ме интересира дормео наддушек дали има некој користено, тоа е она тенкото што се става врз душекот што веќе го имаш.... мене спалната ми е убава, ама лежајот не се погоди баш, брзо се направи со вдлабнатини душекот и не е удобен. дали ке го решам проблемот ако ставам само наддушек од дормео, за поефтино да поминам, или цел душек да сменам???
од 2те фамиллии кои имаат купено морам да ти кажам дека ни едните ни другите не ми кажаа дека е нешто посебно ... реално не е нешто кое ми кажа за да кажам и јас дека има задоволни... Тоа мене ми го кажаа,,, некоја сликица
благодарам figgiMK барем да не фрлам пари без потреба, да почекам некое време да заштедам да си купам нов душек најдобро.
Имам вкупно 4 негативни примери за Дормео душеци. Многу мувлосуваат. Еден пример е золва ми, 2 пати го менуваа и на крај бараа да им се вратат парите. Користеа дури и специјални даски од Дормео и пак мувлоса.
Дормео мувлосува ако во собата има влага, јас имам еве две години, го користам на стандарден лежај, значи се препорачува да се даски со проред за да циркулира воздухот меѓутоа мојот е на шперплоча, без никакви даски, дупки и сл. и немам проблем никаков. Одвреме-навреме најчесто кога менувам постелнина знам да го исправам странично и да го оставам така некој саат да се ветрее, и досега немам проблем. Дури еден период го имав ставено врз стариот душек (низок ми беше креветот) значи душек врз душек и пак ништо не му беше т.е. сеуште ништо не му е а го користам ко што кажав две години. Додека на Петко чичко му зема комплет и даскички и душек и за некој месец мувлоса и тоа бајаги, ама имаат влага во собата по ѕидовите и плус зимно време не ја греат таа соба па многу веројатно од тоа е. Иначе задоволна сум, али не нешто претерано, јез да и после толку време си е ист ко првиот ден кога го земавме, нигде ни пропаднат, искривен или слично но сепак двоумам сепак дали вреди душекот ко душек за парите кои „ги бара“.
Мојата спална соба си ја бојадисав и декорирав сама, со многу потрошени нерви али и многу љубов. Работам некогаш и по 15 саати, па спалната соба е омилениот дел од станот.Не е нешто посебно но сепак мене ми го дава потребниот мир.
И ние имаме Дормео душеци, првиот го купивме уште пред 10год. а во меѓувреме како реновиравме, се селевме и сл. купивме уште 6 (меѓу кои и за внуците). Ниту еден од нив не сменил облик, не пропаднал, уште помалку па да мувлосал. Сеуште спијам на тој од пред 10год. а не го превртувам или било што, освен кога чистам, па нели мора да го помрднам. Како подлога немаме никакви специјални даски, еден дури е во онаква фиока (додатен кревет). Сега ја опремуваме викендицата па повторно Дормео ќе земеме. Е сега, имаме една пријателка, жената секоја недела го превртува душекот, ама за неполна година и мувлоса, секако како што кажа najubava2010 имаат многу влага.
А што мислите за душеците Нена, ние се мислиме помеѓу нив и дормео се изненадив што се и поскапи од дормеото. Јас сум за дормео, партнерот за Нена
Сакам голема, пространа спална соба и само прибирам идеи за еден ден кога со партнерот ќе имаме сопствена спална
Мајка ми и татко ми имаа земено Дормео душек и им мувлоса за брзо време. Купија и флекси летвички, и го превртуваа и луфтираа 1 неделно и сепак им мувлоса. Влага немаат во собата -ќе покажеше ако имаше и на другиот мебел и на ѕидовите, но не ја греат таа соба, па има шанси да е до тоа. Макар што, мене поверојатно ми е да била грешна серијата (пред околу 1-2 години), бидејќи и пријателка на мајка ми имаше купено - и‘ мувлоса, па го замени, па и вториот и мувлоса. Сега моите имаат друг душек (не знам која фирма, мислам дека е словенски) исто така скап и ниту го превртуваат, ниту го тинтрат и ете го здрав е - супер се спие на него и не му е сменет обликот (само рано му е уште да се каже, едвај 1-2 години има од тогаш).