Обожавам. Поготово таков мајка ми како што го прави. Од храна и вино е, ама многу е стар рецептот. Значи колку што запамтив: Се вари спанаќот. Се фрла првата вода. После во друго тенџере се пропржува зејтинот (со незнам што). -.-` Па се става спанаќот во зејтинот. Па пред или после тоа се става сол, црвен бибер, црн ли, поим немам. Па се става оризот, да се свари внатре. (незнам дали он пред тоа се пропржува во зејтинот што го спомнав горе). И се вари, да омекне оризот. Па ренда од прилика кашкавал (растителен), се меша. И го става во тавче. Реди преполовени сварени јајца. Вкупно 3 јајца. Се сечат на пола нели, и стануваат 6. И се редат врз спанаќот. И одозгора пак се става кашкавал рендан. И се пече. Како кажав... Арно ќе биде некој ако сфати. Ама во главно се вари, и после се пече. Ама луѓе, преубаво е. Тоа коричка кога ќе фати горе... Од прилика вака изгледа: Спојлер
Многумина ми се чудат ама омилено јадење ми е бе ! Ништо не може да го замени....24/7 би јадела спанаќ! Не чини да се топли по вторпат па затоа јас од првпат се ! Со јогурт испотурено...мх мх мх...мераци..лиги ми испотекоа
И јас многу сакам спанаќ,о-б-ожавам! Кога имам спанаќ за ручек сметам дека имам екстра ручек.Знам дека на некои им е чудно ова,ама јас од дете мало си го сакам(тогаш јадев за да бидам силна ко Попај ). Некако ми е поубав без кисело млеко или јогурт,па не ставам никогаш.
Јадам спанаќ, едвај чекав пролет да иде да јадам спанаќ Порано мразев, ама предходнивме 2 години го сасакав