маргарин и мед маргарин и мармалад еурокрем маргарин и мелена (толчена, шарена сол кој како ја знае) ајвар паштета мајонез зденка
Најубаво ми е со ноже. Рамно се мачка. А може и со вилушка. Само лажичка во никој случај, многу е незгодно. Во длабнатината останува остатокот. И после тоа многу тешко се вади. А бе не знам... темава некако ми е... Ете, да кажам дека во последно време, го мачкам со зачини. Секој ден појадувам лепче намачкано со минимум девет зачини, печено на тостер. Така што... со зачини го мачкам.
Со ноже најчесто најрамно е. Иначе со маргаринче,еурокремче,ајварче,намаз,фета,мед,мармалад.. и така натака.
во глобала со нож Претпоставувам дека прашањето би требало да биде: Што мачкате на лебот? Но бидејќи не сум сигурна, да не одам оф топик ...
со некој нож наменет за мачкање на леб.... инаку... маргарин,ајвар,(еуро)крем,паштета,мармалад.ретко кечап и мајонез во глобала ги макам-си ставам во тацна од нив...тоа ќе да е
Xехе слатко се изнасмеав па најчесто лебот го мачкам со лажица,а на него мачкам било што ,ајвар,лутеница,еурокрем,пинџур,маргарин.Зависно што ми е идејата