Спанаќот го сакам само со тестенини, пити,бурек,куфли....би се удавила во нештата направени со спанаќ. Но манџи и други чуда не фала.
Порано воопшто не јадев спанаќ, не можев да го смислам. Дома ме премолуваа барем да пробам, ама јас не бре, јок! Не пробувам и готово! Ама у последно време спанаќов не да ми се заслади, мх мх .
Може малку чудно,ама јас го јадам спанаќот жив ,така во салата како марула салата само со спанаќ..Исто ставам зејтин сол и оцет и јадам..Мене ми е океј како и сите други салати-треви..
^ Зошто бе чудно? Многу го јадат спанаќот како салата, ептен е здрав. Можеш и кромидче младо до исецкаш малце, на вкус ќе ,,додадеш''.
Ставам и кромид понекогаш стварно е повкусно,ако имам млад и стар кромид ставам.Знам да исецкам ситно еден морков зошто е здрав за видот а јас баш и не го сакам вака во салата го јадам без да приметам. Инаку реков чудно зошто кога им кажав во клас се подзачудија како така сум го јадела..
Го јадам исклучиво сварен во млеко (не вода, пошо така стомак ме боли) малку оривче кромитче и нормално, без кисело млекце нема шанси...
Јас спанаќ си јадам нормално како и сите други јадења и најмногу го сакам како манџа со ориз мм. А во баници и такви чуда не го сакам но сепак го јадам.
Си јадам спаначе многу во зелник,кифли,па и манџичка со ориз и јогуртче или кисело млеко мх мх убавини.До пред некое време имавме во бавчата во дворот и два пати неделно спанаќ јадевме,ми се чини спанаќ во стомакот ми порасна
мммм..ми се пријаде,бре па ..Некои лиснатки со спанаќ и сиренце,баници со спанаќ и сиренце..обичен спанаќ со чаша јогурче...мхмхмхмх
Спанаќ во манџа знам понекогаш да јадам кога е со ориз ама потпечен на тавче ме е поубав.Инаку во ролати итн не баш