Кај нас во Тетово , традиција е од турско време , кафето се служи со домашно направено слатко ( една до две кафени лажички ) и чаша вода . Е сега , кога се немало слатко , го служеле со локум ( со орев ) или коцка шеќер и чаша ладна вода . Јас го служам со чаша ладна вода и колачи какви се најдат дома такви , бидејќи слатко не знам да правам , ќе го утнам сигурно .
Некогаш со мафинче, колаче, тортичка, мини кроасани но почесто со ништо друго, да не го расипувам вкусот. xD
Со вода, и благо нешто шо имам во моментот.Најчесто купувам наполитанки, кукис некои, Белвита, чоколадо.
Ако го послужам со благо ќе си го уништам вкусот на кафето Обично само кафе си пијам, може со чаша вода, а некогаш чаша сок.
Со ништо. Прво пијам кафе, па после јадам нешто благо. Ама не секогаш. Некако не ми оди кафе и благо заедно.