Јадев скоро спанаќ во кинескиот ресторан Шангај. Многу беа убави. Ги носат како листови а не како манџа. Ама ептен убави се. Им ставаат некои зачини, ги пржат изгледа итн...
^ Потребни состојки: - 400 грама исчистен спанаќ - 2 доматa со средна големина - 7-8 зелени маслинки - сол - маслиново масло Подготовка: Спанаќот убаво да го измиеш и ќе го оставиш 15-20 минути во сад со вода во кој ќе додадеш две лажици алкохолен оцет. Исечкај го спанаќот што е можно поситно и стави го во сад за салата. Исечкај ги доматите најпрво на половина, а потоа половинките на тенки ленти и додај ги во садот со спанаќот. Прелиј ги со маслиново масло, посоли и добро измешај. Исечкај ги маслинките и расфрли ги врз веќе речиси подготвената салата. Слободно попрскај ја салатата со малку пармезан (доколку јадеш). Bon Appétit
Дали има спанаќ и која му е цената?Не знам дали му е периодот а апла ми се пријаде.Јас многу го сакам и во манџа,и посебно печен,абе мераци
Има спанаќ. Јас купувам од веро 120 денари е негде исчистен. Сега немаат месец дена. Не им стигнало спанаќ изгледа. Имаат но од некоја друга фирма. Јас од Спар си купував.
Кај мене во локалниот маркет веќе некое време постојано има, цената му е окулу 50 денари кило, на пазар могуче е да е и поефтин.
Јадам спанаќ на сите можни начини, го обожавам со јајца пржен, во тава со ориз, во пирошки или во сукано
Не го јадам. А најодвратно ми изгледа испокашкан со павлака или кисело млеко. Не можам ни да глеам, не па да јадам.
Јадам спанаќ, ама најубав ми е како ролат и во средината варено јајце мммм највкусното нешто. А за ручек го јадам со кисело млеко
Јадам спанаќ, нема нешто повкуснооо!.. си јадам и после тоа, цап си имам сила, иста како Попај станувам, мускули наа бабачко! а башка идам и си го тепам Дибек, да!
Хах мама го прави со ориз и пилешко спанаќот лелле најомилена храна ми е жими се и одозгора со кисело млеко или јогурт.