Наутро ми е најубаво со бисквитки, какви се најдат во моментот дома, зошто одбегнувам да пијам кафе на гладно веќе трета година А попладне само кафе и тоа појакичко со чаша вода.
Кафе со кроасан Кафе со локумче Кафе со парче торта Кафе со слатко од смокви Кафе со благо = нема подобра комбинација П.С и секогаш послужено со мноогу љубов
Уфф кафе со благо или било што, нема шанси! Мо влегува во заби храната Само кафе најубаво, после кафе една чаша вода и толку
Најчесто само со вода, наутро со обична, а после ручек со кисела вода. Ако е еспресо, понекогаш со сок од портокал, посебно наутро. Гарантира брзо будење. Многу сакам кафе со чоколадо или чајни колачи, ама вечно сум на диета, па избегнувам.
Со ништо. Не сакам да си го расипувам вкусот на кафето и никогаш не пијам и не јадам ништо.Без исклучок.
Само кафе,без шеќер млеко никако не поднесувам. Чисто турско кафе со чаша минерална вода со лимон и една-две коцки мраз
Не сум љубител на кафе. Пијам само турско, наутро, и не го комбинирам со ништо. Вкусот и друштвото со себе ми се момент на уживање.