1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спартак: Крв и Песок (Spartacus: Blood And Sand) [2010]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Sparks, 25 јануари 2011.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Па еве, да отвориме тема и за една од сериите која го доби епитетот "Најконтроверзна".

    Предупредување, серијава е за +18, малолетни лица навистина не треба да ја гледаат.

    Дали некогаш сте се запрашале што се случувало во времето на гладијаторите? Што се случувало во Рим во тоа време? Историјата и историските филмови секогаш ни го сервираат најдоброто од тоа време, но никогаш не се доближиле до вистината, која е се, само не пријатна за очи.

    Оваа серија ни покажува што се случува зад пердињата во куќите во Рим на големите трговци, без цензура. Ни покажува дека човекот е на едно исто интелектуално ниво откако постои и дека всушност тој е најголемиот предатор. Ни покажува дека сплетките, лагите, подмолностите, изневерувањата, сексуалните фантазии, бигамијата, полигамијата биле одсекогаш присутни кај човекот. Ни покажува и какви се средства користат луѓето за да стигнат до нивната цел, какви се оружја кријаат во нивните ракави.

    Серијава е зачинета со многу крв, секс без никаква цензура, алкохол, братопредавство и многу други работи за кои не секој ќе се дрзни да ги снима.

    Првите неколку епизоди се тест епизоди, и затоа се со послаб квалитет, но после третата епизода комплетно се променува серијава на подобро.

    Ако сте со слабо срце - серијава никако. Ако мразите да гледате неправди, исто. Ако не сте љубител на крв, подобро скролајте ја оваа тема.

    Исто морам да признаам дека има преубави мажи.

    http://www.youtube.com/watch?v=yHxn8mTpAJU

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Annath и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Spartacus: Blood And Sand

    ЛЕле колку ја сакам серијава!!! Штета што имаше само 13 епизоди :(
    Ако излезе нешто ново кажувајте. Мислам дека кога ја изгледав првата епизода не можев да престам до 13 иако е доста долги :)
    Многу секси мажина има во филмов :) Мерак да ти е да ги гледаш, и приказната шокирачка е но и ептен вистинита.
    Се најдобро за серијава мислам
     
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Spartacus: Blood And Sand

    ^Има втора сезона, штотуку почна, Gods of the arena се вика, ама не ја гледам, ќе чекам да се досними па после. Нема да можам да издржам инаку да треба на една недела да гледам.

    Штета што го нема главниот глумец, Енди во неа. За жал тој е болен од редок вид на болест на крвните клетки, па затоа не е во можност да снима. Вторава сезона всушност е снимана за времето пред Спартакус да дојде во арената, односно што се случувало и како Батиатус стигнал до онаков господар, како се запознале, зошто некои од гладијаторите се мразат и слично. Нека се досними, па ќе ја изгледам. Во меѓувреме, ако најдам време, ќе ја репризирам прва сезона.

    Серијава поомилена и од Госип ми е. На прво место дефинитивно...
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Лелее баш сакав да ја гледам серијата и навистина е добра но едвај го изгледав траилерот а нели пак да седнам да ги гледам цели епизоди. Премногу крв и сечење неможам да гледам :puke: , гадно, езиво и болно. Сепак ќе си останам на ,,Дневниците на вампирот‘‘.
     
  5. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Јас ни траилерот неможев да го изгледам, мразам да гледам крв... обично на таква сцена се вртам на другата страна, а на оваа серија треба цело време да сум завртена на другата страна... Блазе си му на оној што може такви сцени да гледа, јас сум со слабо срце...
     
  6. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Да, морам да се сложам со спаркс подобра серија немам гледано одамна, супер е серијата, напната, интересна,вистинита, обработува секаква тема, за истрајноста на големата и вистинска љубов, за братската љубов,омразата, како да се стигне преку упорност до целта. Има згодни мажиња, мене посебно ми се допаѓаше Енди, штета стварно што не глуми во втората сезона. Серијата вреди да се погледне. :)
     
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Jaс деветтата епизода (Whore) што се вика, ја имам гледано над 10 пати. Каков пресврт на крајот се направи не спијав вечерта хехе.

    А Енди го сакам многу, премногу. Еднаш го победи ракот, се надевам дека ќе го победи уште еднаш гладијаторски! :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Прекрасен е!
     
    На shiningstar му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Аааа филмов го обожавам, едноставно ме фасцинираат вакви антички филмови.
    Актерите кој од кој по жежок, експлицитни сцени :rock:
    Приказната е фасцинантна, серијва ја изгледав во два дена :D
    Ако имате информации дека е доснимена наредна сезона праќајте линкче :)
     
  9. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Значи кога ќе дојде ПЕТОК !!!!! со друшто се собираме некаде, порачуваме пица и штама....се гледа Спартакус !!!!!! Е вака ја доживуваме серијава.....Дефинитивно една од најдобрите !!!!!! Не цензурирани работи колку сакаш, за тепање да не праиме муабет, а на човек со слабо срце дефинитивно не му ја препорачувам !!!! И на малолетни !!!! Кога кажаа дека втората сезона ќе биде без Спартакус, бев малце онака, си мислев дека ќе ја усерат, али можам да кажам дека НЕ !!!!! серијава се уште возбудува и без главниот лик од првата сезона во неа......

    П.С. ПЕТОК Е !!!!!! 8) :rock:
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас гледав нови 3 епизоди, тие беа без Спартакус, ама беа снимени со истите глумци што ги убија во претходнава сезона нели, ама колку што сфатив овие нови 3 епизоди ги снимале сега и како му претходат на доаѓањето на Спартакус, па после следува Blood and Sand, а за втората сезона кога ќе почне да ја има по нетов не сум информирана така да ако знае некој нека не удостои со одговор :P
     
  11. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    да да баш така мимс.....сега е ова пред времето на спартакус ;) а иначе ја има по нет....можеш да гледаш онлине streeming tuka: http://www.fastpasstv.com/tv/spartacus- ... the-arena/
     
  12. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Кој ја гледаше новата епизода сега во петокот?
    ајјјјј како ја убија :worried:
    Некако не ми беше кој знае што епизодава, онака најнормално........немам некоја посебна импресија....мислења?
     
  13. MissAnn

    MissAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Најдобрата серија дефинитивно! Штета за глумецот кој го глуми Спартак - Енди, се надевам ќе оздраве. Новата сезона почнува 2012 - Spartacus: Vengeance, кој ќе чека до тогаш :(
    Новиот Спартак ќе го глумел Liam McIntyre.
    Се на се одлична серија, полна со неизвесности, крв, убиства, предавства, секс и голотии. :D
     

    Прикачени фајлови:

  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Гледајќи ја серијава добив толку нагони за повраќање што ни шише текила не може да ми причини.

    Започнав да ја гледам затоа што видов само Спартак и мислев филмот е. Го немам гледано па викам ај штом веќе го даваат. Ми стана интересна и почнав да ја следам.
    Но, за жал мислам дека најмногу ме навлече на тоа глумецот.
    Ау!
     
  15. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Така кога се решив сама да ја гледам, првите неколку епизоди ми се видоа доста досадни, а сега.. кога сум втора смена право тргнам накај дома да можам да ја стигнам во 23 часот. :D :D Прво неможев да се навикнам на новиот глумец, некако глупо ми беше али сепак добро си ја врши работата.

    Читав пред некој ден на друг веб сајт, статија зошто ќе ни фали Спартак.
    Па човекот убаво си напишал, дали Римјаните биле крајно садистички настроени, си сечеле делови од луѓе за чиста сатисфакција, си прередувале оргии, те камшикувале чисто од досада и ти ја продале жената за бело робје не бива а да не сакаш да ги гледаш, или цитирано.. не бива а да не ги сакаш нивните гладијаторски игри, софистицизам и елита во време на вајарство. :)

    Чисто само не интересира МТВ ке ја дават последната сезона? Или тешко.
     
  17. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Нема да ја даваат, ептен нова е таа.
     
  18. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    ^ Кога ја најавуваа ми се чини и втората и третата ги спомнаа, не знам баш, не гледам многу телевизија, ама ова сум сигурна дека го слушнав или прочитав.
     
  19. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Мислеа на онаа меѓусезона која ги прикажува настаните во лодусот пред да го заробат Спартак.
     
  20. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Мојата омилена серија. Иако има многу грозни сцени, очите си ги плакнев од крв со убавите мажи што се шетаат скоро голи, па во некои случаеви и скрос голи :rofl: Првата сезона ми остана како најдобра, можеби и поради совршениот глумец, за кој многу ми е жал што почина. Ако сакате серија за суровата реалност без пардон, тогаш веднаш isohunt, zamunda, pirate bay.. :)