1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спанаќ

Дискусија во 'Рецепти' започната од bella.gk, 21 ноември 2010.

  1. bella.gk

    bella.gk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми каже некој рецепт со спанаќ ,многу го сакам,ама не знам како да го приготвам...Пишете ако знаете....
     
  2. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Спањак

    Спанаќ се вика, не спањак.
    И да не бидам офтопик, не знам рецепти.Мама готви, а јас го обожавам.
     
    На Maryaaa и esperanca им се допаѓа ова.
  3. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Прво спанаќот се мие и се сецка(како марулата).... потоа се попарува со врела вода да постои неколку минутки... во меѓувреме на шпорет се загрева зејтинот и се пржи главица сецкан кромид... се става спанаќот исцеден од водата и се пржи заедно да сплавне, овене убаво... потоа се става една шолја(од чај таа големина) и продол=ува да се пржи. На крај ставаш вода исто жешка одприлика спрема тавчето ќе видиш да зоврие, и го пикаш да се пече во релна...
    Мене ми оди најубаво со кисело млеко и пилешки џигер.... Абе вредна домаќинка сум, во последно време ме фати мерак за готвење :)
    отоа се става една шолја(од чај таа големина)
    на ориз мислев, и секако се става и сол по желба... ако помогнав на здравје ручекот
     
  4. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Добро си го сменила насловот, а за СПАНАЌ рецепт, најдов само за пире од спанаќ.
    Чистен спанаќ се проварува и после тоа убаво се цеди и водата од варењето се чува. Исцедениот спанаќ ситно се сечка и се става во загреано масло во кое претходно има пропржено лукче и младо кромитче.Се меша и постепено се додава од водата во која се варел спанаќот и се додава сол или вегета, и за да добие густина и една голема лажица павлака( а може и лажица брашно заради густина).
    Може да се стави и магдонос по избор.
    И се меша убаво додека се не се изедначи и стане право пире. Јас сакам само зелник од спанаќ, ама немам поим како се подготвува :|
    Па ако направиш пире напиши дали е вкусно. Поздрав
     
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Јас со спанаќ си правам пржени сендвичи и ми се баш убави. Спанаќот го мијам и малце го подварувам. Потоа ситнам и така пржам заедно со зденки или сиренце пак на парченца. Потоа сечам две лепчиња ко за сендвич и го полнам внатре спанаќот. Ваквите лепчиња ги топам во јајце и пржам ко обично пржено лепче. Мене ми е преубаво со кисело млеко или јогурт после.
     
    На Antebellum, babymama и girl1985 им се допаѓа ова.
  6. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    да ги прашам нешто оние кои оставиле коментар за подготовка на спанаќ зошто го обарувате спанаќот па потоа го пропржувате?може одговор?
     
  7. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Јас сум страшен фан на спанаќот-го обожавама секако,од жив во салата (поготово онаа од Гурмет),до обарен,печен,пропржен ...секаков ;)

    Инаку дома најмногу го спремам класично,како и повеќето девојки (да не обесувам пак да го повторувам рецептот) во тавче со ориз,само што пред да биде готов обавезно му ставам јајца,кога ќе се потпечат...ммм..мераци значи.И наравно кисело млекце по можност Битолско ;)
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Утрово си смислив ново јадење со спанаќ. Полесно - ЗДРАВЈЕ!

    Рецептов го именував, крцкави лепчиња од спанаќ и сирење...
    Сечете неколку кришки леб и од долната страна ги мачкате со малку маргарин и ги ставате во тавче за печење.
    Спанаќот го обарувате во врела вода 1 мин, потоа го сецкате на ситно. Ќе изгмечите малку сирење и ќе го измешате во еден сад заедно со сирењето. Смесата од сирење и спанаќ ја ставате врз кришките од леб и ставате да се пече во загреана рерна 5-10 мин, додека станат крцкави лепчињата...

    Брзо , лесно , едноставно, особено за појадок кога немате многу време да спремите нешто. :)
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Обожавам спанаќ. Алал му вера на оној кој бил толку гладен па почнал да јаде тревишта, затоа што јас дефинитивно ги сакам, особено сега на пролет кога ги има во изобилство :)

    Го подготвувам сосема едноставно. Најпрвин го варам во вода (не многу, отприлика на кило спанаќ една шоља вода). Во моментот кога ќе почне да врие водата додавам околу три - четири грста ориз, додавам уште шоља вода, и го варам 20 минути без да го отворам капакот.
    Отприлика 5минути пред самиот крај правам запршка со ситно сецкан кромид, зејтин, црвен мелен пипер или буковец, црн бибер, едно до две мали лажичиња брашно и запршката му ја додавам на спанаќот со ориз. Зачинувам со малку вегета на самиот крај. Што би рекол Оливер Млакар - и једна жлица вегете :)
    Конзистенцијата би требало да биде чорбеста. Јас лично го сакам погуст па затоа на пример ставам и помалку вода на самиот почеток.

    Оставам да преврие уште едно 5 минути и потоа секако го јадам со кисело млеко и тазе лепче :)

    Исто така правам и полнети пилешки гради со спанаќ и кашкавал.

    Евентуално тестенини со обарен спанаќ залиени со сос од слатка павлака и пармезан.

    Спанаќот многу ми одговара и како гарнир со риба на скара. Го обарувам и мешам со ситно сецкан лук и секако сок од еден лимон. Со тоа и варени компири, и рибата е сон.

    Ах за малку ќе ја заборавев омилената пита со спанаќ и урда. Ах ах.

    Дефинитивно ми фали сега смајли на кое му течат лиги :wasntme:
     
    На MilaP, Divinebutterfly, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Anjichka

    Anjichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    76
    Уфф, уште малце фали за да ми потечат лиги од рецептите на Пирамитка :lol:
    И јас го обожавам спанаќот, го јадам жив во салата со краставици, домати, сирење, балсамико оцет и маслиново масло, во тавче со ориз и кисело млеко :inlove: , во омлет со сирење. А, омилен ми е како гарнир со мноогуу лимон, но без лук :D и лосос ..

    Пирамитке, ај те молам биди добра и сподели го рецептот со нас од питата со спанаќ и урда, звучи мноогу вкусно :) ..
     
  11. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Обожавам спанаќ, едно од омилените јадења ми е :)
     
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Спанаќот го сакам многу и секако...свеж, во салата, зготвен, во супа...
    Имам редовно и свеж, и сув и замрзнат и ми вршат многу работа...во супа додавам сушен, во некоја манџичка со мевце и компир, или ориз обавезно едно до две парчиња замрзнат, свежиот го додавам во сите други салати, по малку, а и редовно го додавам во сендвичињата што си ги доручкувам, 2 листа марула и 2 листа спанаќ...
    Е сега освен што го подготвувам на оној класичен начин,со ориз, и на крајот пред да го извадам додавам јајца цели да се запечат, како јајце на око нели, спремам салата од спанаќ :
    Го миеме спанаќот и го сечеме на покрупно, и по избор или го прпржуваме мин. две на масло, или свеж, го посолуваме, додаваме сусам, малку свежо или мелено лукче, половина морков рендан, сирење, по можност фета, го сецеме на коцки, ги валкаме во буковска сол и сусам, ги додаваме, и додаваме, бразилски или индиски ореви, а ако немате при рака ќе ви завршат работа и обични лупени кикиритки.
    Додаваме 1-2 лажици маслиново масло, 1 лажица соја сос, 2 лажици балсамико ....и воала ....многууу вкусна салатка, па и оброк дури :lol:
    Другото ми е манџичка, која е лесна и вкусна, хранлива, посебно за дечиња е супер, затоа што го менува малку вкусот на спанаќот:
    Ставаме да се пропржи ситно сецкан кромид, рендан морков, пржиме да омекнат. Спанаќот го бариме во врела вода, да постои 5 минутки, го цедиме убаво, го сецкаме многу ситно и го додаваме кај кромидот, пржиме така 2-3 минути, додаваме филџан ориз (не повеќе, дека не треба да гледа на ориз), пржиме уште 3-4 минути, додаваме 250 мл. вода и 150 мл млеко благо. Додаваме вегета, една зеленчукова коцка за супа, еден ситно сецкан морков, пашканат, мала лажичка сенф, поклопуваме и оставаме да крчка половина час до 40 мин на тивко....многу е вкусно...
    И уште една идеја, јас го користам кога сервирам сирење, нели сирењето не го ставам во ордевер, туку посебно, и го сечам на покрупно свежиот спанаќ, го покривам дното на тањирот со него, посолувам малку, ставам сусам, и печурки од тегла, и одозгора ги ставам коцките сирење со чепкалка на нив. Попрскувам малку соја врз спаноќот и е супер декоративно, истово може и со печурки свежи потпечени во фолија, од една страна сирењето наросено со оригано или буковска сол а од друга печурките.... :lol: :tmi:
     
    На babymama, DeMelo, bella.gk и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Beluvce84

    Beluvce84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    71
    eden od moite omielni jadenja so spanak e vaka:
    spanakot se seci na sitno i se obaruva, se cedi i trgnete go nastrana.
    vo tavce se zaprzuva t.e dinsta sitno seckan kromid, morkov seckan na tenki krugovi, i pecurki (pecurki dokolku sakate,a moze i bez niv) seto dinsta i se dodava meleno meso i seto ponatamu se przi dodeka mesoto ja smeni bojata.potoa se dodava i prethodno seckaniot i obaren spanak i seto se mesa i se zacinuva so vegeta, crn biber i malku crven piper(se po zelba) i na tivko se przi uste 2-3min.
    taka prigotveno se tura vo tava koja e prethodno namackana so margarin, a odozgora na smesata se preliva smesa od pavlaka i jajca(znaci pavlakata i jajcata zaedno izmnateni so zica za matenje)
    se peci okolu 20min. na 200 stepeni.

    Mnogu e vkusno!!!
    [mod-kirilica:jwpfkksq][/mod-kirilica:jwpfkksq]
     
    На bella.gk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Aјде дајте рецепт за печен спанаќ ве читам низ темиве за ручек,вечера :D

    Ludoto и Shelea ги чекам,тие само спанак јадат низ темиве :rofl:
     
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Ма и јас јадам спанаќ,омилен ми е ! :inlove:
    Само што немам рецепт за печен спанаќ :worried:
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    :lol: Jас вака го правам, нели ќе го сварам да омекне, ја фрлам водата.
    Cечкам кромид. (јас во блендер го мелам, да биде ептен ситен :) , ставам црвен пипер, значи запршка правам, го турам сварениот спанаќ(ама го сецкам првоо на мали парченца), да си се запржи со ова, го посипувам со ориз една шака ( јас ретко му ставам ориз, повкусен ми е празен)

    му рендам сиренце, го ставам во тепсија. E сега правилно е му се става едно кршено јајце мешано да се измеша и со спанаќот, и млеко, а ако сакаш одозгора уз печење, некаде при крај му тураш и јајца на око,така да се испечат :)

    E сега, јас го сакам мнооогу млечен, така да му ставам пола канче кисело млеко, или шоља голема јогурт, и така си го печан (Oва со киселово и јогуртов си е мој рецепт, така го јадам јас :D )
    A јајца и млеко не турам :)
     
    На MacenceEna, DeMelo, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Ејјј, колку добра идеја да го потпечеш во рерна заедно со кисело млеко. :D Ауу, значи Лудово кога и да ја читам низ Храна и рецепти, обавезно некое богатство откривам. :rofl:

    Пардон на офтопик.

    Јадам спанаќ, под услов да не најдам влакно во него. :tmi:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    38.320
    Пол:
    Женски
    Јас го правам по исти рецепт на Лудото само не му ставам сирење !! Инаку прсти да излижеш е :lol: :lol:
     
  19. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Ako moze nekoja od iskusnite domakici da dade sovet dali moze svez spanak da se zamrzne? I ako moze kako dali da se obari prethodno ili? Do sega ne sum zamrznuvala ama imam dosta pa da ne mi se rasipe,izvinete na latinica
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Спанаќ не се замрзнува, бидејќи со одмрзнувањето се ослободуваат нитратите кои ги содржи и преминуваат во нитрити. Кога нитратите ќе преминат во нитрити, се губи нивната хранлива вредност и стануваат отровни за организмот. Од истата причина веќе зготвен спанаќ не се притоплува повторно, препорачливо е да се јаде ладен. Не знам колку спанаќ имаш, ама тој може да стои во обичен фрижидер можеби и до две недели. Ако имам вишок спанаќ, го чистам (не го мијам) и го чувам во пластичен сад во фрижидер, сум немала до сега проблеми. Спанаќот може и свеж да се јаде, како салата или во смуди, не само зготвен.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.