Пред да биднам со диетава многу го сакав мојот леб диетален со сончоглед од Жито лукс премачкан со многу тенок слој маргарин Борд`с`еве, тој дека е малку солен и таман му даваше вкус на лебот, абе од мерак вечера, ама сега нема, евентуално некогаш ако немам благо во ЈХ ден па да намачкам мармаладче некое, иначе цели 3 месеци тешко дека ќе си дозволам да мачкам лепче
Секогаш различно. Еурокремче,маргарин вегета и салама,паштета и сирење,и понекогаш растопувам чајна и зденка,препревкусно е!
Уште го бојкотирам, така да не го мачкам. Да не сум оф-топик, на времето кога го мачкав, многу го сакав со топло ајварче и сиренце одозгора.