1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спас од лебарки

Дискусија во 'Дом' започната од LoLa96, 25 јуни 2021.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.080
    Допаѓања:
    110.792
    Пол:
    Женски
    За десет дена една нема да има :nod:
     
    На LoLa96 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Winna1

    Winna1 Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, дали имате искуства за лебарки и бубашваби и во нови згради или претежно по стариве згради се појавуваат? Ве молам за искуства, со новоградба немаме лично искуство, мака мачиме како киријаши каде и да одиме, нон стоп прскање... Преку глава.
     
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.188
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Машки
    Не зависи од тоа дали е стара или нова зграда, преку канализација идат. На некои места ги има на некои не, во Центар кога живеев, вриеше, а ете во Кисела вода сум неколку години и не се погодило да има.
     
    На Winna1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Има во Кисела Вода зависи каде си точно.
     
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.188
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Машки
    Јас на 3 локации сум бил досега и немало фала богу, можно е да има на други места не велам не.
     
    На Winna1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Winna1

    Winna1 Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ова што се случува во Скопје последниве 2-3 години е катастрофа, претходно сме немале проблем никаков, ама овие последните години се изнамачивме со бубашваби. Ништо не помага досега 2 места сменивме. А јас фобија имам, под стрес сум со бубачкиве цело време.
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.778
    Пол:
    Женски
    Не знаев кај да пишам, ама морам маката да си ја кажам вака во касни саати:D... среќа не бев заспана, нешто ми шушна, уклучувам блиц у сред темница и што да видам...лебарица до мене на друга перница :x Ахх, дефинитивно утре средство ќе земам, ама сеа спиење јок :shake:.
     
  8. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    и кај мене на тераса три огромни протрчаа....се е побудалено...кучиња дрпаат луѓе...:)
     
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.984
    Допаѓања:
    167.798
    alfa neopetroid течност ке земете и ке праскате еднаш месечно
    шо ке дојде ке го најдете наопачки превртено
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Јас сум чула за ова, ама ме интересира колку е опасно/штетно, особено за површини како кујна и слично?
    Сум чула дека е безбедно и дека дури и во градинки прскаат со тоа, ама не знам, сепак во кујна имаш храна, невозможно е скроз изолиран да останеш од прсканото, што знам, размислувам на глас.

    Инаку поефикасно нема мислам од неопитроид алфа ништо.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.984
    Допаѓања:
    167.798
    не е штетно
    се прска доле и горе по кошовите
    не се прска на работна маса
     
  12. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.773
    Пол:
    Женски
    Имаме сериозен проблем со лебарки во цела зграда, до осми спрат. Прскаше фирма во зградата, ама не и внатре во становите, па така сега цела зграда среќно си живееме со црни мали домашни миленичиња.
    Кажувајте каква е процедурата да се алармира во Град Скопје за наездава, вака веќе не се живее...
     
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Никаква, џабе е.
    Нема шанса град Скопје да реагира, вие сте си заедница на станари и не е надлежен за вас.
    Дури не се испрска секаде и не се уништи гнездото џабе е.
    Морате да се соберете сите станари и да си најдете добра фирма, да направи проценка од каде би можеле да доаѓаат и да се испрска во сите станови, заеднички простории, подруми, поткровја, секаде буквално.
    Да се прска само ходник и еден стан е џабе. Ако ги има кај комшиите секако ќе си се множат и шетаат.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Лебарките се кафеаво/жолтеникави.
    Ако се црни, имате бубашваби...

    Физички затворете ги сите отвори од кои може да доаѓаат, пример околу цевки и слично...
    и после тоу викнете си фирма да ви испрскаат убаво дома.

    Помала ќе биде веројатноста да ви влегуваат, а и тие што ќе влезат ќе умираат многу брзо.

    Зависи со што ќе испрска фирмата, договорете се убаво - некои од опциите шо ги имаат за прскање имаат дејство со месеци.
     
    На Antebellum и Celltica им се допаѓа ова.
  15. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Дечки, ова е лебарка или бубашваба?
    И како сте задоволни од еко чистота за дезинсекција?
     

    Прикачени фајлови:

  16. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.176
    Бубашваба возрасна со оотека, што значи дека треба да си очекувате внучња бубашваби, јавете се и во центар за јавно здравје, мислам дека и тие имаат ДДД служба.

    Исто така, кога ги убивате, немојте да ги гмечите, пипс и во канта/шоља. Оти бубашвабите осеќаат мирис на мртви бубашваби и доаѓаат по мирисот (ги јадат умрените бубашваби).
     
  17. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.998
    Допаѓања:
    3.736
    Пол:
    Женски
    Во последните неколку денови кога се стопли времето приметив премногу муви дома и тоа од оние големите, млитавите. Што можи да е? Насекаде буквално не во некоја просторија посебно..
     
  18. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Веднаш штом ја видов ги викнав еко чистота, цела зграда ја испрскаа со дракер и назор мислите дека е доволно или да ги викнам и овие од јавно здравје??
    И многу важно, дали се качуваат нагоре по маси дрн дрн?
    Цела се ежам!
    Инаку накај 12 испрскаа ниедна мртва освен оваа не видов, дали е неуспешно прскањето?
     
  19. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.176
    Фино што испрскале, ако нема кај вас не значи дека нема кај комшиите умрени. Еве кај нас имаше буквално дувло у комшии, а кај нас годинава дојдени се едвај 15. Ама коа викам дувло, коа се качив кај нив на спрат, само од врата глеаш 20 бубашваби како шетаат по скали (под покрив умреле гулаби и овие си напраиле мала фешта).
    Не се секирај, него јас да сум, ќе земам и ќе ги затворам дупките по дома со силикон, дупки како околу цевките од парно, а ние прскаме со раид влезната врата и вентилација по потреба.
    Не ги мисли толку многу.
     
  20. Butterfly30

    Butterfly30 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Не ми го отвара линкот ,ќе може ли рецепт :rofl: