Јас како љубител на кафе, го послужувам со било кој вид на кроасан. Ја обожувам комбинацијата. Кој друг го љуби кафето?
Со чаша... Кафе си е кафе, некој му иде со цигара, некој со вода, некој со благо... Ако го служам со мене што ми е убаво на сите треба цигари да им поделам. Затоа само кафе.
Нес и капучино со благо, најубаво ако е нешто домашно, торта (ми се присака сега ), заедно со вода или сок. Ако е турско, тогаш само кафе. Одамна немам кај некоја баба видено кафе со слатко или локумче, се измодернизирале и тие. Јас пред кафето сакам да каснам благо, (ок секогаш сакам) за да ми е погорко. А сега душа давам за едно хотелско кафе со кроасан и џус. Се изнапишав.