Не кревајте. Ве лоцираат по IP што е ултра едноставна постапка, потоа ве бараат во базата на интернет податоци со намера да стигнат до вашата online сметка или кредитна картичка. Најчесто не се ни замараат со целава процедура опишана погоре, доволно е само да имаат инсталирано spy/malware програма која за половина минута може да ги детектира фајловите и ви украде лични податоци. Внимавајте со овие ствари, не се баш безопасни.
Мислам дека овие од Австрија не се од тие зашто буквално помалку од 1 секунда звонат, треба да си ултра ултра брз за да им одговориш. Овие некој само се зафркаваат, веројатно.
Не сакам да стварам беспотребна параноја, но има различни таргет групи. Од банкарски account-и до ваши лични фотографии и четови. Зависи што ги интересира. Може некој и од Македонија да е со наводен ,,австриски" број, така да ништо не е гаранција. Во секој случај имајте предвид дека IP не е ниту пресудна. Доволно е spyware програмче кое би ги вчитало потребните податоци, а некои одат до таму да воопшто не е потребно да ја притиснете слушалката за да биде преземено она што го бараат.
И што ако ете, несакајќи одговориш? Како што спомна некој често (или понекогаш) добива повици со странство, ќе одговори на повикот мислејќи дека го бараат за работа или како било.
Ретки се овие ствари у пракса Ахои, не се плашете.. Одделот за сајбер криминал ако спие на порнографски материјали од телеграм, на овие заебанции не врти глава на друга страна. Особено доколку се мнозина таргет групи (жртви) во прашање. Инаку, пари може да ти украдат, или поверлива фотографија, најчесто.
Исто е и кај мене, последниве 2 месеци, од различни броеви со префикс +44 и +1, прекина еден период околу 1 недела и после повторно почнаа.
Денес добив повик од број со префикс +386 телефонот ми вели дека е број од Словенија фала богу исклучија за помалку од секунда па не се јавив. Знае некој за што станува збор?