Едноставно е. и самиот наслов кажува, со што најчесто го мачкате лебот за појадок, или кога се брзате некаде па немате време да зготвите нешто... ? Јас најчесто го мачкам со еурокрем, маргарин, и кога има, кога е сезона ајварче
Еурокрем + чаша чоколадно млеко Паштета + чаша јогурт (или патлиџани) Путер + одозгора мармалад (најчесто од јагоди) Ајвар обавезно + сиренце одозгора
бројче ти да не отвори темата зошто кажа дека си гладна а мамичка не е дома да зготви па сега се стрвиш...
Ако имам повеќе време си правам намаз од рендано сирење, павлака, солца, пропржено лукче на маслиново масло и босилок... Многу е вкусно Медитерански намаз Гарнирано со кругчиња патлиџанче. П.С Лукчето не мириса кога ќе се испржи, не мириса после здивот како што мириса кога се јаде свежо
Добра тема Јас го мачкам со тоа што ќе ми се најде во моментот....маргарин, мајонез, павлака, топено сирење, еурокрем, мармалад... итн... а ми се свиѓа тој намазот од Нина, морам да го пробам
Ммммм, со што ќе ми дојде при рака од фрижидерот, со ајвар(во зима), со маргарин, озгора со тенки парчиња шунка и кашкавал, со крем сирење, со паштета, со павлака, со еуоркрем поретко, претпочитам да го сркам еурокремот , а бре со се што се мачка Најубаво ми е кога ќе ги испечам лепчињата на фолија на шпорет, и одозгора со маргарин, се топи, солца, црвена пипер, ммхмх, вкусно највкусно
Со најубавиот солен путер Lurpak, одозгора или сиренце, печеница, кашкавалче, мх мх Или па некогаш со маргарин и медче, мммм
Зависи што има домче маргаринче,еуро кремче,ајварче со сиренце,паштета и патлиџанче, И зависи од тоа што ми се јаде
Многу малку конзумираме леб (рибанче дневно, а некогаш ни толку), ни трае по неколку дена, но за оние breakfast times кога се мачка или night sneaking snacks , изборот би бил: - паштета: не паметам кога последен пат ја имало во нашиов фрижидер, сум заборавила каков вкус има; - павлака + пиперна солца (или луто пиперче) + сиренце - краставичка(може и кисела назимо) + сиренце (или кашкавалче) - НАЈЊАМИ - кајмакче - кремче (сето црно ама да е, иако го купуваме еднаш годишно -> мистериозно исчезнува истиот ден ) - мед и сирење за во деновите кога ме фаќаат лудите...
Најчесто ја мачкам со еурокрем или паштета, тоа ми се омилените намази за леб. А инаку во зима го мачкам лепчето само со ајвар или лутеница.