Едно време уживав да го мачкам лебот со маргарин и мармалад(по можност од шипци). Го мачкам и со паштета, ајвар, еуро крем и со крем сир
Хахахахааха кога го видов насловов на темав готова бев да напишам `Со нож!` Иначе со се го мачкам .. со АЈВАР , паштета, маргарин , мајонез, еурокрем , зденка , павлака ..... Во зависност од тоа што имам намачкано одзгора обавезно додавам чајна, кашкавал , сирење, кечап, мармалад , маслинка и тн. Повеќе време губам за мачкање и украсување отколку за јадење
Еуро крем, мармалад, маргарин, маргарин со мармалад, ајвар, паштета, путер од кикирики... се што може да се мачка на лепче јас си мачкам
во последно време многу ми е слатко, лебче маргаринче и вегетичка и црвен пипер, иначе го мачкам и со мед, крем сир, ајвар, паштета, што има дома само не ми е убаво со мармалад
Скарана сум му и не го мачкам може на пример ајвар со лажица од тегла или мармалад на палачинка, или крем сир со лажиче без него. Спојлер Му го заборавив вкусот