и јас многу сакам спанаќ го јадам најмногу во една манџа шо ја прајт мајка ми.. Знам дек стават спанаќ ориз пиперка домат морков кромид и месо..многу е вкусно ммм ми се пријаде
Спанаќот исто така е богат со витамини. Витамин Е, Ц, К (ги зацврстува коските), железо итн...Не знам дали сте знаеле но спанаќот потекнува од Иран.
Првпат слушам за спанаќ во конзерва. Има по пазарите, има и смрзнат, иако не е препорачлив смрзнатиот, од иста причина поради која не се притоплува веќе приготвен спанаќ.
Спанаќ јадам само на тава со малце ориз, не можам да замислам како го прават течен и каков вкус има а не би ни пробала.
.. ..Спанаќот најчесто го готвам чорбест со мевце,јунешко и малку оривче...а понекогаш и сварен и потпечен со цели јајца...семејството го обожава и на двата начини... ..а кислеото млеко плус е неизбежен додаток...посебно овчото кисело млеко...
Во странство продаваат конзервиран спанаќ. Но незнам дали кај нас продаваат. Секако дека тазе зготвено е подобро, но немам време да готвам дома. А во конзерва е еден вид брза храна.
Мислам дека имам видено во Карфур. Замрзнат спанаќ слободно може да се јаде ако е замрзнат свеж, а не термички обработен. Ако се презагрева веќе еднаш зготвен, па оладен (не мора замрзнат) спанаќ ќе се јават нитрити што можат да бидат штетни, особено за мали деца.
Сакам спанаќ. Има периоди кога ми е слаба крвта, па го форсирам секој 2 ден... и ми здосадува, ама затоа многу ми помага околу недостатокот на железо. Но и без тоа, си го сакам.