Што јадеме ние и тоа јаде, само благо избегнувам да му давам. Кучешката храна не сака ни да ја помириса а мене ми е полесно отколку да размислувам што да му дадам.
Имам нимфи папагали и освен стандардното семе, јадат и овошје и зеленчук. Од зеленчук јадат свежи пиперки (со се рачката и семките), моркови, спанаќ, марула, варен компир.. Од овошје јадат јаболки, крушки цреши, вишни, праски, сливи, грозје, семки од лубеница и од јаболко, жиличките од мандарините..значи скоро све од овошје, но банани не сакаат Јадат и варено јајце, па најчесто им го давам рендано во комбинација со варен компир и морков. Обожаваат и солени грицкалици како чипс и грисини, а и леб, но ова им давам ретко зашто не смеат.
Откако му беше извршена вазектомија, ветринарот ни рече дека не смееме повеќе да му даваме купечка храна во паќетчиња со сос. Знаете оние whiskas, kit kat, и останати. Можело само сува, и домашно приготвена но, без зачини. Затоа од минатата недела комплетно му го сменив менито и му рендам пилешко, мелено или јунешко месо, кое најчесто го мешам со ориз, грашок, морков или компир за да има повеќе...Вака комбинирано го варам, ладам, миксирам, или дробам со вилушка за да се соедини, а на крај го складирам во тегли и ставам во фрижидер. Иако, не знам колку се во ред наведениве зеленчуци, но битно до сега редовно си јаде и немам забележано некакви несакани појави. Околку бројот на оброци пак, знае да јаде и по седум пати на ден, но умерено.
Пρво, немам миленици дома па, си пρавам муабет со неκој пајаκ Не фаќам многу животни, обично не ги хρанам и таκа...
Исклучиво сува кучешка храна, испробав еден куп додека да најдам која најмногу му одговара. И сега само таа ја купувам. Повремено добива кучешки грицки и коски, или конзерва со кучешка храна, ама обавезно има проблем со какање или препивање вода и правење бељи после тоа, па затоа и тоа е ретко.
И мачорот и кучката јадат живо месо. Ова е денешниот оброк на кучката, а на мачорот оброците не изгледаат волку фенси зашто сѐ му е смелено на царот.
После се чудиме зошто напаѓаат. Ако ве нападне еден ден тебе или твоите дома немој да се чудиш зошто. Незнам што е толку тешко да го зовриеш во вода месото.
Веројатноста дека ќе ме нападне е еквивалентна на веројатноста дека си прочитала нешто во врска со оваа исхрана пред да тропнеш ваква глупост.
@Papillon.Papi јас стварно не знам на кој постручен да се обратам, ние имаме лабрадор, сега тежи околу 35 кг што јас мислам дека е многу, ама висока е и кога стои можам да и ги осетам ребрата ако поминам со рака, како што сум читала така треба да е. До сега ја храневме со пилешко, коски телшки или свински и ориз. Џигер пилешки или свински ама поретко. Отприлика јадеше еден голем копан со поткопан и ориз. Сгеа утврдивме дека е алергична на ориз, веќе неколку време ја пратевме, а моментално е бремена, не знам како да ја храниме сега, кога е паметно да ја зголемиме порцијата, што да даваме наместо ориз, оти само месо имам чувство дека не ја најадува. Сува храна јаде многу ретко па тоа нема да и давм ни сега. Ова ни е прва бременост, дали знаеш да ме упатиш со некои совети околу ова. Фала ти.
Почнете да ја храните со дехидрат итно! Пробајте различни, може би сака помрсни и миризливи како Фармина N&D или Brit Carnilove. Ако имате повеќе буџет, пробајте и со Акана или Оријен. Во овој период најбитна е избалансирана исхрана, со доволно протеини и А/Б витамини. Други дехидрати за бремени кучки се про план и хусе. Ако не ги јаде така, наквасете ги со јогурт, измешајте со јајце, мелено месо...
Kaj нас нема шанси да набавам ваква сува храна има само бош марки, од страна нема кој да ми ја донесе а проблемот е и тоа што имаме уште 4 кучиња и да речам на свекрва ми да купиме смецијално скапа храна само за неа нема шанси да се согласи, пошто купуваме и за другите секој ден, сепак не е инцијално мое куче, на маж ми е и не се чувствувам доволно слободно да се мешам уште сега, сакав онака суптилно да и сменам исхрана за да биде поздрава. Моја беше и идејата да пробаме дали е алергична на оризот, оти веќе неподносливо се чешаше и јас упорно тврдев дека е од тоа, ама свекрва ми викаше па нека се чеша поарно да ја нахраниме убаво, среќа се изборив за ова. Затоа сакам со домашно приготвена да продложам само малку побогата, секако специјално за неа е спремана, нема зачини и слично. Ти ги ценам советите и знам дека тоа е најдобро ама ваква е ситуацијата.
Хусе вршат достава до дома, не работат со пет шопови, и имаат таква филозофија, ја купуваш храната пред врата. Про План би требало да ја има во скоро секој пет шоп. https://www.facebook.com/pages/category/Pet-Supplies/Husse-Macedonia-587218341335867/ Ако сакате со побогата домашно приготвена исхрана да ја храните, додавајте витамини, и омега 3.
@Papillon.Papi Јас знам да и дадам лосос одвереме навреме, сега така си размислував место ориз да и давам компир ради јаглехидратите, секако јаде морков па тоа ќе го задржам, да измешам на почетокот на неделата лосос, пилешко, јунешко, телешко и свинско и да го сварам, секој ден да вадам и да додавам компир и зеленчук и повремено јајце. Читав дека коски може сега за сега да јаде ама после петта недела да ги намалиме, дури и да ги исклучиме ам калциум да прима преку суплимент. А ќе видам дали ќе се изборам и за хранава, ако не јас кога ќе сум при пари ќе и нарачам, извини само уште ова која количина од сува храна е доволна, јас немам представа ниту со тоа?
Нека не јаде коски, особено не варени. Хусе е една од поквалитетните храни на маркетот со многу ефтина цена. Храната се дава според тежина, има табела зад секоја вреќа, а можеш и да ги прашаш увезувачите за подетални информации. Според цените што ги видов, до 2000 денари месечно ќе ве чини хусе (зависно која формула ја купувате). Ја најдов табелата на интернет. Ова е за Про Прима формулата.
Факт е дека крвта ги поттикнува животните на агресивност а не глупост. Месо со крв јадат оние животни кои ловат сами (диви воглавно), што не е случај со кучето. Значи моја другарка џабе учела ветерина и погрешно го работи тоа со години а и не само таа туку и мн други само затоа што си прочитала некој кликбејт линк дека живо месо треба да се дава на кучиња?
Твојата другарка џабе учела ветерина ако верува во овој мит. Не ги ни знаеш моите миленици за да ми мудруваш. Ниту едно научно истражување не докажало дека кучињата на сирова исхрана стануваат агресивни, но тоа ти не би го знаела зашто очигледно не си се ни дрзнала да прочиташ било што во врска со темава. Прекини да се брукаш и читни нешто пред да лупаш вакви дезинформации. Во категоријава има цела тема за оваа исхрана, прочепкај ќе ја најдеш. Еве ги моите "агресивни" миленици, израснати крај 3 мали деца и различни луѓе и животни. Кучката е официјален македонски шампион, се има натпреварувано во 3 различни земји и ја суделе светски познати судии (меѓу кои и претседателот на интернационалната кинолошка федерација) кои ја процениле како карактерно и екстериерно типична женка според расовиот стандард.
@Papillon.Papi јас малку може сум ти досадна ама сега истражувам за исхраната и како да ја заменам со домашно приготвена, секаде прочитав дека треба дневно околу 700гр храна да прима за нејзината тежина е сега малку сум во дилема како да ја комбинирам. Прочитав дека џигер не треба многу да се дава ради витамин А, пример во тие 700 гр колку џигер да ставам, колку пилешко или мешано јунешко и свинско...скорз сум изгубена Овие неколку дена и спремам мешано мелено јунешко и свинско, со малку џигер и пилешко и срца и дадов еднаш, гледам добро се држи пак си бара храна ама многу е стрвна и колку и да и давам ќе јаде па не сакам да ја прејадувам, онака мислам дека и е доста ама немам вага и отприлика ставам 700гр. Леле многу сум напорна ама стварно ќе ми годи помош. Извини.
Се следи правилото 80/10/5/5. Во оброк од 700 грама се става 80% месо (мускулни органи како срце, желудници се најмногу 3тина од тие 80%), 10% меснати коски, 5% џигер и 5% друг секретирачки орган како бубрег, слезина, крезла... Ова е шема за сирова исхрана во вид на плен, така да не знам дали исто важи за зготвена храна. Во текот на бременоста некои викаат дека биле потребни и јагленихидрати, така да можеш да додаваш и варени компири малку.
Мачките ги хранам со виршли, паштети, млеко и понекогаш им земам од храната за мачки од Кам маркет. А знам и да им дадам леб со некоја манџа кога имаме за ручек. Јадат, ама не им се допаѓа многу. А за виршли се како луди