Двосмислена тема . Едниот одговор е: со лажиче, зошто со нож како другите не можам, се нервирам. Другиот е: обично кришка со ајвар, еурокрем, паштета, зденка, маргарин, мармалад (ретко), мајонез и кечап, павлака...и друго
Леле прво кога го видов насловот на темата си реков па со нож се разбира, втф? Ама кога го видов описот сфатив дека е во смисол 'што мачкате на лебот' Да не бидам оф-топик, па најново нешто што намачкав на лебот беше ајвар!
хмм..најчесто Она АБЦ што е(кремсир) и пушено пилешко одозгора. а кога е сезоната за ајварче го јадам со маргарин и сиренце
Џем од кајсии, еурокрем, ајвар, паштета, путер, абц...А поубава комбинација од путерот и џемот со млеко нема
Најчесто со Аргета во комбинација со чаша Јогурт . Поретко со мармалад од шумско овошје, путер и салама . итн
Ајвар и сиренце, маргарин и мармалад, маргарин и крем, маргарин и мед, паштета вагета и јогурт или маргарин вагета и јогурт
Си ставам кашкавалче на кришки..потоа во рерна ги подгревам некаде десетина минути..лепчето е крцкаво а кашкавалот растопен и е премногу вкусно..ммм
Паа со се Ајвар, маргарин, мармалад од сливи, праски, кајсии и омилениот од јагода, еурокрем, крем сир, малиџано