Истата сум и јас ниту еден хумус што имам купено не ми бил вкусен, затоа почнав сама да си приготвувам и е превкусен. Купувам наут во тегла од кам, го мијам, го потопувам со врела вода и го ставам на шпорет околу 10мин. Потоа ја истурам водата, ги премивам зрната со ладна вода и ги вадам лушпите. Потоа го блендирам заедно со сок од 1лимон, неколку лажици таан, сол, лук и маслиново масло. Конзистенцијата треба да е нешто помека од паштета аргета и маслиновото масло да почне да избива.
Млечен намаз, зденка, ајвар, паштета, авокадо евентуално, иако одамна неам јадено. Еурокрем на леб Непопуларно мислење е дека е нешто најгрозно за мене. Ништо благо не можам да мачкам на леб. Путерите од кикирики или лешници не се благи, а и тие не ми идат за на леб. Мармалад мразам исто така.
Вкусно ти е барем? Ја општо тие хелти продукти со сила ги јадам, повеќето ми имаат вкус на ништо. Мармаладот и ја не го обожавам, освен ако е од јагоди. Тој од Виталија со јагоди ми е вкусен. Пре би крем. Ама у право е @Mrs. right за кремот, повкусен е директ од тегла. И со палачинки.