Претходно не јадев спанаќ, а сега почнав и салата од него да си правам со варени јајца, слично како мимоза. Лиснатите банички со спанаќ ги посебно обожавам со јогурт.
Спанаќ ми е помеѓу поомилените зеленчуци. Најмногу ми се допаѓа како пире (во прилог со лути јајца на око ммммм), а обожавам и да го ставам во кајгана. Ми се допаѓа и со ориз. Океј ми е и свеж, но да не преовладува. Превкусен е, преполн со витамини и минерали, нискокалоричен, со релативно доста протеини. Што има тука да не ти се допадне?
Дури сум изненадена како немам пишано во темава. Спанаќ ми стој за едно од најдобрите и најомилените зеленчуци. Има периоди на рано лето кога го јадам скоро секој ден. Дали комбиниран со ориз, дали потпечен или како манџа, со малку јогурт или не, мешан во омлет или печени јајца, во сендвич, за појадок, ручек или вечера, дали пак било во смуди кое ми стој омилено она со спанаќ - нема врска, битно сегде го има. Сега се потсетив со темава дека одамна немам земено и редно е да седнам и да го попасам.
Спанаќ со ориз и мелено мевце + кисело млеко (поделени се мислењата дали иде у комбинација ама јас неможам едно без друго)
Годинава го прејадов. Не ми е нешто посебно, ниту по мерак, ама па здраво е да се внесува и само поради тоа. Скиселена сум дур го јадам.
Не јадам. Имав обиди ко помала и никогаш не го засакав. Не ми е вкусно, не можам со сила да го јадам.
Многу го јадам кога му е сезона, секаков го сакам, во комбинација со јогурт/кисело млеко. Превкусен е.