногу ја обожава.Друга храна за мали мачиња досега не сум нашла. (Доколку некој знае за друга нека ме извести). Понекогаш му даваме од тоа што го јадеме, особено кога се вртка наоколу додека јадеме, ама повеќе се работи за стрвност, па каснува колку да проба. Она што обожава е и благото, го јаде ептен со сласт. И да, кога ќе начека краде од храната на кучето :).

    Кучето, инаку германски овчар, исто има 7 месеци, го хранам со ројал канин Повремено си јаде овошје кога ќе најде низ двор, а од нас овој период добива мандарини и грицки (оние за награда што се). Плус и калциум му даваме.
    Пред да го земам ветеринарот ми објасни дека треба да му давам или сува храна или готвена, ама специјално за него (варено месо) без никакви зачини, и дека и во двата случаи ќе ме чини околу 50-60 евра месечно, а ќе биде исто хранливо. Бидејќи ние не стигаме да зготвиме ни за нас што се вика, се одлучивме за сувата храна. Па така откако го земав, на 4 месеци цело време е на таа храна.
    Во однос на грозјето баш го прашав ветеринарот, дали смее да јаде бидејќи само си наоѓа во двор, и ми рече дека слободно може да јаде овошје. Пилешки коски никако не смеат да се даваат, а за други ми рече сега да не му давам заради забите. До душа моево цело време гриза нешто, па тешко дека коската ќе му влијае полошо :D
    Стојам зад тоа дека квалитетната храна е од големо значење, како за изгледот така и за здравјето. Ветеринаров кога го виде кучето после 2 месеци беше воодушевен, бидејќи претходно, пред да го земеме го хранеле со сува храна меѓутоа не квалитетна.
    И ако е битно, мачето има секогаш храна во чинијата, само му се дотура :) , а на кучето му даваме 2 пати на ден.
     

    Прикачени фајлови:

    • 321090_0.JPG
      321090_0.JPG
      Големина на фајлот:
      49,7 KB
      Прегледи:
      162
    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      10,5 KB
      Прегледи:
      162
    • 5153b678aa1f02.57943661.jpeg
      5153b678aa1f02.57943661.jpeg
      Големина на фајлот:
      139,9 KB
      Прегледи:
      164
  6. Crystals21

    Crystals21 Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    64
    Некогаш со храна за мачки а некогаш со риба, остатоците од храната на братучедка ми (ги обожава), од сабајле и даваме попара.... и тоа.
     
  7. Schmetterling4

    Schmetterling4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Со педигре џуниор бидејќи уште е мала нема годинка.Но бидејќи е мини пинч не ми препорачаа да и давам друга храна освен купечкава.Претходно сестрами ја чуваше мајката на моето кученце и кога ќе јадеа секогаш и даваа од храната и еднаш си заврши на ветеринар од таа храна.Бидејќи се мали многу и мали црева имале незнам како но храната не можела да и помине низ цревцата па примаше и некои инекции. :)
     
  8. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    мачката моја (5 години) ја хранам со домашна храна, истото што јадеме и ние-све си јаде и она, но кога нема нешто што би јадела и давам сува храна за мачки од Кам маркет со пилешко жолта кутија од 1 кг, не ми текнува како се викаше а е 105 денари
     
  9. love-it

    love-it Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    78
    Моето куче (3 месеци) му купувам храна од оние продавниците за кучиња
    Незнам зошто но кога и да јаде нешто домашно повраќа :puke:
     
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.030
    Мачката ја храниме со пилешко месо, сува храна, вискас од тие во пакетчиња по 100 гр што се... јаде диња, свеж кокос, зденка и кашкавал (едам, други не)... понекогаш пие малце млеко. Кога јадам задолжително проверува, па ако и се допадне и` давам. :) Си ја сакам најмногу. :)
    Зајчето го храниме со свежа храна. Јаде моркови, краставици, благ пипер, листовите од свеж кромид, спанаќ. Не јаде зелка... еднаш јадеше и кашкавал... чуден ни е зајаков. :D
    Кучето го храниме со сува храна за кучиња, месо, конзерви разни. Не му даваме коски.
     
  11. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    10 човечки производи опасни за кучињата и мачињата
    Чоколадо
    Благите работи можат да бидат многу опасни за вашите домашни миленици и затоа треба да се избегнуваат. Чоколадите, особено оние со поголем процент на какао содржат теобромид – хемикалија што може да ги оштети срцето, белите дробови и бубрезите на животните.

    Алкохол

    Алкохолните пијалоци содржат етанол, состојка која телото брзо ја апсорбира, а е многу штетна за сите животни. Оваа состојка може да предизвика големи оштетувања на респираторниот како и на централниот нервен систем на вашиот домашен миленик.

    Нараснато тесто
    Токму како и алкохолот, и нараснатото тесто содржи етанол кој е штетен за организмот на животните. Но нараснатото тесто животните многу тешко го варат и исто така може да доведе до пореметување на системот за варење проследено со тромавост и поспаност.

    Грозје и суво грозје
    Само четири до пет зрна од ова овошје се доволни вашето куче или маче сериозно да се разболат. Иако точната причина не е позната, ова, за луѓето многу здраво овошје може да предизвика откажување на бубрезите како и лоши нуспојави како тромавост и болки во пределот на стомакот.

    Шеќер
    Благите јадења што содржат природен или заменски шеќер можат да бидат многу опасни за животните. Тие предизвикуваат нагло кревање на шеќерот во крвта, губење на координацијата па дури и напади. Вештачките засладувачи пак предизвикуваат засилено лачење на инсулин што може да доведе до оштетување и до затајување на црниот дроб.

    Сол
    Додека човечката храна ја прави повкусна, на кучињата овој зачин може да им создаде големи здравствени компликации. Солта кај нив предизвикува засилена жед и мокрење, а може да предизвика и труење проследено со повраќање, покачена температура и треперење.

    Кромид, лук и власец
    Иако се полни со витамини и минерали, тие кај кучињата, а особено кај мачките можат да предизвикаат силни реакции. Ги уништуваат црвените крвни зрнца а тоа може да доведе до анемија, губење на телесната тежина, воспаление на непцата, повраќање и пролив.

    Семки
    Семките од овошјето содржат цијанид, отров кој во мали количини не е штетен за луѓето, но тоа не важи и за домашните миленици. Труењето е проследено со хипервентилација, повраќање, иритација на кожата па дури и со срцева аритмија.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Хрчачето го хранам со бадеми,ф`стаци,морковче и многу малку салата,виршла,кашкавалче.. :D
    Најубава е :!: :l: :smirk:
     
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.193
    Пол:
    Женски
    Манџа, млеко, кучешка храна. :)
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Дехидрат Brit - Care - Puppy All breed - Lamb And Rice и и’ варам мелено пилешко со морков. :) A, и’ давам и јаболки, лубеница еднаш дури јадеше, не варен морков. Се’ сака да проба, гурманче како мене е! :D
     
  15. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Мачката ја хранам со ручекот наш. Се си јаде што јадеме и ние. Секако преферира кисело млеко или јогуртче со лепче, пржени или печени компири, полнети пиперки, сарма, ориз на тава, ослич, боранија, грашок итн. освен грав и зелка. Манџите му ги дробам со лепче, а другото така си јаде. Кога немам асално домашно, имам при рака кутии со храна, онаа Даја од кам со пилешко, или конзерви Фрискис од пилешко, може и кесички ако не сум при пари во моментот
     
  16. SouthParkFan

    SouthParkFan Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    24
    моето маче со ништо посебно млеко му давам и леб а некогаш и месо
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    ^ Немој млеко! Многу е лошо за мачките, иако има на цртаните. Млекото може да предизвика згојување и дијабетес. Давај му сува мачешка храна подобро. Daya јас давам на мојата мачка и супер е. Не е нешто многу скапа, во Кам ја има. Ако сакаш здраво маче што долго ќе живее, послушај ме.
     
  18. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    кучешка храна,конзерви,пилешко месо,леб млеко многу коски и бисквитчиња како награда нормално ако заслужи :D :D :D
    А сакам да прашам дали на куче може да му се дава млеко во прав посебно е за кучиња и мачки која се купува од пет шоп односно да прашам дали е здраво тоа или предизвикува некои компликации со здравјето??
    Ви благодарам однапред :) :) :)
     
  19. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Што јадеме ние тоа и кучето. Никогаш не сме купувале посебна кучешка храна.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    тоа колку е убаво толку е и неубаво зошто нашата храна е многу мрсна и кучето треба да оди редовно на стегање на жлездите и во нашата храна нема се што му е потребно на кучето за да се развива убаво на пример калциум кој го има во големи количини во храната за кучиња и некои други витамини