Мебел ви ми се катастрофа за спални,избор никаков како да застанале едно 20 год наназад. Мојата е од Милена Нг. имаа страна на инт ама не ми текнува како беше. Се наоѓа кај црквата во Нг салонот и имаат каталог по порачки. Прошетавме во сите салони дури и до Гостивар,Куманово таму најдобри модели ми имаше. Инаку побарај Малинка мебел,Дивано,Прима,Кинг Дом ...
Класична спална сакам. Не со плакар на лизгање, можеби старомодна сум. Ама ова трас од една на друга страна лошо ми изгледа.Плус овие што ги гледав со вратички на отварање внатре се некако пофино организирани. Можеби грешам.
И јас сум љубител на класика кога е во прашање спална. За класични модели го препорачувам Симпо. Имаат пространи плакари наменети за чување на облека и постелнина, а квалитетот воопшто не е за потценување. При изборот на спална, многу е битна цврстина на пружината на лежајот. Имам спална и клик-клак кауч од таму и сум презадоволна. И душекот за спалната е од таму. И моите имаат купувано лежаи од Симпо и можам да споделам само пофални зборови.
А зошто не си направиш мебел по мерка? Ќе си ангажираш добра, сериозна фирма што изработува мебел (не од тие што прават мебел во гаража со 2 машини), ќе ти изработат се по твој вкус и по скроз точни димензии во просторот. Ќе си избереш вид на материјал, боја...се ќе си избереш.
@duffi јас спаѓам во старомодните и мојот плакар е класика ама со тапацирана кожна структура и заоблени врати. Си размислила ли за правење по мерка мебел? Јас имав замисла каква што неможев да најдам тука па се решивме на таква варијанта. И креветот ми е по нарачка бајаги повисок од стандардите.
Најверојатно и по порачка ќе биде. Ако не друго креветот. Многу мали ни изгледаат 160-200. Маж ми е голем и тешко дека ќе не собере. Стариот ни е 200-220. И таман ни е. Ни остана да видиме уште нешто па да одлучиме. Сепак благодарам на советите.
^ И ние од таа причина одевме по нарачка. Тоа беше една од причините тешко се наоѓа модел 200/220. Како и да се одлучите за брзо да си ја средите спалната па годинава со уште еден член плус
Кревет ај ќе се нарача, ќе го направат према душекот. Туку душек каков. Едни советуваат Дормео, а други ми кажуваа дека имало некои душеци полнети со кокосови влакна и имале летна и зимска страна (си го вртиш душекот о спиеш на зимска и обратно) Сте чуле за кокосовиве душеци ?
Ние гледавме душеци од Алмак, Пердормире и Симпо. Дома при мама имам Симпо и само пофални зборови за него. Дедо ми пред некое време зема Дормео па баба ми само кука од него. Тврд и бил. Некои се фалат некои се жалат. И јас не знам на што да се обрне внимание. За кокосови влакна сум слушнала ама не сретнав. Сакам само да биде висок.
КОкосовиот бил цена како Дормеото. Имал незнам какви комори за циркулација на воздуф низ душекот (Спејс шатл од душек направија) Ако има некој линк нека постира да видиме
Јас имам Дормео Алое и не би го менувала за ништо! Ако ти се верува имав болки во горниот дел од рбетот со месеци и откога го купивне душеков ми помина. (Треба да ме земат од топ шоп за реклама)
Dali ima nekoja od vas spalna so lateks letvicki i dali vi krcka? Nova ni e spalnata ama mn krcka duri i beba se budi od zvukot? Spas nekoj ima li?
Изгледа и на комшиите е со летвички па многу крцка. Инаку и мене ми препорачаа летвички. Не би требало да крцка.
Ние од кога наместивме не да крцка растура ,а пред тоа ништо но бедејќи купивме душек со пена требало да биде со латофлекс и јас мислев дека попушти спалната ,а тоа ти е од латофлексот .
Krcka rastura, neznam sto ke se pravi, stani/ legni krcka a tek nesto drugo da pravis Sala na strana zarem nema nekoe resenije, da znaev ne stavam latofleks
Кај нас не крцка, а латофлекс имаме, еве веќе 7 година. Да не не е од летвичките, да не е во склопките проблемот, кај што се спојуваат деловите. И на големиот син креветот му е со латофлекс, воопшто не крцка. Немаме душеци со пена иначе, препорака беше латофлексот од тие што ни ги правеа креветите (по нарачка се правени), без оглед на тоа каков душек ќе ставаме.