Баш ме замисливте со тоа мувлосувањето на Дормео душеците... Не е еден или два примери, веќе многумина се имат пожалено од тие душеци! Баш ќе видам што ќе се случи со нашиот!
Стариот душек ми е во ужасна состојба.Е сега се мисла кога би ги ставиле овие http://www.dormeo.com.mk/%D0%B4%D1%83%D ... D0%BF.html,дали нешто би се подобрило и колку е паметно да се инвестира во ова.Има некоја феминка искуство??
Лично искуство немам ама од пријатели, роднини, комшии сите се покааја што зедоа Дормео. Им мувлоса за 3-4 мес. Ок со рекламација го враќаат и ти даваат нов ама истото се случува повторно и повторно. Треба да се лофтираат често, па долу на корпусот да има летвички а не да биде затворено со лесонит или шпер плоча.... Оној Дормео од пред 10год мислам дека беше квалитет а овој сега нема врска. Јатрва моја која ги има земено пред 10год нема да мрднат уште се служи со нив без никаква забелешка. Овој потенок кој го имаш ти постирано може само дополнителна влага да ти направи на долниот душек (овој се става врз постоечки душек). Јас имам од Симпо и задоволна сум. Види во Симпо што и како имаат. Спојлер Симпо е меѓу социјално и Евн во Ку-во
Е да ама цената е од 20000-24000 ден зависи кој вид (со алое,со кокосови влакна...) и од димензија која мене ми треба Само седумка на лото ме спасува
Незнам зошто толку негативни коментари околу Дормео? Душеците им мувлосуваат затоа што не се користат како што треба, затоа што на овие душеци јадрото им е од пена потребно е да има циркулација на воздух, душекот да дише, тоа го кажуваат во било кој салон при купување на Дормео, е сега што е проблемот тука? Значи душеците имаат висока цена да, но сепак никој не дава гаранција од 10, 15 години на душек на било кое друго место, и самото тоа кажува за квалитетот. Но најчеста грешка која се прави е тоа што не се придржуваат на правилното користење а тоа е дека душекот мора исклучиво на летвички да биде поставен , за да си ги скратат трошоците бушат дупки на целосна иверка кои ја имаат претходно поставено за да заштедат...е која е логиката не ми е јасно? се дава толку пари за квалитетен душек а со заштедата од 100 евра дозволуваат да им фати мувла душекот затоа што несакаат да купат летвички, па нормално ке мувлоса кога тој душек мора да дише или пак за да се искористи максимално просторот во собата , се прават фиоки одоздола под креветот и автоматски се затвора скроз и пак нема циркулација на воздух под душекот
Како што кажав и погоре, моите дома кога го купија Дормео душекот, купија и летвички, и + еднаш неделно го луфтираа и превртуваа (така им беше кажано од Дормео) и сепак им мувлоса за 2-3 месеца. Јас со моите неполни 30 години не би превртувала душек 2m х1,8m, и тоа еднаш неделно, а камо ли да имам уште толку години. Не го препорачувам. Можеби порано имало квалитет, на почетокот кога се пробивале на пазарот, но денес е дискутабилно. Или била грешна серија во прашање, или алчност за поголем профит, па крателе на трошоци за материјали од суштинско значење за квалитетот на производот. А изгледа ова со Дормео душеците е игра на среќа (како со белата техника во последно време) или ќе се погоди или нема да се погоди.
Го имаме ние веќе пола година истиов лежај само црно бел...морам да признам дека е прекрасен Радо би го препорачала на секој кој сто сака квалитетен и на око убав лежај
суперишка ,овој ми е во очи постојано за друг не сум ни размислувала ако не е тајна колку пари го зедовте и од каде?? јас го гледав во мебел ви виница
Од Мебел Ви го земавме, почетокот на оваа година и колку што се сеќавам мислам дека беше 28 000 ден без душек, а душекот од Симпо го земавме
Го имаме ние веќе пола година истиов лежај само црно бел...морам да признам дека е прекрасен Радо би го препорачала на секој кој сто сака квалитетен и на око убав лежај [/quote] суперишка ,овој ми е во очи постојано за друг не сум ни размислувала ако не е тајна колку пари го зедовте и од каде?? јас го гледав во мебел ви виница[/quote] Од Мебел Ви го земавме, почетокот на оваа година и колку што се сеќавам мислам дека беше 28 000 ден без душек, а душекот од Симпо го земавме [/quote] јас додека се мажам и да купам можеби 20 000 ке биде ,затоа што јас кога прашував пред некоја година беше 35 000,значи колку пагаат цените
Ние ептен имавме дилема околу спалната соба, ваква, таква, онаква... Бевме на саем за мебел, го преоравме цело Скопје за да најдеме соодветна спална со некоја НЕастрономска цена. И на крај решивме да ни ја направи еден комшија столар што е. Ни ја направи беспрекорно, преубаво од дебела иверка, баш ние како што сакаме. Плахарот како што си го нацртавме така и излезе и лежајот (корпусот) преубав со четири фиоки долу. Од страната има две ноќни орманчиња, а од моја страна има огледало. Се на се не фати 12 000 лежајот со се работна рака и ноќните орманчиња и огледалото, и 18 000 плахарот со се работна рака. Бојата е сива со валкано бело некако накај крем му доаѓа. А душек зедовме од Симпо за 9000 денари така нешто беше мислам, прубав е душекот се преродив јас спиејќи на него (бидејќи цела година спиев на гарнитура).
Леле Агрона истата дилема. Те молам кажи ми како се вика душекот од Симпо што го купи. Јас го меркав наутилиус ама незнам. А гледав и една спална во симпо тоскана 14 000 па уште немам конечно решено. Јас сакам најобичен брачен кревет, светла боја,по можност со фиока одоздола.