Со нутела, мармалад, ајвар паштета, намази со сирење и зеленчук и последниве години со путер измешам со многу лук и магдонос.
Едно прашање во ДМ во био храна има теглички со разни намази дали се вкусни и кој ги имате пробано сакам да купам но незнам дали се вкусни..
Мене оваа ми е убава. Пробав и хумус од истата фирма, ок беше (јас му додавав малку сенф и повкусен ми беше).
Путер, ајвар и разни растителни намази кои најчесто сама си ги правам, но кога ме мрзи да правам, земам од Кам од органските паштети или нешто од ДМ. Благи мачканици не јадам
Највеќе со путер и одозгора маргарин. Или пак со ајвар и врз него сирење. Или со путер па одозгора шунка па врз неа краставички.. Ммммм